ЕкономијаММФ ги намали прогнозите за економски раст во еврозоната на 1,1% годинава и 1,2% за наредната година Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денес ја намали својата прогноза за економски раст на еврозоната на 1,1 процент во 2026 година, што е намалување за 0,2 процентни поени во однос на јануарскиот извештај.Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денес ја намали својата прогноза за економски раст на еврозоната на 1,1 процент во 2026 година, што е намалување за 0,2 процентни поени во однос на јануарскиот извештај, додека прогнозира мало забрзување на 1,2 проценти во 2027 година, исто така намалување за 0,2 процентни поени во однос на претходната проценка. Според прогнозата, се очекува Германија да порасне за 0,8 проценти во 2026 година и 1,2 проценти во 2027 година, и двете пониски за 0,3 процентни поени во однос на претходната проекција. Франција, втората по големина економија во еврозоната, се очекува да порасне за 0,9 проценти во обете години, при што прогнозата за оваа година е намалена за 0,1 процентен поен, а за следната за 0,3 процентни поени. Велика Британија, според ММФ, може да очекува раст од 0,8 проценти во 2026 година и 1,3 проценти во 2027 година, при што прогнозата за оваа година е ревидирана надолу за дури 0,5 проценти, а за 2027 година за 0,2 проценти. Кина забележува мало влошување на своите перспективи, со очекуван раст од 4,4 проценти во 2026 година, малку под претходната проценка од 4,5 проценти и четири проценти во 2027 година. ММФ вели дека владините стимулативни мерки на Пекинг делумно ги ублажуваат негативните ефекти од надворешниот шок. Соединетите Американски Држави можат да очекуваат раст од 2,3 проценти во 2026 година и 2,1 процент во 2027 година. Индија, според проценката на Фондот, ќе забележи раст од 6,5 проценти оваа и следната година, при што прогнозата е малку зголемена за 0,1 процент во двата случаи. Најголем пад се очекува во регионот на Блискиот Исток и Централна Азија, каде што се очекува растот да забави на 1,9 проценти во 2026 година, од 3,6 проценти минатата година. Некои земји во регионот веќе влегуваат во контракција, вклучувајќи ги Бахреин, Ирак, Кувајт и Катар, додаде ММФ. Главниот економист на Фондот, Пјер-Оливие Гуринча, оцени дека конфликтот на Блискиот Исток „го запрел моментумот на раст“ и нагласи дека конечните ефекти ќе зависат од времетраењето и интензитетот на конфликтот. Тој нагласи дека клучен фактор ќе биде брзината на нормализација на производството и транспортот на енергија по завршувањето на конфликтот, што директно влијае на глобалните цени и економските текови.Тагови: еврозоната ММФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтоле Наумов на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе НаумовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ХороскопДневен хороскоп за 12. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 12. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ви претстои пријатна и многу емотивна средба со пријатели или драги личности. Врската добро се развива. Кариера Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито. Здравје и совет Медитирајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашите лични опдноси се развиваат во поволна насока за вас. немојте премногу да барате или да анализирате , зошто и вака е добро. Кариера Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели. Здравје и совет Останете доследни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете многу среќни во својот дом. Ако сте во двојка , ќе се посветите на домашните работи , кои ве опуштаат. Доколку сте сами , нема да излегувате. Кариера Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин. Здравје и совет Избегнувајте колачи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Од удобноста на домот денеска ќе излезете надвор на сонце со своето друштво за да ги почестите саканите лица. Кариера И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно. Здравје и совет Здравјето ви се подобрува. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Се што на каков било начин може да влијае на вашиот љубовен и емотивен живот , денеска нема да ви оди од рака. Стрпете се. Кариера Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа. Здравје и совет Непостојаност во навиките. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе се послужите со нежен речник за да освоите нечие срце. Делумно ќе успеете. Кариера На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е ден е ден во кој ќе имате посебна инспирација за љубов и за своите идеали за личните односи. Кариера Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат. Здравје и совет Ги победувате грижите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата љубовна врска убаво ќе се развива и покрај вашата повремена нетрпеливост. Ќе ви помогнат одредени ситуации. Кариера Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате. Здравје и совет Прошетајте се на чист воздух. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо. Кариера Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд. Здравје и совет Внимавајте што јадете. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови би можеле да покажете високо ниво на конфузија или да претерате во консумација на пијалоци додека сте во друштво. Внимавајте. Кариера Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето. Здравје и совет Изолирајте се во мир. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку уште сте сами , излезете меѓу луѓе зашто се можни преубави средби полни со искрени емоции. Кариера Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во врска со љубовниот живот немате никакви грижи. Оние кои се во врска уживаат, а самите имаат успех во додворувањата. Кариера Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате. Здравје и совет Внимавајте на вируси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – КичевоОваа автопатска делница е дел од Коридорот 8 која ги поврзува превојот Стража со Кичево.Претседателот на владата Христијан Мицкоски, заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево. Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8 која ги поврзува превојот Стража со Кичево. Проектот треба да се реализира во две фази - првата ја опфаќа трасата од селото Црвевци до Кичево, а втората од Долно Строгомиште до Црвевци.средствата се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој и грантови од инвестициската рамка за Западен Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook