Момче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авион
2Момче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авион
КошаркаМнозинството кошаркарски прволигаши бараат дозвола за шест странциПет клубови од Првата македонска кошаркарска лига излегоа со предлог кој беше усвоен на Здружението на прволигаши, наместо досегашните четири, идната сезона да смеат да играат шест странски кошаркари. Позитивно за овој предлог се изјаснија претставниците на МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Лирија, Карпош Соколи и Пелистер. Фени Индустри се согласи на ваквото барање, но со услов на теренот во секој момент да има барем двајца македонски играчи. Против зголемување на бројот на странски кошаркари беа Вардар и Струмица, а ови две екипи дури побараа намалување од четири на три кошаркари кои доаѓаат надвор од Македонија. Воздржан беше претставникот на Работнички. Барањето на прволигашите ќе биде испратено до Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), по што ќе се знае дали ќе се смени или ќе остане иста ситуацијата со бројот на странски кошаркари во домашните клубови. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Талир 2“ е пред Апелација, случајот за Груевски застарува за три неделиЖалбата на Обвинителството на ослободителната пресуда за Груевски за „Талир“2, стигнала во Апелација.Од Кривичниот суд велат дека списите за предметот вчера се доставени до апелацискиот суд.. Пресудата на 31 јули била доставена до сите странки, а на 5 август Обвинителството ја обжалило. По приемот на жалбата од страна на сите странки, предметот е доставен до Апелациониот суд скопје за понатамошно постапување, велат од кривичниот суд. Сепак, случајот против Груевски за обвинителството е веќе изгубен затоа што за три недели застарува. Евентуално можно е да предизвика евентуална промена околу конфискацијата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, вредна 14 милиони евра и останатиот имот од 2 милиони, ко беше замрзнат со предметот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаСДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од СтоилковиќНародот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски.Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ. Мицкоски дури и на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“. Подолго време тече оркестрирана кампања на омраза и навреди по директива на началникот на Мицкоски - Драган Павловиќ Латас. Навредите на Мицкоски: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говори за македонскиот народ - сега оди во уште полоша форма. Ниво на сеење омраза и бес. Криминалната организација ВМРО и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник. Зборовите што ги користат не можеме сите да ги изговориме поради нашата култура. Само неколку ќе споменам: • кловновска дружина • комуњарско коњиште • духовен изрод • евтин хохштаплер • смешен кловн со две леви нозе Ова е дел од јазикот што го користат иако има многу пониски зборови, полни со најпримитивни навреди и омраза. И вакви текстови Иван Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил. Тој е министер во Владата на Христијан Мицкоски! Ваквите зборови доведоа до напад на деца во Ново Село - само затоа што носеа транспарент на вистината, а тоа е дека водата е загадена во Гостивар. Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век. Фашистички методи во 21 век во Македонија. Српскиот свет на Вучиќ влегува на мала и на голема врата. Ова е лицето на криминалната власт која ја држи земјата во изолација. Која нема резултати и повеќе нејзините лаги не поминуваат. Прочитани се! Македонија нема ова да го дозволи. Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата! Македонија ќе победи! Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМомче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авионМомче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи. Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило. Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава. Во владиниот авион ќе има и медицински тим кој ќе ја следи состојбата на повредениот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter