Многу реакции против МНР на Косово: Ја нарече ЕУ „хартиен тигар“ - Канал 5

Многу реакции против МНР на Косово: Ја нарече ЕУ „хартиен тигар“

Бура реакции од косовската опозиција и меѓународниот фактор откако во саботота на нејзиниот говор на Дубровник Форум, министерката за надворешни работи на Косово Доника Гервала изјави дека ЕУ без САД и НАТО се „хартиен тигар“ на безбедносен план.

Многу реакции против МНР на Косово: Ја нарече ЕУ „хартиен тигар“

„Клучното прашање за безбедноста на Западен Балкан е дали Европската Унија може и дали е единството и унијата што може да гарантира безбедност и мир во Европа? Моја проценка е дека ЕУ не може! Причините се очигледни: нема политичка волја, има многу несогласувања во унијата и без САД и НАТО, ЕУ е „хартиен тигар“ на безбедносен план. Бидејќи ЕУ го знае тоа, бара постојана смиреност. Сепак, ова е опасно. Смирувањето на ЕУ со Русија предизвика Путин да ескалира, а неодамнешното смирување на агресивните актери во нашиот регион од страна на ЕУ ги поканува автократите да ескалираат уште повеќе – тестирајќи го Западот и можеби дури и влегуваат во војна, а тие продолжуваат да се закануваат многу пати сега со целосна поддршка од Путин“, рече Гервала.

На оваа изјава реагираше специјалниот преставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Тој вели дека за разлика од Гервала смета дека се што позитивно се случи на Балканот е комбинација од соработката на Европска унија и САД.

„Нашата политика на Балканот остана многу конзистентна од 90-тите и очекувам вака да продолжи. Нашата политика се заснова на три столба: првиот е европската интеграција, жал ми е што не се согласувам со мојата косовска колешка, но сè позитивно што се случи на Балканот во текот на последната генерација беше комбинација на европско-американска соработка, затоа и интеграцијата е нашата највисока аспирација за регионот“, рече Ескобар.

Мирослав Лајчак, емисарот на Еу за дијалогот Косово-Србија, во својата реплика кон Гервала вели дека „ЕУ е далеку од совршена, но е најдоброто што го имаме“.

„Не постои друга унија на држави на оваа планета која донела политичка стабилност, економски просперитет, поголема социјална кохезија и почитување на човековите права. Така што мислам дека влезот во ЕУ е достигнување и сон на земјите кои тропаат на вратите на ЕУ“, додаде Лајчак.

Критики на адресата на Гервала дојдоа и од опозициските партии во Косово.

Влора Читаку, потпретседателка на ПДК, вели дека изјавата на Гервала е неодговорност, како што вели, помешана со мегаломанија и незнаење.

„Каква неодговорност, помешана со мегаломанија и незнаење. Всушност, овие три обично одат заедно. За референца, Мао Цетунг ги нарече САД „тигар од хартија“, напиша Читаку.

Портпаролката на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Сибељ Хаљими смета дека Гервала со своите коментари ја донела Приштина против ЕУ. Додава и дека дипломатската ситуација на Косово е мизерна и опасна.

Додека Косово ги доживува црните денови под санкциите на ЕУ, стана една министерка од Косово, која за жал на новата држава -која ја држи функцијата главен дипломат – и бара одговорност од ЕУ за безбедноста.Речиси како блокот на европските земји и должат лично на г-ѓа Гервала-Шварц“.!? Таа ја напаѓа ЕУ како „тигар од хартија“ “алудирајќи дека ЕУ треба да му обезбеди безбедност на Косово и евентуално да војува за тоа“, вели Халими.

Косовската опозицијата остро ја критикуваше косовската влада дека ги нарушува односите со сојузниците, предупредувајќи на активности за спротивставување на пристапот на владата кон кризата на северот на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ со интереснa порака по тензиите: Не сакаме да ги заоструваме односите со Германија

Русија нема намера да го намали нивото на дипломатски односи со Германија, и покрај најавата на Берлин дека ќе го затвори рускиот конзулат во Бон, објави Кремљ.

Кремљ со интереснa порака по тензиите: Не сакаме да ги заоструваме односите со Германија

„Москва нема да иницира никакво намалување на дипломатските односи“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија.

Германски мерки како одговор на инцидентот со беспилотното летало

Руското министерство за надворешни работи претходно изјави дека намалувањето на дипломатските односи е меѓу можните одговори на казнените мерки што ги објави Германија по откривањето на беспилотно летало полн со експлозив кое не детонираше на аеродромот Лајпциг/Хале на почетокот на август. Русија негира каква било вмешаност во инцидентот.

Песков повторно ги критикуваше мерките што ги објави германската влада во вторник, кои вклучуваат затворање на рускиот конзулат во Бон и културниот центар „Руски дом“ во Берлин.

Затворањето на конзулатот се смета за „апсурдно“

Тој го нарече планираното затворање на конзулатот „апсурдно“, со оглед на тоа што Германија не презентираше докази за руска одговорност.

Русија претходно во четврток изјави дека ќе ги затвори филијалите на германскиот културен Гете-институт како одмазда за затворањето на Рускиот дом.

Канцеларот Мерц и критиките за Северниот тек

Песков го обвини канцеларот Фридрих Мерц дека се обидува да освои домашни политички поени со преземање несмасни и „квазидрастични чекори“ против Русија.

„Тоа тешко дека ќе го спаси од неговата политичка судбина“, рече Песков.

Тој, исто така, го критикуваше одговорот на Германија на експлозиите во 2022 година што ги оштетија гасоводите Северниот тек 1 и 2 меѓу Русија и Германија.

Песков рече дека Украинците се идентификувани како осомничени за експлозиите и дека се во тек истраги, но дека Германија не вовела никакви казнени мерки против Украина.

„Досега, сите што разнеле нешто германско во последните години биле Украинци, кои биле фатени од самите Германци“, рече Песков.

Германија е најголемиот европски поддржувач на Украина во нејзината одбрана од руска инвазија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОН: Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови

Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови, бидејќи влијанијата на Ел Нињо почнуваат да се чувствуваат глобално, предупреди генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.. 

ОН: Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови

Светската метеоролошка организација ги објави најновите податоци за природниот временски феномен, кои покажуваат дека тој би можел да биде најсилниот во последните 70 години и да трае барем до февруари 2027-ма година..

Климатските експерти предупредија дека растот на температурите на океаните создава услови за екстремни суши и поројни поплави, што во одредени региони ќе донесе силни топлнотни бранови, а други ќе се соочат со катастрофални поплави..

„Науката не остава простор за сомнеж: планетата е во неистражени води, а тие води се загреваат.“, алармираше Гутереш..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сите натпревари во Аргентина ќе запрат на 10 минути за да му се аплаудира на Меси

Лионел Меси (39) на почетокот на неделата објави дека се повлекува од аргентинската репрезентација. 

Сите натпревари во Аргентина ќе запрат на 10 минути за да му се аплаудира на Меси

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ја објави одлуката на Инстаграм нешто повеќе од еден месец по финалето на Светското првенство, во кое Аргентина загуби од Шпанија со 1-0 по продолженија. Аргентинската фудбалска асоцијација одлучи да му оддаде почит на Меси и неговата тешко повторувачка кариера.

На Меси ќе му биде оддадена почит во својата татковина со прекин на сите натпревари од 8-то коло од националното првенство во 10-тата минута. Минутата одговара на бројот што го носеше на дресот. Сите натпревари во сите категории на аргентинскиот фудбал ќе бидат прекинати.

Одлука на Сојузот

„Одлучено е дека во следната рунда од сите категории и форми на натпреварување (машки и женски, фудбал, футсал и фудбал на плажа), натпреварот ќе биде прекинат во десеттата минута од првото полувреме и дека ќе се одржи минута аплауз во знак на признание за кариерата на Лионел Меси во аргентинската репрезентација“, објави Аргентинската фудбалска асоцијација.

Меси откри дека го напишал прошталното писмо на 21 јули, два дена по финалето, но тогаш не го објавил. Во меѓувреме, на 8 август, неговиот татко Хорхе почина на 68-годишна возраст, по што, како што напишал, станал уште посигурен дека дошло време за крај на неговата репрезентативна кариера.

Тешко повторлива кариера

Тој го имаше своето деби за сениорската репрезентација на Аргентина во август 2005 година. За повеќе од две децении, тој стана нејзин рекордер по бројот на настапи и голови, а поголемиот дел од своите репрезентативни успеси ги постигна во последниот дел од својата кариера. До средината на август, тој имаше 207 настапи и 125 голови за Аргентина. Додаде и 68 асистенции.

Врвот дојде во 2022 година, кога како капитен ја предводеше Аргентина до титулата светски шампион во Катар. Тој исто така ја освои Копа Америка во 2021 и 2024 година и Финалисимо во 2022 година.

Неговото последно големо натпреварување беше Светското првенство во 2026 година. Аргентина стигна до финалето, но не успеа да ја одбрани титулата. Шпанија ја победи со 1:0 со гол на Феран Торес во продолжението. Дури и на 39-годишна возраст, Меси беше клучен аргентински играч и го заврши турнирот со осум гола и четири асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер