МНР побара од Софија да се огради од изјавите на Џамбаски и Костадинов

Македонското МНР побара од официјална Софија да се огради од како што велат, недолични изјави на политички фигури од Бугарија... 

МНР реагира до официјална Софија за антимакедонските провокации во Скопје од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и лидерот на Преродба Костадин Костадинов. Двајцата бугарски политичари на вчерашното одбележување на 95 годишнината од смртта на Мара Бунева во центарот на Скопје упатија иредентистички пораки, а на собирот меѓудругото се скандираше дека „Македонија е Бугарска“, македонските политичари пак, беа наречени србомани. Од МНР велат дека со големо внимание ги следат ваквите изјави на како што велат одредени маргинални политички фигури од Бугарија чии провокации продолжуваат, без да се води сметка за напорите кои ги вложуваат Македонија и Бугарија за одржување на конструктивната соработка во билатералните односи.

„Министерството, по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји“, соопштија од МНР.

Реагираа и дел од политичките партии. Од Македонски Концепт бараат да се преземат институционални мерки против Џамбаски, по како што велат, неофашистичките напади врз уставниот поредок на Македонија и негирање на сè што е македонско од негова страна. Осуда дојде и од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, од каде велат дека ваквите пораки доаѓаат поради политиката на власта.

Сепак, дел од политичките аналитичари во земјава сметаат дека државата не треба да преземе сериозни чекори против оваа група. Според аналитичарот Петар Арсовски треба да се провери дали провокациите доаѓаат од мала група граѓани или пак ги претставуваат официјалните политики на Бугарија.

„Ги гледам провокациите кои доаѓаат од тие неколкумина кои беа таму собрани. И сега, прашањето е како македонската страна треба на тоа да реагира. Јас не сум застапник на тезата дека ние околу тоа треба да правиме некаква преголема драма или некакви пресериозни реакции, од две причини. Прво, на балканот нема недостаток на националисти. Поентата е дали се тие маргиалци или ја претставуваат main stream бугарската политика. Ние се бориме за тие да останат маргиналци“, вели Арсовски.

Џамбаски и Костадинов и се познати на македонската јавност по честите настапи во кои упатуваат иредентистички пораки и навреди за македонскиот народ и за политичарите во земјава. Македонското МНР до сега во неколку наврати упати официјални ноти до Софија, но без ефект. Последната провокација беше за време на отворањето на бугарскиот културен центар во Скопје, каде бугарскиот пратеник и лидер на Преродба порачаа дека Македонија и Бугарија треба да бидат една држава, во таа прилика премиерот Ковачевски истакна дека политичари како Џамбаски и Костадинов се непожелни во државава.

Сончево со слаб северен ветер и температури од 15 до 21 степен

-Утрово е сончево со мала локална облачност. Во повисоките места дува слаб ветер претежно од северен правец, информира УХМР.

Минусни температури утрово се измерени во Берово (-3) и во Лазарополе (-2 степена). Како што соопшти УХМР, 0 степени се измерени во Битола, Попова Шапка и Маврови Анови, 1 степен во Скопје - Петровец, Крива Паланка и Струмица, 2 степена во Тетово, Прилеп и Претор, 3 во Крушево, Охрид, Штип и Куманово, 4 во Скопје - Зајчев Рид и Виница, 5 во Гевгелија и 6 степени во Дојран.

-Утрово е сончево со мала локална облачност. Во повисоките места дува слаб ветер претежно од северен правец, информира УХМР.

Во текот на денов ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Централната банка на САД ги покачи каматните стапки и покрај глобалните банкарски потреси

Федералните резерви (Фед) синоќа ги покачија каматните стапки за четвртина отсто.

Федералните резерви (Фед) синоќа ги покачија каматните стапки за четвртина отсто, сигнализирајќи дека постои спремност за запирање на понатамошно покачување на чинењето на кредитите, а откако имаше потреси на финансиските пазари предизвикани од колапсот на две американски банки.

Основната каматна стапка за еднодневни депозити е фиксирана од 4.75 до 5.00 отсто. Ова беше девето зголемување досега во напорите на Фед (Централната банка на САД) да се намали инфлацијата во изминатите две години.

Во однос на ненадејните банкротства неодамна на двете крупни банки, Silicon Valley Bank (SVB) и Signature Bank, Фед во својата изјава повеќе не напоменуваат за можноста од понатамошно покачување на стапките.

Главните барзи во САД сепак не беа убедени во тоа и тргувањата вчера завршија во негатива.

Трејдерите се поделени во мислењето дали Централната банка навистина ќе запре со циклусот покачувања на каматните стапки, бидејќи властите на САД бараат начини да се зцврсти финансиската стабилност, а исто така и ги решаваат проблемите со кои се судира и First Republic, уште една голема банка.

Седница на Уставниот суд

Три иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права се на дневен ред на 10. седница на Уставниот суд

Три иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права се на дневен ред на 10. седница на Уставниот суд, закажана за денеска со почеток од 9:30 часот.

Во продолжение дневниот ред:

1. Реферат У.бр.100/2022

Оспорени одредби: Член 35 став 1 во деловите „во рок од десет години” и „шест години” и став 2 од Законот за експропријација.

Подносител на иницијативата: Славко Лазоски

Содржина на оспорени одредби:

Член 35

(1) По барање на поранешниот сопственик ќе се поништи правосилното решение за експропријација во целост или делумно, ако во рок од десет години не е реализирана целта заради која е извршена експропријација за градење објекти, односно изведување на работи од значење за Република Северна Македонија, односно шест години за градење на објекти или изведување на работи од локално значење.

(2) Барањето за поништување на решението за експропријација може да се поднесе по истекот на роковите од ставот 1 на овој член, но најдоцна до 15 години од денот на правосилноста на решението за експропријација.

Од наводите во иницијативата:

Противуставноста на оспорените законски содржини подносителот ја објаснува со наводи дека во ситуација кога актот за планирање на просторот со кој е воспоставен јавниот интерес престанал да важи, а престанала и оправданоста за одземањето и ограничувањето на сопственоста и на правата коишто произлегуваат од неа. Согласно овие наводи тој смета дека и решението за експропријација е ставено вон сила, па во тој случај не треба да постојат рокови во кои може да се бара поништување на правосилното решение за експропријација, ниту решението треба да се поништува по барање на оштетениот и обесправениот поранешен сопственик на недвижноста, туку по службена должност.

2. Реферат У.бр.129/2022

Оспорен: Оспорен: Точка 37 од став 1 на член 132 од Законот за безбедност на храна.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Оспорената одредба предвидува глоба во износ од 3000 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече за прекршок на правното лице ако не ги отстрани констатираните неправилности утврдени со решението, наведува подносителот. Се наведува дека не е пропишана состојбата на утврдени неправилности и поради тоа оваа одредба може да доведе до неконзистентно толкување при нејзина примена.

3.Реферат У.бр.21/2023

Оспорен: Член 22-б и член 27-б од Закон за превоз во патниот сообраќај

Подносител на иницијативата: Сашко Стојиловски

Од наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека оспорените одредби се во спротивност со владеењето на правото, слободата на пазарот и претприемништвото опфатени во членовите 8 и 55 од Уставот, како и дека се во спротивност со членот 5 од Законот за јавни набавки кој го опфаќа начелото на конкуренција помеѓу економските оператори.

Подносителот на иницијативата наведува дека исходот од направените законски измени на Законот за превоз во патниот сообраќај е секогаш само еден оператор да ги исплнува условите и да учествува во постапките за јавни набавки, односно сите други кои учествуваат во постапките за јавни набавки понудите им се одбиени бидејќи не го исполнуваат условот да ја поседуваат дозволата која ја наметнува законот иако нудат и подобри услови за учениците, а пред се цени далеку по конкурентни.

1.Реферат У.бр.18/2023

Оспорено: Известување од Националниот совет за медијација од 25.11.2022

Подносителка на барањето: Сандра Рилкова

Од наводите во барањето:

Подносителката наведува дека повредата е сторена од Националниот совет за медијација со дејствие на непостапување по нејзино барање за издавање на лиценца за медијатор. Во барањето се наведува дека на подносителката како примател на социјална помош и фактот што не била член на владејачката политичка партија и е сторена повреда на правото на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на социјална и политичка припадност, утврдени во член 110 алинеја 3 од Уставот.

притисни ентер