ММФ наесен со нова регионална канцеларија за Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе отвори нова регионална канцеларија на резидентен претставник за зајакнување на односите со Албанија, Косово, Црна Гора и Република Северна Македонија. 

Со седиште во Виена, новата канцеларија ќе помогне во одржувањето на блиски релации со четирите земји, како и со донаторите, меѓународните институции, вклучувајќи ја и Светска банка и австриската Влада, која е важен трговски и развоен партнер на регионот на Западен Балкан.

Новата канцеларија ќе биде раководена од Стефани Ебле, која во моментов е шеф на мисијата на ММФ за Косово. Ебле претходно работела на Украина, Грција, Србија и Босна и Херцеговина. Таа ќе ги надгледува локалните тимови во постојните канцеларии во Албанија, Косово и Северна Македонија, кои ќе продолжат со работа и понатаму, се наведува во соопштението на ММФ.

Србија и Босна и Херцеговина, кои имаат активни програми со ММФ, ќе останат со свои претставници.

-Оваа нова канцеларија во Виена ќе биде важен дел од нашите тековни односи со овие четири земји, бидејќи тие се стремат кон пристапување во Европската унија, изјави заменикот на главниот директор на ММФ, Тао Џанг, по состанокот со гувернерот на австриската Народна банка, Евалд Новотни и Харалд Веиглаин, генерален директор во Министерството за финансии, во Виена.

Тој додаде дека поставувањето на канцеларијата како регионална е финансиски оправдано и му помага на Фондот да биде блиску до неговите членки во регионот и водечките развојни партнери.

Канцеларијата ќе започне со работа на есен, а точниот датум дополнително ќе биде објавен.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер