Кабелските оператори да ги почитуваат авторските права и правата на интелектуална сопственост, побараа од Македонската медиумска асоцијација, која ја сочинуваат петте национални телевизии во земјава. Тие ја оценија како апсурдна и неразбирлива вчерашната одлука на операторите за прекин на реемитување на сите домашни и странски телевизиски канали, со исклучок на МТВ 1, МТВ 2 и Собранискиот канал. За ММА е чудно што операторите донеле одлука да ги исклучат и националните телевизии со оглед на тоа дека на нивната програма не се појавува пиратерија, а воедно меѓу операторите и телевизиите постојат и валидни договори. Телевизиите се пожалија не нелојална конкуренција и посочија примери во кои тие ги откупиле авторски права, а кабелските оператори, без авторски права пренесуваат иста содржина, каков што е примерот со Европското првенство во ракомет и МАК музичките награди.
На вчерашното соопштение на Здружението на информатичко-комуникациски технологии со кое се заканија со исклучување на домашните и странските тв канали се приклучи и првиот човек на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски. Тој изјави дека последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги биле донесен на крајно нетранспарентен начин. Овој став на Трајчевски од ММА...
Наспроти ставот на Трајчевски, директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски објаснува дека Законот е донесен уште во 2018-та година, а последната негова измена била изгласана со консензус од политичките партии во Собранието.
Операторите вчера најавија дека нема да го наплатат користењето на ТВ услугите од страна на корисниците за периодот додека трае прекинот.
За Сојузот на Стопански комори на Македонија ова е недозволиво.
Од Македонската медиумска агенција ја повикаа Делегацијата на Европската Унија во земајва да се произнесе дали е за почитување на авторските права и правата на интелектуална сопственост. Воедно од Асоцијацијата побраа Јавното обвинителство да се произнесе по однос на десетината тужби поднесени од телевизиите за кршење на правата.