Мноштво американски компании цел на софистициран кибер напад - Канал 5

Мноштво американски компании цел на софистициран кибер напад

Хакери вчера ја нападнаа американската компанија „Касеја" за да побараат пари од потенцијално можеби и илјада компании покриени со нивниот софтвер, што како првична директна последица го имаше исклучувањето на околу 800 продавници на „Coop" во Шведска

Мноштво американски компании цел на софистициран кибер напад

Нападот ги парализираше фискалните каси во "Coop", еден од најголемите синџири на супермаркети во Шведска, што вчера мораше да ги затвори вратите за купувачите.

Се уште не е можно да се процени големината на нападот.

Наречен „рансомвер" или софтвер за уцена, овој вид на ИТ програма ги користи безбедносните слабости на компанијата или личноста за да ги парализира нивните ИТ системи и потоа да бара откуп за да ги деблокира.

Компанијата „Касеја", што кибер нападот го нарече „софистициран", соопшти дека нападот е ограничен на „многу мал број клиенти".

Компанијата во петокот вечерта објасни дека открила можен инцидент на својот софтвер ВСА, пред продолжениот викенд, а потоа процени дека „се погодени помалку од 40 клиенти ширум светот", иако, тие, меѓутоа, им даваат услуги на други компании.

Според „Хантрас лабс", компанија специјализирана за безбедност на информациите, „повеќе од 1.000 компании се погодени од нападот".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина забрани извоз на хелиум, клучен елемент за производство на чипови

Кина денеска објави дека привремено го забранува извозот на хелиум, клучен елемент за производство на чипови, бидејќи ескалацијата на војната со Иран дополнително ги нарушува глобалните синџири на снабдување.

Кина забрани извоз на хелиум, клучен елемент за производство на чипови

Кинеското Министерство за трговија и Царинската управа во кратко соопштение изјавија дека, во согласност со одредбите од Законот за надворешна трговија на Народна Република Кина, воведуваат привремена забрана за извоз на хелиум со непосреден ефект. Причините за таа одлука не беа дополнително објаснети.

Хелиумот е клучен за производство на полупроводници, а се користи и во медицината, на пример за ладење на уреди со магнетна резонанца. Откако започна војната со Иран на крајот на февруари, глобалното снабдување со хелиум е сериозно нарушено, а цените значително се зголемија.

Катар обезбедува една третина од светското производство на хелиум

Според проценките наведени во анализата на консултантската фирма Trivium China, самата Кина произведува околу 15 проценти или помалку од своите потреби за хелиум, додека увезува поголем дел од него од Катар, кој обезбедува околу една третина од светското производство.

„Кина се обидува да ја заштити својата индустрија бидејќи глобалното снабдување со хелиум стана екстремно ограничено“, рече Гари Нг, виш економист во француската банка Натиксис.

„Овој вид мерка за контрола на извозот е првенствено насочена кон заштита на домашната индустрија, особено затоа што хелиумот е клучен за производството на чипови“, објасни Нг. Тој додаде дека целта на мерката е поверојатно да обезбеди доволни количини за домашните потреби отколку да постигне политички цели.

Технолошката конкуренција со САД дополнително се интензивира

Одлуката доаѓа во време кога Кина брзо ги развива своите капацитети за производство на чипови и вештачка интелигенција, додека технолошката конкуренција со САД се интензивира.

Камерон Џонсон, виш партнер во консултантската фирма „Тидалвејв Солушнс“ со седиште во Шангај, рече дека не е познато кога глобалното снабдување со хелиум ќе се врати во нормала. „Фактот дека Кина сега го забрани извозот ми кажува дека тие проценуваат дека едноставно нема доволно хелиум за сè што сакаат да постигнат“, рече Џонсон.

Сепак, Гари Нг истакнува дека Кина не е голем извозник на хелиум, па затоа „оваа одлука веројатно нема да има значаен глобален ефект“, иако поради постојните прекини во снабдувањето, таа би можела дополнително да го зголеми притисокот врз светскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Поставена е нова водоводна и канализациона мрежа во месноста Моклиште

Целосно завршен е проектот кој опфати поставување нова водоводна и канализациона мрежа во должина од 6,4 километри во месноста Моклиште како и резервоар со капацитет од 150м3.

Јанчев: Поставена е нова водоводна и канализациона мрежа во месноста Моклиште

Со ова се обезбедува стабилен и квалитетен систем за водоснабдување и канализација за жителите, но и за околу 400 нови викенд куќи. Овој проект е вреден 1 милион евра – финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Локалната самоуправа.

Општина Кавадарци продолжува да инвестира во модерна комунална инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се одрона карпа на позната плажа во Грција- туристите уживаат, кога наеднаш почнаа да паѓаат камења (ВИДЕО)

На познатата плажа Миртос на грчкиот остров Кефалонија се случи лизгање на земјиштето, кога дел од падината над брегот се урна, исфрлајќи големи камења и земја на плажата.

Се одрона карпа на позната плажа во Грција- туристите уживаат, кога наеднаш почнаа да паѓаат камења (ВИДЕО)

Инцидентот е снимен на видео објавено на TikTok. На него се гледаат големи камења и големи количини земја како се откинуваат од падината и паѓаат кон брегот, исфрлајќи густ облак од прашина во воздухот.

@tinabest2005 Μια συνηθισμένη μέρα στο νησί.. 🇬🇷😎 #kefalonia #myrtosbeach #greece #rocks ♬ πρωτότυπος ήχος - Smastoras

Иако лизгањето на земјиштето се случило кога на плажата имало пливачи, според достапните снимки, се чини дека не предизвикало поголема паника или сериозни последици кај луѓето во областа.

Како што покажуваат другите снимки објавени на социјалните мрежи, лизгањата на земјиштето на оваа плажа не се невообичаени. Само пред неколку дена беше забележан сличен инцидент, кога камења паднаа на плажата и во морето, додека пливачите беа на кратко растојание.

@evakingsbury Go to Myrtos beach, they said, it doesn’t feel dangerous, they said! No it’s not actually that dramatic. This only happened a couple times while we were there but as long as you don’t sit under the cave you’re fine. GORGEOUS beach anyway #sunset #myrtos #kefalonia #beach #rocks ♬ original sound - WherEva next?

На тој дел од плажата е објавено и предупредување, со кое се информираат посетителите за ризикот од можни лизгања на земјиштето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер