ММФ и Светска банка со позитивни оценки за Македонија

Македонија добро напредува во реализација на реформите. Има економски раст но, земјата ја кочи состојбата со кризата во Европа. Ова е оценка на Светската банка за економската позиција на Македонија.

Претседателката на Светската банка за Западен Балкан, Елен Голдстин вели, фокусот останува на невработеноста и подобрување на вештините за привлекување на странските инвеститори.

- Македонија напредува сосема добро во посветеноста да се реформира. Има одреден раст и се справува со некои од најважните реформи во поглед на условите за водење бизнис. Но, поради тоа што општата ситуација во Европа не е многу поволна, ефектот од спроведувањето на овие реформи беше намален и затоа јавноста смета дека овие реформи не доведоа до нивото на раст и вработеност кое би сакале да го видиме во Македонија. Особено работиме и ја поддржуваме областа на вештини и иновации, да ја направиме македонската работна сила навистина атрактивна за инвеститорите, изјави Елен Голдстин Претседателка на Светска банка за Западен Балкан.

Добрите економски политики се причина Светска банка и ММФ да дадат ветување дека во следниот тригодишен период ќе продолжат да ја кредитираат земјата во делот на инфраструктурните проекти, намалување на невработеноста и за поддршка на иновацискиот фонд, вели Министерот Ставрески.

- Охрабрувачки за Македонија е што оценките за нашата земја од страна на ММФ и Светската Банка се поповолни во однос на кој било друга земја во регионот. Се поздравува тоа што се оствари како економски раст, како и намалувањето на невработеноста, се разбира со намера и понатаму да има нејзино намалување. За тоа да се случи потребно е да се продолжи со напорите за привлекување на странски инвестиции, но исто така да се овозможи реализација на проекти во делот на инфраструктурата и подобрување на работната сила. Токму за такви проекти разговаравме со Светската банка и имаме ветување од нивна страна дека ќе обезбедат финансиска поддршка во рамките на стратегијата која ја подготвува Светската банка за Македонија, изјави министерто за финансии Зоран Ставрески.


Иако на заздравување на европската економија се гледа со претпазливиот, на годинешните средби на Светска банка и ММФ не се крие оптимизмот, вели Гувернерот Богов. Сето ова треба да се влијае врз одржлив раст врз македонската економија.

- Имаме доста средби и ја користиме секоја можност да ги искажеме нашите видувања за македонската економија. Охрабрени сме дека конечно европската економија излегува од рецесија, иако се уште сме претпазливи. И тука доминираат тие тонови, дека има повеќе оптимизам, но со претпазливост. Сето тоа треба поволно да се одрази на одржлив раст на македонската економија, изјави Димитар Богов гувернерот на НБРМ.

Генерално оценката за Балканот е дека има скромно подобрување на економскиот раст. Годинешните средби во Вашингтон се во знакот на буџетската криза во САД и забавување на растот на земјите од БРИКС.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер