Не сме секогаш добро само затоа што функционираме – Како емоционалното исцрпување тивко го презема животот
2 Не сме секогаш добро само затоа што функционираме – Како емоционалното исцрпување тивко го презема животот
СудбинаМладоженец среде црква направи нешто невидено- попот мораше итно да интервенира (ВИДЕО)Последниве денови, корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени од видео од свадба, кое го објави Осани, девојка од либанско-ерменско потекло која живее во САД.Таа го објави видеото по повод годишнината од бракот, но наместо романтична снимка или емотивна порака во црквата, во фокусот се најде неочекуван момент од црковната церемонија. Неочекувана ситуација На видеото се гледа како свештеник му нуди чаша вино на младоженецот, како симбол на заедништво, љубов и духовна поврзаност. Сè изгледа свечено и достоинствено, но потоа младоженецот реши сериозно да „ја крене чашата на екс“ наместо вообичаената голтка, објавува Dnevno.hr. Свештеникот реагираше, ја зеде чашата со насмевка и ѝ ја подаде на невестата. Осани почна да се смее, и едвај ги испи преостанатите неколку капки. View this post on Instagram A post shared by Օsanie💎 (@osaniie) Видеото брзо стана вирално Младоженецот, сфаќајќи што направил, се расплака од смеа, додека кумот едвај можеше да одржи сериозен израз на лицето. Видеото брзо стана вирално, собирајќи повеќе од милион лајкови и илјадници коментари. Освен слаткиот „инцидент“, многумина забележаа колку хармоничен пар биле Осани и нејзиниот сопруг и дека токму овие спонтани и несовршени моменти ги прават свадбите незаборавни.Тагови: младоженец Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-БлацеЗапочнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце. Се поврзуваме со пристаништето во Бар со што отвориме нови можности за домашните компании.Македонија за првпат во својата историја истовремено гради повеќе автопатски делници, колку што во моментов не гради никоја од земјите во регионот. Еден од клучните инфраструктурни проекти што започнува е автопатот Скопје-Блаце, со кој државата ќе добие современа автопатска врска со Косово, а индиректно и со Црна Гора и пристаништето Бар. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски в истакна дека станува збор за комплексен патен проект, чија вредност е проценета на околу 200 милиони евра. „Прво ми е драго што ќе го почнеме овој проект. Се работи за еден од најфреквентните патишта, затоа што ова е спојка со Косово и со Црна Гора од една страна, а од друга страна во однос на бизнисот се отвораме уште кон едно пристаниште, а тоа е пристаништето во Бар, така што го кратиме многу патот“, изјави Николоски. Според него, изградбата на автопатот Скопје-Блаце претставува сериозен инженерски зафат поради конфигурацијата на теренот и бројните инфраструктурни објекти што треба да се изградат. „Проценетата вредност е некаде околу 200 милиони евра. Се работи за исклучително комплициран проект, со пет тунели, две галерии и 12 големи мостови. Драго што успеавме да го избереме ГРАНИТ како изведувач, за на тој начин да покажеме дека македонската оператива може да работи“, нагласи Николоски. На прашањето дали избраниот конзорциум ќе може да ги исполни роковите за изградба, Николоски изрази целосна увереност, нагласувајќи дека постапката била спроведена според строгите правила на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). „Апсолутно, затоа што ние одевме според правилата на ЕБОР, кои што се многу строги на овој избор. Така што, ако ЕБОР од Лондон рече дека ова е во ред, значи е во ред“, изјави Николоски. Осврнувајќи се на критиките од ДУИ дека проектот бил непотребно одложуван, министерот оцени дека причините за таквите реакции се поврзани со очекувањата за бизнис зделките на ДУИ за трасата на идниот автопат. „Очигледно е дека се нашле како погодени, затоа што купуваа ниви на онаа траса која што тие мислеа дека ќе биде траса и мислеа дека експропријацијата ќе помине токму по тие ниви. За жал тоа нема да се случи, затоа што финалната траса не е баш таа која што ја замислуваа“, рече Николоски.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожар во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград Голем пожар избувна утрово во трговскиот центар Енјуб во Нов Белград, објави РТС.Голем број противпожарни екипи се на местото на настанот, а засега нема информации за повредени. Пожарот избувнал кратко по 6 часот наутро, а пожарникарите се обидуваат да спречат ширење на пожарот на други згради. Густ црн чад е видлив од неколку делови од градот.Тагови: Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСледната седмица натпросечно високи температури во Македонија и Европа08:26Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
СветЦената на нафтата се спушти на 83,88 долари откако САД и Иран постигнаа договорЦените на нафтата на светските пазари значително паднаа поради очекувањето дека мировниот договор меѓу САД и Иран би можел да ја заврши најголемата криза во снабдувањето со енергија во историјата на пазарот на нафта.Намалувањето на тензиите на Блискиот Исток веднаш се одрази врз светските финансиски пазари. Инвеститорите позитивно ја примија најавата за мировен договор меѓу САД и Иран, што доведе до пад на цените на нафтата и раст на берзанските индекси ширум светот. Цената на суровата нафта од типот Брент забележа значителен пад од 3,45 долари по барел и се спушти на 83,88 долари, објави Sky News. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите очекуваат намалувањето на геополитичките тензии да придонесе за постабилно снабдување со енергенси и помал ризик од нарушување на транспортните рути. Референтната цена на нафтата на меѓународниот пазар утрово падна за четири проценти, продолжувајќи го трендот на опаѓање забележан на крајот од минатата недела. Цените сега се на најниско ниво од почетокот на март, само неколку дена по избувнувањето на војната со Иран. Падот започна кон крајот на минатата недела, кога цената на нафтата падна од 93 долари за барел во четврток на 87,50 долари на затворањето на тргувањето во петок. Пазарите потоа реагираа на објавата на Трамп дека е блиску до мировен договор со Техеран, со кој би се отстранила блокадата на Иран на клучен трговски пат за нафта. Трамп, исто така, тврдеше дека американската војска тајно помагала во транспортот на милиони барели нафта дневно преку Ормутскиот теснец во последните недели за да се намали притисокот врз глобалниот пазар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook