МНР:Бугарија не направи доволно да ги спречи радикалните поединци на Деве Баир - Канал 5

МНР:Бугарија не направи доволно да ги спречи радикалните поединци на Деве Баир

И покрај искажаната волја, Бугарија не направи доволно напори да ги спречи радикалните поединци на граничниот премин Деве Баир, реагираа денеска од македонското Министерствот за надворешни работи.

МНР:Бугарија не направи доволно да ги спречи радикалните поединци на Деве Баир

И покрај искажаната волја, Бугарија не направи доволно напори да го спречи агресивното однесување на радикалните поединци на Деве Баир, а за скандалозните навреди од европратеникот Јорданов кон македонскиот народ ќе биде известен Европскиот Парламент- соопшти македонското министерство за надворешни работи. За деескалација на тензиите очекуваат бугарските власти јавно да ги осудат сите провокации кои доаѓаат од бугарска страна.

„Со жалење, констатираме дека радикални поединци, претставници на организации и политички партии во Бугарија продолжуваат да изразуваат територијални претензии кон Македонија и континуирано го нарушуваат достоинството на македонските граѓани, македонскиот народ и државата.

Реакцијата на МНР доаѓа по вчерашните случувања на граничниот премин, кои потоа се префрлија и на социјалните мрежи. Бугарскиот европратеник Александар Јорданов, кој беше и амбасадор во земјава, на Фејсбук со низа пцости и навреди за Македонците, а порача и дека за Македонија немало место во Европската Унија.

„ Нема иднина за такви комунистички копачи како вас – титовисти, црвени ѓубриња, југословенски партали. Многу долго ќе висите пред портите на Европа, многу долго. Ќе клечите пред нив додека не ви пукнат тиквите за историската вистина дека сте срамни наследници на достојни македонски Бугари. “ - стои во објавата на Јорданов.

Иако во текот на вчерашниот ден сите навреди доаѓаа од бугарска страна, тамошното Министерство за надворешни работи даде оценка токму бугарскиот народ бил понижен затоа што граѓаните кои тргнале накај Скопје да положат цвеќе не биле пуштени на граница.

Односите на релација Скопје-Софија се искомплицираа по низа случувања, потребно е дипломатски и со смирени страсти да се надминат сите проблеми, оценува новинарот Жарко Јордановски.

За роденденот на Гоце Делчев вчера бугарскиот министер за внатрешни работи Демерџиев кажа дека било договорено да се чествува заеднички, но од македонското МНР демантираат. Велат дека досега мешовитата историска комисија воопшто нема дадено таква препорака.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања во Собранието

Опозициската СДСМ бара повлекување на предлог законите за средно и основно образование и организирање на нова јавна расправа.

Опозициски пратенички прашања во Собранието

Од седницата за ошпозициски пратенички прашања обвинија дека предложените измени се крајно спорни и дека ќе доведат до отпуштање на наставен кадар и затворање на училишта. Ресорната минситерка пак категорична дека Законските решенија се добри. Посочи дека најавената отиматизација е во насока на поквалитетна настава, а измените предвидувале преуредување на начинот на работа на училишттата, а не отпуштање на кадар.

На седница прв јавен настап имаше и новоизбраниот министер за туризам и култура Седат Сулејмани кој беше запрашан за застапеноста и проектите насочени кон турската зедница во културните институции.

На седнциата пратениците од опозицијата бараа одговори и за евроинтегративниот пат на земјава. Според нив пораките од Брсиел се јасни дека моментумот за проширување е сега и побараа власта да го искорист тоа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случај „ТАЛИР 2“: За ВМРО-ДПМНЕ правда, за СДСМ доказ за контролирано судство

За ВМРО-ДПМНЕ правда, за СДСМ доказ за контролирано судство –власта и опозицијата со спротивставени ставови по вчерашната пресуда за случајот „Талир 2“, со која екс премиерот Никола Груевски доби ослободителна пресуда.

Случај „ТАЛИР 2“: За ВМРО-ДПМНЕ правда, за СДСМ доказ за контролирано судство

За ВМРО-ДПМНЕ правда, за СДСМ доказ за контролирано судство –власта и опозицијата со спротивставени ставови по вчерашната пресуда за случајот „Талир 2“, со која екс премиерот Никола Груевски доби ослободителна пресуда, а беше одбиено барањето за конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање изјави дека за партијата, пресудата е во согласност со правдата, додека за ослободувањето на Груевски, вината ја гледа во претходната влада на СДСМ и ДУИ и измените на Кривичниот законик донесени во нивно време.

- Што се однесува за другиот дел од пресудата и лицето кое е опфатено со другиот дел од пресудата, од она што можев да го прочитам од одговорот на Кривичниот совет при Основниот суд, можам да заклучам дека станува збор за последица од законските измени во Кривичниот законик донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ и како резултат на тие законски измени, ние кажавме во минатото, многу политички амнестии имаше, но многу политички амнестии и ќе следат. За жал, еднаш кога ќе направите грешка, таа грешка станува правило и ве следи. А што се однесува до најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека правдата е задоволена, посочи Мицкоски.

Според опозициската СДСМ, пак, Мицкоски го спасил Груевски за „Талир 2“ и го вратил, како што велат, криминалниот имот на партијата. Од „Бихаќка“ реагираат дека судството и обвинителството се под директна контрола на Мицкоски и власта, а Груевски според нив продолжува да ужива, без да се соочи со одговорноста и без за него да се бара екстрадиција од Унгарија.

-Судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО. “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Сега на сите граѓани им е јасно зошто ја тргнаa Ленче Ристовска, зошто и беа одземени овластувања, зошто таргет беа судии и обвинители, сите поврзани со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, изјави Кузеска.

Инаку, образложувајќи ја одлуката за „Талир 2“ вчера судијката Даниела Алексовска Стојановска кажа дека истата е резултат на измените на КЗ од 2023, со кои се овозможи побрзо застарување на делото злоупотреба на службена положба и дека откако обвинителството го променило обвинението доказите останале непроменети, односно дека обвинителството не докажало дека Грувески го сторил делото со пречекорување на своите овластувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бегалецот од Полициската станица во Кочани, Александар Лазаров – Цуната, синоќа е уапсен во Скопје

По четири дена во бегство, полицијата повторно го уапси Александар Лазаров – Цуна, кој успеа да избега од Полициската станица во Кочани. 

Бегалецот од Полициската станица во Кочани, Александар Лазаров – Цуната, синоќа е уапсен во Скопје

По него беа распишани централна и меѓународна потерница, а МВР соопшти дека бил лоциран и лишен од слобода во Скопје, по што е спроведен во полициска станица за понатамошна постапка.

-Вчера по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик,- изјави – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Лазаров беше приведен во петокот поради сомнение за кривично дело поврзано со недозволена трговија со дрога. Но, додека се наоѓал во полициската станица во Кочани, успеал да избега преку прозорец по што во јавноста се отворија сомнежи за евентуални пропусти во полициското постапување. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека ќе биде спроведена внатрешна контрола за да се утврди како дошло до бегството и дали имало пропусти или одговорност кај полициските службеници кои биле задолжени за негово обезбедување.

-Со пронаоѓањето на бегалецот не завршува и нашата обврска за целосно расчистување на случајот. Внатрешната истрага продолжува и секој што со постапување или непостапување придонел за овој настан ќе сноси одговорност согласно закон и утврдените процедури.- -Александар Јанев – Директор на БЈБ.

По приведувањето Лазаров повторно ќе биде изведен пред надлежните органи, а истрагата продолжува и во делот на околностите под кои успеал да избега од полициската станица. Инаку тој беше спомнат и на судењето за трагедијата во Кочани, кога сведок го наведе како „главен дилер на дрога“ во дискотеката „Пулс“, кој бил повеќепати апсен и пуштан.

Во меѓувреме продолжија и политичките препукувања. Од СДСМ претходно оценија дека бегството е доказ за сериозни пропусти во безбедносниот систем и побараа политичка одговорност. ВМРО-ДПМНЕ пак ја поздрави брзата акција на полицијата, оценувајќи дека МВР покажало професионално постапување и бескомпромисна борба против криминалот. Според нив, со приведувањето на Лазаров се демантираат обвинувањата на СДСМ дека министерот Панче Тошковски сакал да му овозможи слобода.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер