Младеновска: Клековски призна: „Црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар - оставка веднаш! - Канал 5

Младеновска: Клековски призна: „Црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар - оставка веднаш!

Министерот за здравство Сашо Клековски  призна дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар.

Младеновска: Клековски призна: „Црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар - оставка веднаш!

Клековски призна дека институциите задоцниле, ама не затоа што сакаше да ја каже вистината туку затоа што не може да ја сокрие непособноста.

Во болницата во Гостивар веќе помош побарале над 4.000 граѓаните, се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна.

Ова признание на Клековски не ја намалува вината, туку ја потврдува. Ова е признание за целосен колапс на системот под водство на Мицкоски и неговата криминална организација.

Колку време му требаше на Клековски да признае дека задоцнија со реакција, дека потфрлија во тоа што е основна обврска на секоја Влада - да се грижи и да ги штити граѓаните?

22 дена Гостиварчани пиеле загадена вода - илјадници граѓани се разболеа.

Денови поминаа откако прогласија епидемија и дека водата е неисправна во повеќе населени места.

Денови поминаа откако уште во 6 други градови и населени места водата е исто така загадена.

Денови откако белата пена почна да тече низ Лепенец и Вардар. Денови откако институциите велеа дека ќе дојдат „за пет дена“ да ја проверат водата.

Кога веќе призна за Гостивар, Клековски треба да признае и за водата во Болницата за белодробни болести во Лешок, наместо да ги извртува фактите и да предизвикува катастрофа.

Анализата во Лешок е направена од Центарот за јавно здравје во Тетово, согласно Националната годишна програма. Резултатот е пратен до Агенцијата за храна и до Министерството за здравство.

Прашањето е дали постапиле овие институции кога го добиле резултатот или повторно црвените светла задоцниле? Дали се известени пациентите, персоналот, дали се презеле мерки за нивна заштита?

Или и во овој случај ќе се чека да поминат денови, па откако ќе ескалира проблемот ќе слушаме признавања дека системот затаил?

Опасни се изјавите на Клековски со кои сака да го релативизира проблемот.

Вели диспанзери имало во Лешок, а како се одржува хигиената во болницата? Со каква вода медицинскиот персонал ги мие рацете?

Со каква вода се одржува личната хигиена на пациентите што се хоспитализирани?

Ниту едно признание нема да ги заштити граѓаните ако по него не следуваат оставки и одговорност.

Признанието на Клековски не дојде од совест.

Дојде затоа што веќе секој граѓанин со свои очи ја виде вистината - оваа власт им го загрози здравјето, ја отру државата.

И сега, кога конечно признаа, кој ќе одговара за задоцнетите реакции, за загрозеното здравје на граѓаните?

Мицкоски? Клековски?

Граѓаните немаат ништо од ова признание за црвените светла. Не се виновни црвените светла, туку луѓето што носат одлуки. А одговорност сè уште никој не ја презема.

Мора да има целосно утврдување на одговорноста, оставки од Клековски, Андоновска, Миланов и итни контроли и анализи на квалитетот на водата во целата држава, рече Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морска пијавица направи хаос на плажа: Летаат лежалки, туристите багаат (ВИДЕО)

Моменти на страв беа забележани утрово во Скила, Италија, каде што морска пијавица, формирана на отворено море на Месинскиот теснец, стигна до брегот и зафати дел од плажата Марина Гранде.

Морска пијавица направи хаос на плажа: Летаат лежалки, туристите багаат (ВИДЕО)

Вртлогот, јасно видлив од брегот, брзо се приближи кон копното сè додека не стигна до самиот брег. Силата на ветерот крена и фрли чадори, лежалки и друга опрема за плажа во воздух, додека капачите и туристите се оддалечија од подрачјето погодено од овој феномен.

Морската пијавица потоа брзо го изгуби својот интензитет и се распрсна.

И покрај драматичните моменти, не се пријавени повредени или последици за луѓето, додека е регистрирана штета на опремата што се наоѓаше на плажата.

Погледнете како изгледаше:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: 50 години уметност, култура и творештво!

Во рамки на Тиквешкиот гроздобер, во Музеј-Галеријата беше промовирана монографијата „50 години уметничка дејност“, посветена на петдецениското постоење и богатата уметничка дејност на ова значајно културно место.

Јанчев: 50 години уметност, култура и творештво!

Монографијата е своевиден запис на времето, исполнет со дела, автори, изложби и настани кои низ годините ја градеа приказната на Музеј-Галеријата и го збогатуваа културниот живот во Кавадарци.

Половина век посветен на уметноста – приказна која продолжува да живее, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бијонсе продава празна дрвена кутија за 840 евра: Не е нормална (ФОТО)

Музичарката Бијонсе денеска го слави својот 45-ти роденден, а воедно ја одбележува и 20-годишнината од објавувањето на нејзиниот втор албум, B'Day. 

Бијонсе продава празна дрвена кутија за 840 евра: Не е нормална (ФОТО)

По тој повод, таа издаде неколку ограничени производи за официјална продажба. Еден предмет особено го привлече вниманието на нејзините обожаватели, познат како „Hive“. Станува збор за дрвена кутија наречена „Bey Keeper Collector's Box“, која е наменета за складирање и прикажување на колекција винил плочи.

Кутијата е достапна во ограничено издание од само 500 парчиња, а нејзината цена е 948,01 американски долари, или 838,95 евра.

Обожавателите не се воодушевени

Иако обожавателите на Бијонсе се познати по нивната бескомпромисна поддршка на секој нејзин потег, оваа кутија сепак не ги воодушеви. Повеќето од нив изразија изненадување од цената на производот на социјалните мрежи, особено затоа што кутијата е празна.

„За таа цена, очекувам да скокне од кутијата и да настапи“, „Кутијата? Дали си во неа?“, „Не очекував дека Бијонсе денес ќе се обиде да ми продаде празна кутија“, „Ја сакам Бијонсе, но илјада долари за кутија не се нормални“, „Не е нормална“, „Никој нема да плати за тоа“, напишаа тие на социјалните мрежи.

Цена со посебно значење

Цената од 948,01 американски долари не е избрана случајно. Броевите одговараат на нејзиниот датум на раѓање, 4 септември 1981 година, кој во американскиот формат е напишан како 9/4/81. Бијонсе го споменува тој датум во воведот на песната „Get Me Bodied“ од албумот B'Day.

Статус на милијардерка и нови проекти

Бијонсе е една од најбогатите музичарки во светот. Списанието Форбс потврди на почетокот на 2026 година дека нејзиното богатство надминува една милијарда долари. Нејзината светска турнеја „Каубој Картер“ беше најпрофитабилна во 2025 година, а нејзината турнеја „Ренесанса“ во 2023 година се смета и за една од комерцијално најуспешните во историјата.

Заедно со реиздавањето на албумот „Б'Деј“, обожавателите очекуваат најава за третиот дел од нејзиниот музички проект во три чина. Трилогијата започна со албумот „Ренесанса“ посветен на денс музиката, а продолжи со кантри албумот „Каубој Картер“.

Се шпекулира дека третиот албум би можел да биде од рок жанрот. Бијонсе веќе имаше екскурзии во рокот, на пример во песната „Don't Hurt Yourself“, а соработуваше и со музичари како Тина Тарнер и Принс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер