МНР: Процесот на проширување на ЕУ мора да биде предвидлив и заснован на критериуми - Канал 5

МНР: Процесот на проширување на ЕУ мора да биде предвидлив и заснован на критериуми

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја реафирмира својата јасна позиција: процесот на проширување на Европската Унија мора да биде предвидлив и заснован на објективни, мерливи критериуми.

МНР: Процесот на проширување на ЕУ мора да биде предвидлив и заснован на критериуми

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја реафирмира својата јасна позиција: процесот на проширување на Европската Унија мора да биде предвидлив и заснован на објективни, мерливи критериуми, дефинирани во Копенхашките критериуми. Преговорите треба да се водат врз основа на заслуги.

Министерот Тимчо Муцунски во повеќе наврати истакна дека државата направи значајни и тешки компромиси во изминатите три децении, вклучувајќи уставни измени, промена на името на државата и други суштински реформи, со цел приближување кон Европската Унија. Сепак, и покрај овие напори, процесот на пристапување останува блокиран поради билатерални спорови, што го поткопува кредибилитетот на Унијата и ги охрабрува деструктивните наративи во регионот.

Во оваа прилика ја нагласуваме неопходноста ЕУ да обезбеди институционални гаранции дека билатералните прашања нема да бидат инструментализирани за блокирање на пристапниот процес. Само на тој начин може да се обезбеди транспарентен и предвидлив процес на интеграција, кој ќе ја зачува довербата на граѓаните во Унијата и европската перспектива на нашата држава, информираат од МНР.

Честит Велигден-Христос Воскресе

Канал 5 телевизија на сите христијански верници им го честита најголемиот празник Велигден. на вработените и на сите верници од православна вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба.

Честит Велигден-Христос Воскресе

На сите верници од православна и католичка вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба им посакуваме Честите Велигден.

-Христос Воскресе -Навистина Воскресе!

Денес се слави најсреќниот христијански празник, симбол на нов почеток и вечен живот во верба и мир. Честит Велигден!

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Група храбри истражувачи решиле да се спуштат во најдлабоката  пештера во САД, а снимката е застрашувачка и неверојатна.

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Имено, тие не само што се спуштија и се вратија, туку после тоа решиле и да го повторат неверојатниот подвиг.

Двајца Јутјубери од каналот ActionAdventureTwins споделија снимка од спуштање камера во пештерата на нивниот профил.

Ова е фантастичната јама во пештерата Елисон во округот Вокер, која се смета за најдлабока јама за слободен пад, со пад од неверојатни 179 метри.

Како што вообичаено се случува во современиот свет, истражувачите од каналот ActionAdventureTwins решиле таму да поминат „повеќе од 12 часа“, а со својата камера снимаа се, па со тоа ги одведоа своите претплатници во авантура која нема лесно да ја заборават.

На снимката се гледа како GoPro камерата се спушта во длабочините на темната пештера. На целата ситуација не ѝ помага ниту тоа што и камерата полека се ротира како резултат на тоа што е спуштена на долга жица закачена на електрична дупчалка.

Некои беа фасцинирани од длабочината на пештерата, додека други истакнаа дека само чекаат некое страшно суштество да се појави и излезе од длабочината на јамата.

YouTube video

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Долф ручал со сопругата 28 годишната Ема Крокдал и ќерките Ајда Лундгрен (28) и Грета Лундгрен (22) во медитеранскиот ресторан Авра во Беверли Хилс.

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Сите биле во опуштени модни комбинации.

Долф носи фармерки и црна маичка, над која има кошула во иста боја. Неговата сопруга исто така носи фармерки и црна маица.

Инаку мајка на Ајда и Грета е Анет Квиберг, која беше во брак со шведскиот актер од 1994 до 2011 година.

Актерот познат по своите улоги во акциони филмски хитови инаку во брак е со 40 години помладата Ема од јули 2023 година додека водеше битка со ракот. на неговата битка со ракот.

Долф Лунгрен ја доби битката со тешката болест .

Во ноември 2024 година, Лундгрен на Инстаграм откри дека неговата битка со ракот е завршена.

притисни ентер