ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
2ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
ЖивотМногумина избираат вакви кујни, а дизајнерите ги сметаат за најлошиИако повеќето ќе се согласат дека кујната е срцето на домот, трендовите што ја обликуваат се менуваат побрзо од кога било.Кујнските елементи и работните површини даваат најголем естетски печат на секоја кујна, а нивните стилови се менуваат со голема брзина. На пример, целосно бела кујна беше апсолутен хит до неодамна, додека денес многу дизајнери ја сметаат за застарена „Луѓето сакаат варијации, нешто што им изгледа природно и специфично за нив и нивното семејство“, додава тој. Подолу ви претставуваме седум трендови на кујнски елементи и работни површини кои во 2026 г. излегуваат од мода во 2026 година и идеи со што да ги замените, пишува порталот The Kitchn. Црно-бели контрасти Високиот контраст со црна и бела боја, полека ја губи популарноста. „Иако безвременски, тој стил делува малку стерилно за сопствениците на домови кои копнеат по топлина“, вели Ребека Марфи, ко-основач и архитект во Murphy & Moore Designs. „Денешните клиенти повеќе ги привлекуваат простории со поголема длабочина и приказна“. Наместо остри контрасти, популарно станува слоевитото нижење на тонови, како што се орманчиња обоени во топли неутрални нијанси, меки глинени тонови, со пригушена зелена или сина боја. Целосно бели кварцни плочи Иако се лесни за одржување, целосно белите кварцни плочи повеќе не се прв избор бидејќи можат да направат кујната да делува негостољубиво и безлично. Наместо тоа, дизајнерите препорачуваат површини со нежни жилички или суптилна текстура, кои делуваат поорганско и поатрактивно. Бели мермерни плочи Истото важи и за белите мермерни плочи. Сопствениците на домови се пореални во однос на одржувањето, тие бараат трајни решенија, кои не ги прават нервозни додека го живеат својот живот. Љубителите на мермер сега се свртуваат кон посмели плочи со драматични шари и впечатливи бои. „Чоколадните кафеави тонови ќе бидат присутни уште некое време, заедно со другите текстури со зелени, теракота или вински тонови засновани на неутрални бои“, додава Бред Тортон, основачот на Thorton Projects, нагласувајќи ја идејата дека кујната покрај што има своја функција, не треба да изгледа безлично. Кујнски елементи со висок сјај Во ерата во која доминираат потопли бои, кујнските елементи со висок сјај делуваат ладно и стерилно. Иако површината што рефлектира светлина, прави просторот да изгледа поголем и посветол, топлите дрвени елементи ѝ даваат душа на кујната. Кујнски елементи што се отвораат на допир Иако се практични, минималистичкиот модерен стил е во опаѓање. Наместо тоа, дизајнерите советуваат да додадете рачки. Според Торнтон, „рачките се накитот во кујната“, нелакираниот месинг со малку патина го прави просторот да делува населено. Стандарден тип на елементи Едноставните елементи без архитектонски детали, често во бела боја, масовно се произведуваат и вградуваат во новите домови. Според Бритни Батон од Ателје Батон, „им недостасува дизајнерски шарм. Таа советува да се додадат дрвени летвички и да се обојат во нежна крем боја. Таа предлага да се изберат кабинети со класичен дизајн на вратички и интересен оков. „Во моментов навистина ми се допаѓаат проѕирните стаклени шкафчиња, особено како горни елементи, бидејќи ме потсетуваат на изглед на некој дворец од Обединетото Кралство“. Отворени полици „Иако можеби изгледаат убаво на фотографиите, отворените полици како главна површина за складирање се нешто на кое повеќето луѓе жалат“, вели Тортон. Освен ако не сте исклучително организирани, таквиот концепт бара постојано редење на садовите и често бришење прашина. Наместо тоа, паметните решенија за складирање стануваат сè попопуларни. „Обожавам да поврзувам работи како, елементи за апарати во домаќинството и аголни механизми на извлекување кои максимално го искористуваат просторот“, вели Тортон. „Практичноста е ултимативен луксуз.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаМасакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитанПолската државна обвинителска канцеларија објави дека ќе го истражи масакрот во Краков, во кој вчера беа убиени шест лица, како кривично дело од терористичка природа. Тоа е важен нов развој во истрагата за нападот, кој, заедно со трите тела пронајдени во домот на напаѓачот, го доведе вкупниот број на мртви на девет. Портпаролот на Окружното обвинителство во Краков, Томаш Вашчук, изјави за TVP Info дека денес обвинителството планира формално да отвори истрага и правно да го квалификува нападот како терористички прекршок. Ова сè уште не значи дека терористичкиот мотив е потврден. Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат што го навело 24-годишниот Михал О. да изврши крваво дивеење. Напаѓачот сè уште не е испрашуван, го чува полицијата Вашчук, исто така, откри дека поради сериозните повреди, напаѓачот сè уште не е испрашуван, ниту е извршено формално апсење против него во процедурална смисла. Михал О. е во болница откако беше ранет од полицајци за време на интервенцијата. Тој беше подложен на операции и цело време беше чуван од полицајци. „Доколку неговото здравје се подобри доволно за да можеме да преземеме процедурални чекори, ќе го сториме тоа“, рече Вашчук. Тој додаде дека може да му се изрече доживотна казна затвор за кривичните дела за кои се товари. Тие го истражуваат неговото минато и можните врски Истражителите продолжуваат да испитуваат локации поврзани со нападот и собираат снимки од камерите за надзор за да ги реконструираат движењата на напаѓачот. Поточно, ќе бидат истражени неговото минато, личните односи и околностите под кои го стекнал оружјето. Според досегашните информации, 24-годишникот имал дозвола за поседување оружје и претходно не бил казнет. Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински претходно изјави дека напаѓачот имал многу радикални ставови. Беше спомената и можна врска со крајно десничарски идеологии, но досега не е потврдено дека тие биле мотивот за нападот. Девет мртви поврзани со масакрот Да ве потсетиме дека 24-годишникот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Тој убил шест лица и ранил уште 15, вклучувајќи двајца полицајци кои помогнале да го запрат. По пукањето, полицијата пронашла уште три тела во неговиот дом во Островјец Свјетокржиски. Потврдено е дека станува збор за негови родители и сестра. Околностите на нивната смрт се исто така под истрага. Полска прогласи дводневна национална жалост како одговор на трагедијата, а во Краков жалоста ќе трае до среда.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиУжас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)Англискиот боксер Зак Милер влезе во рингот со големи амбиции и желба да ја освои британската титула во перо категорија, но неговиот меч против Гали Паувар заврши на начин што ги шокираше љубителите на боксот. По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице. Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави. Над окото на Милер почна да се создава огромен хематом кој од минута во минута стануваше се поголем. Веќе на крајот од седмата рунда последиците беа застрашувачки. На лицето му се појавил голем оток, додека дополнителна загриженост предизвика расекотина над другото око. Ситуацијата набрзо дополнително се влошила. Уште еден огромен хематом се појавил на спротивната страна од главата, а двата отоци продолжиле да растат. Во деветтата рунда беше побарана лекарска проценка, но Милер доби дозвола да ја продолжи борбата. Не се откажа и покрај страшните повреди Во десеттиот круг сцените станаа уште подраматични. Отоците толку многу ја искривиле главата на боксерот што судијата повторно го повикал докторот на ринг. Овој пат немаше дилема - по краток преглед беше препорачано прекинување на тепачката и итна медицинска помош. The fight has been STOPPED due to severe swelling on Zak Miller’s face! 😬 #BuatsiHutchinson2 | Live NOW on DAZN ▪️ https://t.co/ePPcK5SiPA — DAZN Boxing (@DAZNBoxing) November 7, 2026 Бидејќи повредите настанаа како резултат на ненамерен судир на глави, победникот беше решен според картоните на судиите. Паувар славеше со едногласна техничка одлука. Така 24-годишникот стигна до титулата британски шампион во перо категорија, додека Зек Милер и покрај големата желба и упорност мораше да се задоволи со пораз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции. Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните. ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно. На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена. „Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас. “Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас. ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter