Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаМладиот херој од Виница Јован со потресни сведоштва за пожарот во „Пулс“Додека сите вратата на дискотеката ја гледале како излез од сигурна смрт, младиот Јован Костадинов ја гледал како влез, кој ќе му овозможи да им подаде рака на оние кои не можат да побегнат сами од пожарот во „Пулс“. Тивкиот херој на кобната ноќ, како што го нарекуваат, видно вознемирен ги сподели jaвно потресните моменти од неговиот спасувачки поход, кои Канал 5 воопшто нема да ги емитува од етички причини поради трауматичноста и експлицитноста на деталите. Но, денеска разговаравме со неговиот татко – Дарко Костадинов, кој ни посочи дека состојбата на Јован, кој пред неколку дена беше пуштен од клиниката е секој ден се подобра, но вознемиреста и натаму е присутна.. Воедно и како некој што го воспитал овој млад храбар човек, кажа како гледа на подвигот на неговиот син... -Јован сега добро се чуствува, после лекувањето на токсикологија, растревожен, нормално, но е добар, здравствената состојба му е стабилна и добра. Тоа е до некаде морален чин, сето тоа што го направил, се нашол на тоа место во лошото и едноставно инстиктот го повел, да помогне на луѓето без да размислува што би можело се да се случи и на него,- Дарко Костадинов – татко на Јован. Неговиот татко во моментот бил во Скопје и не ни имал претстава од какви размери е катастрофата, сфатил кога по неколку обиди успеал да се слушне со Јован кој бил навистина вознемирен. Дарко Костадинов открива дека покрај неговиот син, уште неколку негови пријатели биле дел од херојскиот чин. -Ми беше малку тензично, поради тоа што во моментот јас бев во Скопје чекајќи ја ќерката на автобуска и за несреќата дознав во 03:15, само што настана пожарот. Така да, првиот контакт со Јован, кога заѕвонив на неговиот телефон, ми се јави негово другарче и тоа ми кажа дека Јован помага, носи болни луѓе во болница. Се збунив, заради тоа што на неговиот телефон друго дете ми се јави, другачето ми кажа помага на други, ништо не му е, првично ни јас не бев свесен за колку голем пожар станува збор. Секоја чест за храброста, тој не бил сам со другарите бил таму, биле повеќе другари што помагале околу диското и повредените деца, биле повеќе луѓе, секоја им чест на сите деца за храброста и господ ги чувал сите, Дарко Костадинов – татко на Јован. Јован и неговото семејство денеска се во манастирот Св. Јован Бигорски од каде биле поканети да бидат гости бидејќи 19 годишникот го носи и името на светецот, а тие, како што кажа неговиот татко со радост прифатиле. Храброто срце од Виница ја напушти клиниката за токсикологија пред неколку дена, а во неговото средно училиште „Ванчо Прке“ беше пречекан од школските другари со громогласен аплауз, честитки и прегратки. Тагови: „Пулс“ Св. Јован Бигорски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаВлада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 процентиСогласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата. Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98. Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година. Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба. Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.Тагови: влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветШкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина. Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство. По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето. Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска. Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.Тагови: референдум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактотВкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“. Kapal Virgo Transport 8 rute Surabaya-Banjarmasin dilaporkan hilang kontak di perairan Laut Jawa, Kalimantan Selatan, Minggu (13/9/2026) dini hari. Berdasarkan laporan awal Kantor Pencarian dan Pertolongan atau SAR Banjarmasin, kapal tersebut membawa 240 orang. Kapal diketahui… pic.twitter.com/sCB7cBtS5V — Radio Suara Surabaya (@e100ss) September 13, 2026 Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот. BREAKING: At least 125 people are missing after the passenger ship Virgo Transport 8 lost contact in the Java Sea near South Kalimantan, Indonesia. Authorities have rescued 115 people, while 1 person has been confirmed dead. Search and rescue operations are ongoing. pic.twitter.com/urIUSJQ0e7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) September 13, 2026 Тагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter