Младеновска: 2 години Влада на Мицкоски: Здравството е во тотален распад, ништо од ветеното не е исполнето - Канал 5

Младеновска: 2 години Влада на Мицкоски: Здравството е во тотален распад, ништо од ветеното не е исполнето

По две години од мандатот на Мицкоски, здравството е во тотален распад.

Младеновска: 2 години Влада на Мицкоски: Здравството е во тотален распад, ништо од ветеното не е исполнето

Ништо од ветеното не е исполнето.

Наместо функционален и ефикасен здравствен систем, граѓаните добија хаос, неодговорност и целосно запоставување на јавното здравство.

Што ветуваше, а не исполни ВМРО?

Ветуваше спојување на клиниките во Скопје во еден интегриран Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“ - нема ништо.

500 нови ургентни вработувања дури во првите 100 дена. 730 дена се поминати, нема ништо од тоа.

ВМРО ветуваше вработување на 500 здравствени работници од дефицитарните кадри. Нула исполнето.

Ветуваше најмалку 100 нови возила за Итната медицинска помош. После 2 години, сеуште ги чекаме заглавени во тендерската бирократија.

Не се воведени дневни болници за да се намалат трошоците и да се сведе на минимум движењето на пациентите.

Ветуваше дигитализација на здравството, дневни болници, интегриран клинички центар, транспарентни јавни набавки и системски реформи. Нула реализација.

Нема воведена можност медицинскиот кадар да работи во различни здравствени установи.

Долга е листата на ветено и несиполнето од ВМРО овие две години.

Нула исполнети ветувања. Нула реформи, нула грижа за здравјето на граѓаните!

На секој чекор има застој, недостиг на медицински кадар, несоодветни услови во клиниките, револтирани пациенти и здравствени работници оставени сами на себе.

Најстрашно е што поради оваа неспособност на власта се доведува во ризик здравјето на граѓаните, па дури и на најмладите.

Сведоци сме што се случува деновиве на Детската клиника - животот на децата со имунилошки болести е загрозен.

И тоа замислете зошто, затоа што оваа влада до толку го истроши буџетот што нема пари за она што е најважно - заштитата на здравјето на децата.

Кога здравјето на децата станува жртва на административен и институционален хаос, тоа е доказ дека системот е во длабока криза.

Нема доволно лекови, не се прават операции, тотален распад.

ВМРО го запре и растот на платите на здравствените работници.

СДСМ во изминатите години системски инвестираше во здравството, ги зголемуваше платите на лекарите и медицинските сестри и успеа нивните примања значително да пораснат.

По две години мандат, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема план, нема капацитет и нема вистинска грижа за јавното здравство.

Цената за нивната неспособност денес ја плаќаат граѓаните - со своето здравје, со неизвесност и со изгубена доверба во институциите.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – членка на Извршниот обор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 11 загинати во пожар во дом за згрижување во Алжир, пожарникарите со часови неуспешно се бореле (ВИДЕО)

Единаесет лица загинаа, а 19 се повредени во пожар што избувна во дом за згрижување во Алжир, главниот град на истоимената земја.

Најмалку 11 загинати во пожар во дом за згрижување во Алжир, пожарникарите со часови неуспешно се бореле (ВИДЕО)

Цивилната заштита објави дека пожарникарите ја започнале интервенцијата ноќеска во 3:30 часот по локално време, пишува Би-Би-Си.

Интервенција на пожарникарите

Повеќе од три часа по почетокот на операцијата, пожарот сè уште се гаснел.

Десет противпожарни возила и 16 амбулантни возила биле испратени на терен. Властите известија дека за време на интервенцијата, пет лица со посебни потреби биле згрижени и преместени на безбедна локација.

Посетата на премиерот и контекст на топлотниот бран

Алжирскиот премиер Сифи Гриб посети две болници во Алжир за да ги посети повредените во пожарот. Државните медиуми објавија информации за посетата со фотографија од премиерот покрај дете во болнички кревет.

Податоците за возраста на жртвите не се објавени. Инцидентот се случил во време кога Алжир е во канџите на топлотен бран. Според извештајот на новинската агенција АФП, во земјата се регистрирани речиси 1.000 пожари за период од една недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот астронаут Олдрин на Месечината однел и советско знаме, сега е продадено за 80.000 долари

Советското знаме што астронаутот Баз Олдрин го носеше на мисијата Аполо 11 што слета на Месечината е продадено во „Сотбис“ во Њујорк за 80.000 долари, според резултатите од аукцијата.

Американскиот астронаут Олдрин на Месечината однел и советско знаме, сега е продадено за 80.000 долари

Семејството на Олдрин го објави знамето со проценета цена од 7.000 до 10.000 долари пред продажбата. Знамето беше придружено со потпишано писмо од астронаутот со кое се потврдува неговото потекло.

Според огласот, црвено-жолтото советско знаме, со димензии 10 x 15 сантиметри, било носено на командниот модул Колумбија за време на историската мисија Аполо 11 во јули 1969 година.

„Летав на Месечината со Аполо 11“, напиша Олдрин на знамето.

Според астронаутот, тој го зел советското знаме со себе како гест на добра волја и за да покаже дека слетувањето на Месечината е достигнување за целото човештво, а не само за Соединетите Американски Држави. Покрај американското знаме, личниот комплет на Олдрин вклучувал знаме на Тексас, знаме на Њу Џерси и советско знаме.

Луѓето за прв пат слетаа на површината на Месечината на 20 јули 1969 година.

Американските астронаути Нил Армстронг и Баз Олдрин, членови на екипажот на Аполо 11, го постигнаа подвигот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невреме со пороен дожд и грмежи зафати повеќе региони низ Македонија

Од УХМР јавуваат дека силно невреме со пороен дожд зафати неколку региони во земјава, претежно во западна Македонија.

Невреме со пороен дожд и грмежи зафати повеќе региони низ Македонија

Време 14:16 часот

Невреме со пороен дожд и грмежи во Кичево!

Време 18:02 часот

Нестабилност во планинските предели северозападно од Скопје проследена со пороен дожд и грмежи! Нестабилност има и во Полошкиот регион, Овче Поле и западно од Струга!

Време 18:16 часот

Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер има северно од Штип, Гостивар и Македонски Брод! Правецот на движење е од север кон југ!

Време 18:39 часот

Невреме со пороен дожд и грмежи во Гостивар и северно од Македонски Брод!Правецот на движење е кон југоисток!, соопоштуваат од УХМР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер