3Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
ФудбалМладите македонски фудбалери „бркаат“ прва победа Македонската фудбалска репрезентација до 21 година попладнево ја очекува дуелот од третото коло од група Е од квалификациите за Европското првенство 2027. Противник на нашата млада репрезентација е соодветниот состав на Ерменија. Избраниците на селекторот Горан Станиќ по двата стартни пораза ќе се обидат да стигнат до првиот триумф во групата. Во првите две кола, нашиот тим претрпе два пораза од Полска 0:3 на гости и во Битола од Италија 0:1. Сепак овие две селекции важат за фаворити во групата, а нашите играчи на дуелот со Италија беа на чекор до нерешен резултат. Во групата селекциите на Полска и Италија се на првите две места на табелата со по 6 бодови, Црна Гора и Шведска имаат по 3, а македонската репрезентација и нашиот денешен противник Ерменија се без бод. Почетокот на натпреварот во Битола е во 17 часот.Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНесовесни граѓани го вандализираа надземниот премин „Влајко“Во текот на денешниот ден, сведоци сме на уште еден вандалски чин на надземниот пешачки премин „Влајко“ кој се наоѓа во населбата Влае.Поради настанатата материјална штета и можноста од повреди на граѓаните, ве известуваме дека преминот привремено ќе биде затворен за користење. По санирањето на настанатите штети, преминот повторно ќе биде ставен во функција. За повторното отворање, јавноста дополнително ќе биде информирана. Општина КарпошКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАпсења на Косово: Функционери во Министерството за образование зад решеткиПрипадници на косовската полиција денеска уапсија неколку вработени во Министерството за образование, наука и технологија во Приштина под сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба.Според информациите објавени од медиумите, меѓу уапсените се Фадиле Дила, Фехми Зилфиу и Џемајл Бузуку, објави Индексонлајн. Засега нема детали за што конкретно се товарат уапсените, ниту пак се објавени за какви околности се однесува истрагата. Се очекува надлежните органи на Косово да објават повеќе информации за случајот, како и за понатамошниот тек на постапката против осомничените. Според достапните информации, сите уапсени се осомничени за кривично дело злоупотреба на службена положба, а истрагата треба да ги утврди сите околности и евентуалната одговорност на осомничените. Истрагата, која треба да фрли светлина врз сите околности на овој случај, е во тек.Тагови: Косово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границатаДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид.Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид, каде со раководството разговараше за актуелните безбедносни предизвици и унапредувањето на полициското работење. Фокусот беше ставен на ризиците од прекуграничен криминал долж зелената и водената граница, состојбата на граничните премини, движењето и престојот на странски државјани, како и потребата од навремено препознавање и спречување на безбедносните ризици. „Безбедносната состојба е стабилна и поволна, но стабилноста не значи пасивност. Полицијата мора навреме да ги предвидува, анализира и спречува ризиците“, истакна Јанев. На средбата беше разговарано и за материјално-техничкото и кадровското зајакнување на капацитетите, функционирањето на регионалните командни центри, како и за унапредување на координацијата и размената на информации со надлежните институции. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на концептот „One Stop“ на граничните премини со Албанија, почнувајќи од ГП „Ќафасан“. „Целта е јасна – сигурна граница и полиција која делува превентивно и е чекор пред безбедносните предизвици“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter