ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
3Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
ЖивотМлад знак": Со знаковен јазик сите се вклучени, да се воведе неонатален скрининг на слухот Младинското здружение на глуви и наглуви „Млад знак" изминатата недела ја одбележуваше Меѓународната недела на глуви лица. Оваа иницијатива на Светската федерација на глуви се одбележува во последната недела од септември секоја година, со цел да се подигне свеста за правата на глувите лица и да се признае употребата на знаковните јазици во сите аспекти од општествениот живот. Како дел од активностите членовите на „Млад знак" со поддршка од Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија одржа настан на кој пошироката јавност имаше можност да се запознае со дел од нивната култура и нивното основно средство за комуникација – македонскиот знаковен јазик, соопшти здружението „Млад знак". -Знаковниот јазик е природниот јазик на глувите лица, нивниот лингвистички идентитет и основно средство за комуникација. Повеќе од 200 различни знаковни јазици кои се користат во светот, се мајчин јазик на повеќе од 70 милиони глуви лица ширум светот. Знаковните јазици исто така се мајчин јазик на децата кои слушаат, а потекнуваат од семејство на глуви родители. Знаковните јазици се полноправни јазици и иако се структурно различни од говорните јазици, ги имаат истите јазични својства, па затоа заслужуваат да го добијат истото законско признавање и да добијат еднаков статус со говорните јазици. Само на тој начин владите ќе бидат обврзани да ги преземат соодветните чекори за да обезбедат услуги и пристап до знаковниот јазик, стои во соопштението. Раното откривање на оштетувањето на слухот кај децата и обезбедување пристап до знаковен јазик во раното детство, како што потенцираат од здружението, е многу важно за развојот на глувите деца. Затоа, наведуваат, е неопходно воведување неонатален скрининг на слухот во нашата држава, кој ќе ги опфати сите новороденчиња, без исклучок. Само на тој начин навреме ќе се открие оштетувањето на слухот и ќе може да се започне со интервенција која ќе вклучува услуги за бесплатно изучување на знаковниот јазик за семејствата на глувите деца. Деведесет и пет отсто од глувите деца се раѓаат во семејства во кои родителите слушаат и не се информирани за постоењето на знаковниот јазик и важноста на неговата употреба во комуникација со нивните глуви деца. Затоа повеќето од овие деца многу доцна или воопшто не се изложуваат на знаковниот јазик, што може да резултира со задоцнет когнитивен развој и помалку шанси успешно да се совладаат јазикот и комуникацијата. -Доколку семејствата имаат пристап до знаковниот јазик, веднаш по откривање на оштетувањето на слухот кај нивното дете, и го користат во секојдневната комуникација во домот, тоа ќе помогне во развојот на јазикот и збогатување на вокабуларот на нивните глуви деца, ќе ја олесни комуникацијата помеѓу членовите на семејството и ќе им овозможи на децата полесно да ги искажат своите потреби и мислења, да напредуваат и да се развиваат, стои во соопштението. Се упатува и на тоа дека услугите за семејствата треба да се обезбедат и во текот на образованието на нивните глуви деца. Пристапот до инклузивно – двојазично образование на македонски знаковен јазик – ќе им овозможи на глувите деца да продолжат да се развиваат, да го достигнат својот потенцијал и да станат рамноправни членови во заедницата и активно учествуваат во сите аспекти на општественото живеење. Исто така, на глувите лица треба да им се обезбеди пристап услуги од сертифицирани толкувачи на македонски знаковен јазик во високото образование, сите институции за здравствена заштита и во правосудниот систем. –Нешто што е помалку познато е тоа дека знаковниот јазик, со мало прилагодување, може да биде одлична алатка за подобрување на комуникацијата и кај лицата со аутизам. Нашето здружение во изминатиот период соработуваше со здружението „Сина Светулка" во изработка на видеа со поими од македонскиот знаковен јазик, кои беа прилагодени на едноставен знаковен јазик и се наменети за семејствата на деца со аутизам и стручните лица кои работат со оваа популација. Видеата заедно со други ресурси за работа со деца со аутизам се достапни на https://sinasvetulka.mk/, .информираат од здружението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
КултураДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“ Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ. Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година. Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и ЗаевЕдинствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра. Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството. Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови. Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа. Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter