МКФ домаќин на „Трофејот Македонија“ - Канал 5

МКФ домаќин на „Трофејот Македонија“

Од среда до петок Спортскиот центар Јане Сандански во населбата Аеродром во Скопје ќе биде центарот на балканската репрезентативна кошарка и домаќин на меѓународниот турнир - Трофеј На Македонија.

МКФ домаќин на „Трофејот Македонија“


Најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, која се подготвува за учество во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година по прв пат на „Трофејот Македонија“со новиот натурализиран Македонец, Ромео Тревис, селекторот Драган Раца , ќе се престави пред домашната публика . Избраниците на селекторот Драган Раца поради тоа ги покануваат верните фанови во што поголем број да дојдат во арената и да му дадат поддршка на националниот тим.

Покрај црвено жолтите на силниот Трофеј на Македонија која стартува во среда од 16 часот и 30 минути ќе учествуваат и квалитетните селекции на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Белгија.

Сите три репрезентации исто така се во подготовки за настап на евроквалификациите и со најдобрите кошаркари во тимот пристигнаа во Скопје .Што значи дека натпреварите на Трофејот Македонија ќе бидат исклучително квалитетни и на дело македонската публика ќе може да види многу кошаркари кои настапуваат во најсилните европски првенства.

Премиерен противник на нашите најдобри кошаркари во среда од 19 часот ќе биде селекцијата на Црна Гора предводена од легендарниот стратег Богдан Тањевиќ. Трофејот Македонија инаку стартува во 16 -30 часот со дуелот БиХ – Белгија.

Во четврток од 18 часот се игра дуелот меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина, а црвено жолтите од 20 -30 часот ја пречекуваат селекцијата на Белгија.
Во петок на последниот ден од турнирот во Јане Сандански, Македонија во 20-30 часот е домаќин на БиХ, а од 18 часот ќе се сретнат репрезентациите на Белгија и Црна Гора.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Водно освежено и уредено со нови содржини

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче.

Ѓорѓиевски: Водно освежено и уредено со нови содржини

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче, а извршена е и обнова на клупите, кантите за отпадоци и летниковците.

- За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите. Затоа, за мене како градоначалник, заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу најважните приоритети. Изминатиов период работевме на уредување влезот кон жичарата и изградивме ново детско катче. Денес, Водно го доби својот нов лик. Ги обновивме клупите, кантите за отпадоци и летниковците, а дрвените елементи ги освеживме со нова боја – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно е поставен и нов асфалт на патот кон Средно Водно и дека за првпат е поставено ЛЕД-осветлување. Дополнително, изграден е и моторички парк, каде што децата низ игра на отворено можат да вежбаат рамнотежа и координација.

- Од Водно најубаво се гледа колку е убаво нашето Скопје. Затоа, да внимаваме каде го оставаме отпадот, да ги чуваме дрвјата и сето она што е направено за сите нас. Да го оставиме Водно чисто по секоја прошетка и зелено за секоја следна генерација – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“, за поддршката во уредувањето на овој простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на живот

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово  во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. 

На скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на живот

-На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

И кога ова ќе се докаже за некоја недела, нема да добиеме ниту извинување од СДС ниту пак одговорност за ширење на хистерија и паника.

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Филипче и СДС се обидуваат од ништо да направат скандал со Алта банка.

Филипче и СДС повторно обвинуваат за некаков скандал, односно јавната аукција сакаат да ја претстават како некоја тајна зделка.

Постапката е јавно објавена. На продажба се над 95 проценти од акциите, преку Македонската берза. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Јавно се објавени и датумите и правилата за следните аукции. Тоа се факти што секој може да ги провери.

Филипче и СДС повторно се обидуваат преку лажни вести и манипулации да создадат недоверба кај граѓаните.

Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи пропаѓање на банка, ниту пак загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните да бидат спокојни.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер