2Обвинителството уште анализира дали ќе отвори предмет за финансирањето на прославата за независноста
Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
2Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
МакедонијаММА и МРТ: Да се истражи работата на Euronews и спортските канали Арена во МакедонијаОд ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола. Постои иста најава дека овој принцип ќе се искористи и за Јуроњуз Македонија.Националните радиодифузери членки на Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ се сериозно вознемирени од индициите дека со работењето на неколку нови телевизиски сервиси кои се креирани од српски компании блиски до државата, се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони, се наведува во реакцијата на ММА и МРТ, а во врска со работењето на спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум. Од ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола, а македонскиот регулатор АВМУ „на волшебен начин ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се произведуваат тука, а програмата се емитува на македонски јазик“. „Дополнително, во евиденцијата на српскиот регулатор РЕМ каналите Арена M1, M2 и M3 премиум не постојат што значи не се домицилни, српски канали. Истовремено, во операторските евиденции одобрени од АВМУ овие канали се водат како странски сервиси кои емитуваат програма на српски јазик! ММА и МРТ бараат органите на истрагата како и референтните институциите да утврдат дали со ваквото постапување е заобиколена законската обврска за дозвола, дали е причинета штета на буџетот со неплаќање на лиценца и дали постои одговорност кај сопствениците, одговорните лица на ТВ сервисите како и кај службениците на АВМУ. Бараме да се провери и евентуалното неовластено користење на премиум спортски ТВ-права позната како ТВ пиратерија. За жал долгогодишното незаконско реемитување на одредени канали од регионот како што се Хрватска, Албанија, Босна и Србија бараме кончено да влезе во радарот на македонскиот регулатор“, велат од ММА и МРТ. Оттаму додаваат дека нема да дозволат истиот модел на евентуалното изигрување на законот да биде применет и за најавениот Јуроњуз Македонија, односно АВМУ да го третира како странски сервис на начин сличен на Арена премиум каналите, „како што најавуваат нивните сопственици и структури од Белград“. „Беззаконието кое денес се толерира како исклучок, утре може да стане правило. ММА и МРТ ќе поднесат соодветни поднесоци до Јавното обвинителство и МВР за да се испита постапувањето и евентуалната одговорност на надлежните лица во АВМУ“, велат од ММА и МРТ.Тагови: ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозницитеСе работи на изнаоѓање решение за македонските превозници и веќе се потпишани билатерални договори со Хрватска, Швајцарија и Романија за издавање долгорочни визи за возачите, посочи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Најави дека наскоро таков договор треба да се потпише и со Австрија и дека тоа го побарал и на денешниот Македонско-австриски бизнис форум во Скопје. Интензивни преговори за потпишување билатерални договори, кои според Николоски се единствено решение засега, се водат и со Словенија, а активно се бараат решенија и со Германија и Австрија за да се покријат клучните рути кои ги користат македонските транспортери. „Решението е едноставно, но во суштина комплицирано. Мора да се направат што повеќе договори со повеќе држави. Во рамки на Шенген-зоната нема ограничување од која држава ќе извадите виза, бидејќи таа ја покрива целата Шенген-зона. Најважно е тоа што се смени визната стратегија во која тие беа препознати како професионалци, со што можат да добиваат долгорочни визи. Но, има неколку земји кои не сакаат ова прашање да се реши на заедничко ниво, па затоа најдобро е да се реши со поединечни билатерални договори, што ние го правиме“– Александар Николоски, министер за транспорт. Од македонска транспортна асоцијација „МАКАМ-ТРАНС“ сметаат дека поптишувањето на вакви билатерални договори е добро преодно решение се до усвојувањето на новата визна стратегија на Европската комисија најавена кон втората половина на 2027-ма. „Добивме одредени ветувања дека нема да има проблеми и билатералното решавање е најголемиот основ доколку не преовлада герамнското мислење. Само Германија беше таа што кажа дека сака глобално да се реши проблемот, односно да имаме исто решение за сите.. Другите присутни како Грција, Чешка, Хрватска, Романија веќе кажаа дека работат на некоја билатерална основа“- Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс. Превозниците од регионот го откажаа протестот кој требаше да се одржи во понеделник откако на средбата во Белград одржана со претставници на дел од државите членки на Шенген-зоната добиле уверување дека се трага по решение. Сепак од МАКАМ ТРАНС не ја исклучуваат можност од блокада на граничните премини доколку не се изнајде сеопфатено решение за продеисналните возачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителството уште анализира дали ќе отвори предмет за финансирањето на прославата за независностаЈавното обвинителство го анализира случајот со финансирањето и организацијата на прославата за 35 години независност. Државниот обвинител Ненад Савески, вели дека независно од тоа што и антикорупционерите разгледуваат евентуален судир на интереси во дел од организацијата, доколку се утврдат основи за кривично-правно постапување, обвинителството ќе реагира. -Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата. Секако, секоја ситуација, вклучително и оваа, обвинителството ја анализира и ја цени од кривично правен аспект. Доколку најде основи, ќе постапи,- изјави – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ. Предметот во Антикорупциска според информациите се однесува на Николче Мицевски, кој бил дел од комисијата што ја оценувала понудата за програмата, а потоа учествувал и во самата програма како изведувач. Оттаму појаснуваат дека предмет за трошењето на финансискте средства немаат, но велат дека ги следат реакции во јавност околу трошењето на народните пари. -Предмет за анализа на трошењето на финансиските средства на конкретната прослава немаме отворено. Туку имаме отворено предмет за испитување на судир на интереси за наводите дека едно лице што се спомнуваше дека бил член на Комисијата и истовремено учествувал како изведувач во рамките на прославата. ДКСК ги следи реакциите на јавноста и барањето за транспарентност на народните пари,- изјава - Бесник Џемаиљи – Заменик претседател на ДКС. Од опозициската СДСМ и денеска побараа Јавното обвинителство да отвори предмет и да го испита трошењето на 5,5 милиони евра за прославата. Партијата бара обвинителството да го следи текот на парите и да ги обезбеди договорите, анексите, фактурите и податоците за исплатите, но и да утврди кој ги носел одлуките и кој имал корист од нив. -Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски и имаат право да знаат каде завршил секој денар. Затоа Јавното обвинителство мора веднаш да отвори предмет. Мора да го следи текот на парите, да ги обезбеди сите документи, фактури, договори, исплати. Мора да утврди како биле носени одлуките, кој ги носел и кој имал корист од нив. Каде е одлуката на Собранието на акционери на Државна лотарија, која согласно законот мора да постои? Кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари? Кој гласал за неа и врз основа на кој закон?- изјави – Маја Серафимовска – Борозан – СДСМ. Прославата за 35 години независност, според податоците што ги соопшти Владата, чинела околу 340 милиони денари, односно 5,5 милиони евра. Премиерот Мицкоски претходно тврдеше дека за прославата и настапот на Дејвид Гета граѓаните и буџетот не потрошиле ниту еден денар. Од Владата потоа појаснија дека 300 милиони денари биле обезбедени од нераспределената добивка на Државна лотарија за 2024 година, а околу 40 милиони денари од донации на компании. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроштална средба на претседателот на Собранието со амбасадорот на КазахстанПретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорот на Република Казахстан во Република Македонија, Н.Е. г. Садбалди Буршаков.На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за ангажманот на амбасадорот Буршаков во унапредувањето на пријателските односи меѓу двете земји, при што беше истакнат напредокот постигнат во билатералната, економската и парламентарната соработка. Беше поздравено успешното заокружување на преговорите за трите значајни договори од правната сфера – за заемна правна помош во кривични предмети, трансфер на осудени лица и екстрадиција. Како значаен чекор во продлабочувањето на економската соработка беше издвоено и потпишувањето на Протоколот за првата сесија на Заедничката комисија за трговија и економска соработка, како и Меморандумот за разбирање за економска соработка. Претседателот Гаши посочи дека постои простор за натамошно јакнење на парламентарните односи, особено преку Пратеничката група за соработка со Казахстан и редовниот контакт меѓу двата парламента. Тој го поздрави и отворањето на резидентната Амбасада на Казахстан во Скопје, оценувајќи го како важен исчекор во односите меѓу двете земји. Амбасадорот Буршаков се заблагодари за досегашната соработка и поддршката во текот на неговиот мандат во Македонија. Тој сподели позитивни впечатоци од своето дипломатско искуство во земјата и истакна дека со задоволство ќе ги памети контактите и пријателските односи воспоставени во текот на неговиот мандат. Воедно, изрази уверување дека соработката и пријателските односи меѓу Казахстан и Македонија ќе продолжат да се продлабочуваат. На крајот, претседателот Гаши му упати најдобри желби на амбасадорот Буршаков за успех во идните професионални ангажмани, со уверување дека досегашната добра соработка ќе продолжи и во иднина.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook