ММФ: Русите драматично ги исцрпија своите нафтени резерви - Канал 5

ММФ: Русите драматично ги исцрпија своите нафтени резерви

По две години силен раст поттикнат од транзицијата кон воена економија, руската економија слабее.

ММФ: Русите драматично ги исцрпија своите нафтени резерви

Иако Русија се појави како еден од ретките победници од војната со Иран и нарушувањето на глобалните нафтени пазари, тоа не е доволно за да се неутрализира ударот од санкциите и изолацијата, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. По две години силен раст поттикнат од транзицијата кон воена економија, руската економија слабее, објави „Еуроњуз“.

Исцрпени резерви

Иако ММФ ја зголеми својата прогноза за раст за Русија во 2026 година од 0,8 на 1,1 процент во својата априлска прогноза, Георгиева нагласи дека ова не ја одразува целосната слика за ослабената економија. „Повисоките цени на нафтата ѝ даваат здив на Русија“, рече таа, но тврдеше дека зголемувањето не може да го неутрализира поширокиот удар врз руската економија.

„Тие драматично ги исцрпија своите резерви“, рече Георгиева. Таа објасни дека „неочекуваниот приход од цените на нафтата се чини дека се користи за обнова на резервите, а не за повеќе инвестиции во економијата“. Георгиева нагласи дека е важно да се земат предвид и други економски индикатори за подобро да се разбере моменталната ситуација.

„Растот значително забави. Сега проектираме 1 процент. Пред војната, нивниот потенцијален раст беше 1,6 проценти“, рече таа. Додаде: „Инфлацијата е висока. Тоа значи дека каматните стапки се високи, речиси 15 проценти“. ММФ не очекува „значително влијание врз растот во Русија“, рече Георгиева. „Ова е земја чии среднорочни и долгорочни перспективи значително се влошија“.

Три причини за влошувањето

Таа наведе три клучни фактори како причини за влошувањето на состојбата. Првиот е губењето на луѓе. „Земја која веќе беше во демографски пад сега изгуби толку многу млади луѓе од ужасна причина“, објасни таа.

Вториот фактор се санкциите, кои, рече таа, „силно го погодуваат технолошкиот сектор“. „Она што го гледаме во рускиот нафтен и гасен сектор е огромен проблем на недостаток на технолошка обнова, што ја ограничува способноста на секторот да се шири“, рече таа.

Третата причина е што „Русија го изгуби својот углед“. „Тоа се преведува во многу опипливи и нематеријални загуби. Мислам, само помислете на младите Руси кои можеа да изградат односи со Европејците и другите, а не го сторија тоа поради војната“, рече Георгиева. „Значи, генерално, Русија излегува осакатена“, заклучи таа.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серија земјотреси на островот Вануату во Тихиот Океан

 Серија земјотреси, со јачина од 4,8 до 6,0 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија островската држава Вануату во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Серија земјотреси на островот Вануату во Тихиот Океан

Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на отворено море, на длабочина од десет километри и на 523 километри од главниот град на Вануату, Порт Вила.

Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Израел, двата политички блока се изедначени во Кнесетот

Излезните анкети од парламентарните избори во Израел покажуваат неизвесен исход.Ниту Бенјамин Нетанјаху ниту Гади Ајзенкот засега немаат јасно мнозинство.

Избори во Израел, двата политички блока се изедначени во Кнесетот

Според првичните процени, двата политички блока се речиси изедначени во парламентот. Арапските партии се очекува да освојат од 18 до 19 пратенички места.Нивната поддршка може да биде клучна за формирање на новата влада.Излезноста беше рекордна достигна 77,7 проценти, највисока од изборите во 1999 година.

Нетанјаху повика на формирање силна десничарска национална влада.Ајзенкот, пак, најави формирање влада што ќе ги претставува сите граѓани.конечните резултати ќе зависат и од пребројувањето на преостанатите гласови. По објавувањето на резултатите, претседателот ќе го задолжи кандидатот за кој смета дека може да формира коалиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански  ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона.

РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер