Млади Романци до смрт претепале човек пред синот и вереницата, детето го држело за рака додека умирал – ужас во Италија - Канал 5

Млади Романци до смрт претепале човек пред синот и вереницата, детето го држело за рака додека умирал – ужас во Италија

Италија е потресена од брутално злосторство што се случи во тосканскиот град Маса на самиот ден на православниот Велигден, кога 47-годишен маж почина откако беше претепан до смрт од тројца млади мажи пред неговата свршеница и единаесетгодишниот син.

Млади Романци до смрт претепале човек пред синот и вереницата, детето го држело за рака додека умирал – ужас во Италија

Според истрагата, инцидентот се случил во центарот на градот, кога жртвата забележала група млади мажи како фрлаат шишиња во излог. Обидот да ги предупреди се претворил во насилен напад. Осомничените го собориле Џакомо Бонџорни на земја и постојано го удирале со тупаници и го клоцале сè додека не останал неподвижен, објави ТГ24.

Сведоците ги опишуваат ужасните сцени, момчето наводно ја држело раката на својот татко додека умирал, а лекарите, и покрај брзата интервенција, не можеле да му го спасат животот.

Полицијата брзо ги идентификувала и уапсила осомничените. Станува збор за двајца Романци, на возраст од 23 и 19 години, и 17-годишен малолетник со италијанско државјанство.

Неговиот идентитет не е објавен поради законски ограничувања.

Градоначалникот на Маса го осуди злосторството и го пофали брзиот одговор на полицијата и обвинителите, нагласувајќи дека жртвата се обидела да „ги научи младите луѓе на основите на граѓанското однесување“, што, како што рече, го чинеше живот.

Според пријателите и семејството, убиениот човек бил познат како тивок и семеен човек, поранешен спортист кој требало да се ожени за неколку месеци. Неговата ненадејна смрт ја остави заедницата во шок.

Градот Маса, кој има население од околу 70.000 жители, подготвува тивко бдение со свеќи во спомен на жртвата. Истражителите продолжуваат да работат на утврдување на сите околности на трагедијата, вклучително и точната причина за смртта, за која се сомнева дека е комбинација од претепување со тешки удари и пад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Граѓаните да пријавуваат ако им се бара мито – зашититени нема да има

Вчера беше побаран притовор за помошник директорот во Царинската управа Џевер Имери, кој завчера беше фатен како прима мито. 

Мицкоски: Граѓаните да пријавуваат ако им се бара мито – зашититени нема да има

По случаите за примање мито од помошник директорот во Царинската управа Имери и и од возачот на генералниот секретар на Владата, премиерот Христијан Мицкоски откри дека во моментот се следат уште неколку случаи за кои постои соменвање за системска корупција во институциите. Не прецизираше за колку точно случаи станува збор и за кои сектори се работи, но посочи дека ваквите коруптивни дејствија низ иснтитуциите мора да бидат искоренети. Уверува дека случаи на висока корупција нема и порача дека секој кој се огрешил ќе одговара.

„Следиме неколку случаи и чекаме тие тоа што го побарале од странките да се дрзнат да го земат. Еве однапред кажувам и ги повикувам сите граѓани кои што ќе бидат жртва на било каква системска корупција да пријават без исклучок секој ќе биде санкциониран. Еве, јавно го кажувам тоа“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада

Мицкоски најави и дека наскоро ќе биде отпочнат проект за пријавуавње корупција во соработка со Транспаренси Интернешанал. Граѓаните ќе можат на отворен број да пријавуваат доколку некој им побара мито. Во однос на случаите со барање на мито во Царинската управа и во СОЗР, премиерот вели дека не биле пријавени од граѓани во Обвинителството за оранизиран криминал но не сакаше да коментира за, како што рече, да не влијае на истрагите.

Вчера беше побаран притовор за помошник директорот во Царинската управа Џевер Имери, кој завчера беше фатен како прима мито. Според истрагата на ОЈО ГОКК во периодот од април/мај до септември годинава Имери користејќи ја својата службена положба во повеќе наврати побарал и примил вкупно 17.500 евра. Тој по преземањето на парите се обиде да и избега од полицијата, но набрзо беше фатен и успасен.

За примање мито пред една недела беше успасен и возачот на генералниот секретар на Владата Д,Ц кој барал поткуп од 1.500 евра за посредување при вработување на пожарникар во Град Скопје. Беше фатен на лице место при примопредавањето на 500 евра обележани пари. Веднаш по настанот, ген.секот на Влдата Јанушев целосно се огради од возачот и посочи дека за неговото незаконско постапување треба да оговара пред надлежните инстутуции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Честите отоци не се секогаш алергија – апел за навремено откривање на ХАЕ кај децата

25 пациенти во Македонија живеат со наследната состојба ХАЕ или наследен ангиодем што предизвикува отоци на различни делови на телото дланки, лице, усни јазик грло, стомак.

Честите отоци не се секогаш алергија – апел за навремено откривање на ХАЕ кај децата

Оваа состојба се јавува без претходна најава уште во детството, и потсетува и на други заболувања како алергии. Но, честото појавување може да биде аларам за подетални испитувања со цел навреме да се направи редовно земање на терапија и да се има сосема живот без пречки. Наташа Јовановска Поповска има ХАЕ, таа е родена со оваа состојба. Таа е мајка, работи и го живее со полн капциетет. Вели дека во оваа состојба добро е што има лек и контрола на состојбата. Таа е во здржението ХАЕ Македонија. Лекови има редовни и тоа добро скоро 11 години. Она што е загрижувачко е што бројката од 25 дијганостицирани е повиска, но мора родителите навреме да реагираат заедно со матичните лекари доколку нивното дете има често отоци, но и доколку знаат дека во нивната фамилија имало. А отоците пред се во грлото може да се живото загозувачки.

Животот со ХАЕ е предизвик таа имало потешка бременост, но се било навремено регулирано, најтежок период бил кога немало терапија, а останале на нозе и се бореле со семејствата. Родиделите на децата со ваква состојба не треба да се плашат само редовно да ја земаат терпијата.

Сега е важна едукацијата од градинките и на децата дека ХАЕ е тука, но со зборување и едукација може да се помогне како со малата „Лили во видеото“.

Од Здружението се задоволни од лекарскиот тим на детската клиника со докторка хасани и од клиниката за кожни болести каде се зема терапијата, со „апел не секој оток е алерија и навреме да се открие“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„ТЕСА енерџи“ пушти во употреба нови капацитети за електрична и топлинска енергија во Скопје

Пуштена во употреба новата когенеративна постројка.

„ТЕСА енерџи“ пушти во употреба нови капацитети за електрична и топлинска енергија во Скопје

Пуштена во употреба новата когенеративна постројка, компанијата ТЕСА енерџи со инвестиција од 2, 5 милиони евра со производство на 2,1 мегават електрична енергија и 2, 6 топлинска енергија на местото на поранешната Топлана Скопје Север официјално ја пушти во употреба. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оваа инвестиција е показател дека и домашните компании можат да прават зелена транзиција.

Секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи придонесува кон создавање посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Когенеративната централа значи дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни претстојат оваа зима, потенцира Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер