МКФ се обрати до јавноста за состојбата во македонската кошарка - Канал 5

МКФ се обрати до јавноста за состојбата во македонската кошарка

Македонската кошаркарска федерација денеска преку соопштение ја информира јавноста за моменталната состојба во Мак-баскетот, по одлуката за новиот ценовник за издавање на лиценци за сите учесници (кошаркари,кошаркарки,тренери, судии, делегати....).

МКФ се обрати до јавноста за состојбата во македонската кошарка
Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението на МКФ:

- Со иницијативата на раководството на МКФ за намалување на бројот на странците, која што започна уште минатата година, а кулминираше годинава во јуни месец со дописно Собрание на МКФ, каде што се искористи и последната можност, правно да се овозможи промена на ова правило (за настап на шест странци во Првата лига), за кои предлог исклучително може да одлучува само Собранието, а нашето барање на ова дописно Собрание, гласеше „ако остане правилото на шест странци, во секој момент на теренот да има најмалку двајца домашни кошаркари“.Идејата за ова правило ни беше се со цел да им се овозможи поголем простор за настап на домашните кошаркари, со цел за континуиран напредок на истите, а воедно и за што подобар успех на репрезентативните селекции.

За жал на дописното Собрание и оваа наша последна заложба не беше прифатена од мнозинството членки. Поради тоа преку последните мерки на У.О на МКФ , користејќи го своето законско право за делување, донесовме одлука за зголемување на таксите за издавање на лиценци, пред се значително зголемување на таксите за регистрација на странските кошаркари, за првиот, вториот, третиот и четвртиот странски кошаркар се плаќа лиценца од 850 евра во денарска противвредност, петтиот чини 1500 евра , а лиценцата за шестиот изнесува 3000 евра во денарска противвредност, од оваа сума 250 евра МКФ плаќа на сметката на ФИБА за секој странец поединечно. Реалното зголемување на таксите за лиценци на секој клуб, во случај истиот да регистрира максимален број, шест странски кошаркари би изнесувал на годишно ниво 6400 евра , во денарска противвредност.

Ова правило не е воведено за прв пат во Македонската кошарка, слични мерки се применувале и во 1998 и 1999 година.

Исто така на Управниот одбор на МКФ се донесе и одлука за зголемување на таксата за издавање на линеци и во младинските категории. За У-14, 50 денари на месечно ниво, за У-16 и У-18, 75 денари, а за У-20 , 100 денари на месечно ниво. Со напомена дека клубовите имаат обврска да платат за издавање на лиценца само за оние кошаркари кои плаќаат месечна членарина. Додека пак клубот се ослободува целосно од плаќање на лиценца за оние кошаркари кои не плаќаат членарина и други трошоци во клубот за негово усовршување и развој, како и за сите младински репрезентативци кои настапиле во тековната сезона на Европските првенства во организација на ФИБА во дресот на Македонија.

И покрај ваквата одлука на УО на МКФ за зголемување на таксата за регистрација на кошаркари ,раководството на федерацијата изрази подготвеност за некакво прифатливо решенија со сите претставници на Здруженијата и нивните членови, меѓутоа ставот на истите Здруженија е се уште цврст и непроменет, не нудат никаков предлог за решавање на ова прашање , туку бараат издавањето на лиценци да биде бесплатно.

Управниот одбор на МКФ инаку одлуката за зголемување на таксата за регистрација на странски кошаркари, не ја донесе поради зголемување на платите на вработените во Македонската кошаркарска федерација, туку исклучително наменски, за развој на младинската кошарка и создавање на млади кошаркари, кошаркарки и тренери кои во иднина би биле столб на националната селекција.

За таа цел уште од јануари годинава започнавме неколку проекти и активности за развој и усовршување на младите кошаркари, кошаркарки и тренери.

Прокетот „Заедно до 16 години“, веќе ги даде и првите резултати. Македонската селекција до 15 години го освои треттото место на силниот Меѓународен Турнир во Италија, во конкуренција на врсниците од Италија, Германија, Русија, Хрватска, ...

Како и селекцијата за кошаркари до 14 години, која на Турнирот во Словенија под капата на ФИБА забележа значително подобри резултати од претходните учества. Проектите за развој и усовршување на млади кошаркари ги продолжуваме и во новата сезона и целосно остануваме концентрирани и посветени во работата и надградбата на најмладите генерации, се вели во соопштението од МКФ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илија Срдановиќ разговарал со претседателот на Европскиот совет: на Србија местото ѝ е во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска разговараше со лидерот на листата Студентска листа - Студентите победуваат, Илија Срдановиќ, на кого му ја честиташе победата на листата на парламентарните избори во Србија.

Илија Срдановиќ разговарал со претседателот на Европскиот совет: на Србија местото ѝ е во ЕУ

„Приоритет сега е да се конституира парламент и да се формира нова влада без одложување, преку мирна транзиција и со целосно почитување на резултатите од изборите. Србија има место во Европската унија“, напиша Коста на мрежата X, наведувајќи дека имал добар разговор со Срдановиќ, додавајќи:

„Подготвени сме да го поддржиме нејзиниот европски пат, со јасен фокус на реформите што ги побара српскиот народ: владеење на правото, борба против корупцијата и слобода на медиумите.“

На парламентарните избори одржани во неделата во Србија, листата Студентска листа - Студентите победуваат освои 141 место со 53 проценти од гласовите, додека листата Александар Вучиќ - Обединета Србија беше втора со 38,8 проценти од гласовите, или 103 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандија се откажа од учество на Евросонг 2027. (ВИДЕО)

Холандија нема да учествува на Евровизискиот натпревар за песна во 2027 година. 

Холандија се откажа од учество на Евросонг 2027. (ВИДЕО)

Холандскиот јавен радиодифузен сервис NPO одлучи да ја повлече апликацијата откако некои радиодифузери и вработени се спротивставија на учеството. NPO изјави дека во моментов немаат доволна поддршка за враќање на натпреварот.

Не успеаја да постигнат договор

Претседателот на одборот на NPO, Јет де Раниц, објасни дека разговарале со издавачите, но не можеле да најдат решение што ќе ги задоволи сите. Иако на почетокот се чинеше дека има поддршка за учество, на крајот се покажа дека не е така.

„Затоа, заклучивме дека е сè уште рано да се вратиме на Евровизискиот натпревар за песна 2027. Со оглед на чувствителноста на темите што се дискутираат, веруваме дека е најдобро засега да се откажеме од учеството“, рече Де Раниц, пренесува холандскиот RTL.

YouTube video

Прво го најавија своето враќање, а сега се откажаа

Одлуката дојде како изненадување бидејќи NPO на крајот на септември објави дека Холандија ќе се врати на Евровизискиот натпревар по едногодишна пауза.

Промената се случи откако телевизиската компанија AVROTROS, која со години беше задолжена за настапот на Холандија на Евровизискиот натпревар, ја предаде организацијата на NPO кон крајот на август.

AVROTROS се спротивстави на враќањето на натпреварот, првенствено поради вмешаноста на Израел и војната во Газа. NPO потоа, и покрај овие приговори, одлучи да ја регистрира Холандија, сметајќи дека Евровизија може да биде можност за поврзување на луѓето преку музика.

Но, по новите разговори со издавачите, одлуката беше променета.

„Мораме заедно да ја преземеме одговорноста“

Директорот на програмата на NPO, Јуре Босман, рече дека разбира зошто учеството на Израел предизвикува дебата и поделби. „Сакаме да испраќаме изведувачи и нивните тимови на Евровизискиот натпревар само ако барем еден издавач цврсто стои зад нив. Ова е единствениот начин тие соодветно да ги претставуваат вредностите на музиката, културата, различноста и заедништвото“, рече тој.

Тој нагласи дека одговорноста за учеството не може да лежи само кај изведувачите. „Мораме заедно да ја преземеме таа одговорност. Затоа, по разговорите со Советот на издавачи, одлучивме дека Холандија нема да учествува на Евросонг во 2027 година“, додаде тој.

Иако нема да испратат свој претставник, Холандија сепак ќе го емитува Евровизискиот натпревар. Како и досега, NOS ќе биде задолжена за телевизиското емитување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дизелот од Русија плови кон Америка- три танкери веќе се во океанот, четвртиот се подготвува

Руските компании се подготвуваат да испратат четврти танкер со дизел гориво од Русија во САД, кој треба да исплови на 28 октомври, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак.

Дизелот од Русија плови кон Америка- три танкери веќе се во океанот, четвртиот се подготвува

„Во моментов, три брода се на пат кон САД. Очекуваме четвртиот танкер да исплови на 28 октомври“, изјави Новак за новинарите на маргините на 28-от министерски состанок на Форумот на земјите извознички на гас (GECF), објави Интерфакс.

Тој истакна дека општите договори меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп се спроведуваат и покрај притисокот од демократите во врска со овие договори.

„Ставот на демократите, кои зборуваат или дури дејствуваат спротивно на интересите на народот на САД, е изненадувачки“, рече Новак.

Демократските сенатори и членовите на Претставничкиот дом на САД претходно испратија писма до поединечни банки и морски пристаништа, барајќи од нив да ја зачуваат документацијата за трансакциите со Русија поради евентуална истрага за договорот за снабдување со дизел од Русија.

Во писмата се наведува дека договорот за снабдување со дизел од Русија може да претставува ризик за националната безбедност на САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер