Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
1Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
3Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
КултураМКЦ стана дел од реномираната платформа „Liveurope“Младинскиот културен центар од денеска е полноправна членка на најреномираната мрежа на концертни сали во Европа, „Liveurope“.Станува збор за мрежа на легендарни европски концертни сали кои се од огромна важност за функционирањето на европската музичка индустрија. За деталите поврзани со ова членство, на денешната прес-конференција зборуваа градоначалникот Петре Шилегов, директорот на МКЦ, Русе Арсов и музичкиот уредник во МКЦ, Владица Младеновски. Liveurope“ е платформа која се перцепира како сертификат за квалитет кој се доделува на концертни сали кои работат посветено на претставување на европската култура, на европската музичка сцена. До минатата година имаше 16 вакви концертни локации од 16 држави во Европа, меѓу кои се Ансен Белжик од Брисел и Вега од Копенхаген, а единствена од регионот беше Кино Шишка од Љубљана. Од годинава, МКЦ заедно со уште 4 концертни сали од Линц, Братислава, Загреб и Солун стануваат дел од оваа платформа, со што и официјално се потврдува вредноста која што МКЦ ја има во културниот живот на државата и во културниот живот на градот, но и во посветеноста на промоцијата на европските вредности и на европската култура на младите автори во Македонија кои се дел од оваа сцена. Во таа насока сакам да упатам голема благодарност до екипата на Младинскиот културен центар која со својата посветена работа во овие тешки цивилизациски услови успеа не само да се одржи, туку успеа да израсне во јадро на македонската култура. Во услови на светска пандемија успеавме лани да имаме концерти во секое едно маало во нашиот град во проектот „Култура во време на корона“, одржавме над 130 концерти и горд сум што како град ја имаме единствената јавна институција која е дел од европска мрежа на културни институции – рече Шилегов. Со тоа, додаде тој, Град Скопје се позиционира како битна локација во европската и светската музичка сцена и дополнително се приближува до престижното признание Европска престолнина на културата за 2028 година, на што Град Скопје посветено работи изминатите три години. Ова е награда за се она што го работевме изминатите години, а посебно последната година во време на пандемија кога успеавме да сработиме околу 130 концерти. Мрежата е првенствено насочена спрема младите бендови и нивната европска промоција, како и кон промоција на европските бендови на нашата сцена – објасни денеска Русе Петров. Liveurope, која e најстарата европска музичка платформа создадена со цел соработка на култни музички центри кои работат заедно за да ја зајакнат различноста на европската богата музичка сцена е кофинансирана од Креативна Европа, програма на Европската унија. Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСе породи Анастасија Ражнатовиќ – ќерката на Цеца Ражнатовиќ го роди својот синАнастасија Гудељ, ќерката на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, вчера се породи и на свет донесе машко дете. Анастасија девет месеци ја чуваше бременоста во тајност и не се огласуваше на социјалните мрежи. Како што се дознава, породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро. Анастасија се породи во приватна клиника во Севиља, каде што семејството има куќа и каде таа се пресели откако се омажи за фудбалерот Немања Гудељ. Со раѓањето на синот, семејството Гудељ го доби својот најмлад член, а нивниот живот започна ново поглавје исполнето со љубов, радост и спомени кои допрва доаѓаат. На својот профил на Инстаграм, Анастасија објави дека на синот му го дале името Илијан – име кое не е многу често на овие простори, но зад себе носи силна симболика и богата традиција. Фото: Инстаграм/raznatovicanastasija Се смета дека името Илијан потекнува од името Илија, кое има длабоки библиски корени. Изведено е од хебрејското име Eliyahu, чие значење најчесто се толкува како „Бог е мој Господ“ или „оној што му припаѓа на Бог“. Во некои култури, Илијан се толкува и како име што симболизира сила, светлина, вера и заштита.Тагови: Цеца Ражнатовиќ Анастасија Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИталијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Триото го сочинуваат пијанистката Марта Черета, виолинистот Стефано Ракањи и виолончелистот Џорџо Лукини. „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ во Центарот за гудачки инструменти „Стауфер“, а постдипломските студии ги завршуваат на Конзерваториумот „А. Боито“ во Парма под стручно менторство на квартетот „Парма“. Инспирација и искуство црпат од соработките со Миша Мајски, Амирам Ганц од триото „Алтенберг“, од Антонио Менезес и од Екарт Рунге кој е член на квартетот „Артемис“. Триото е официјален член на Европската академија за камерна музика. Во 2022 година ја добива наградата „Најдобар италијански ансамбл“ на натпреварот за камерна музика „Филипо Никозија“, потоа во 2023 и 2024 година добиваат втори нагаради и награди за најдобра изведба на современо дело на натпреварот „Луиџи Ноно“ и прва награда на натпреварот во Ланкастер. Во 2025 година се закитуваат со прва награда на натпреварот во Бусан во Јужна Кореја, и на натпреварот „Алберто Бури“ во Кастело. Настапуваат во повеќе концертни сали низ Европа во Барселона, Мадрид, Будимпешта, Вилнус и Париз, а во 2023 година настапуваат во Адис Абеба со Симоне Грамаљија со кој одржуваат и семинар за студентите на Универзитетот „Јаред“. Во 2024 година дебитираат на турнеја во САД каде одржуваат повеќе концерти во Вашингтон и во други градови. Во Италија настапуваат во Сполето, Милано, Виченца, Јеси, Верчели и др. Во 2022 година на покана на Универзитетот во Тирана одржуваат 2 концерти и семинар заедно со Јоханес Крец, Јана Андреевска и Анелис ван Парис. Во 2023 година се резидентен ансамбл за Натпреварот за композиција на Академијата „Финци“ во Милано, а во 2025 година за нив пишува дело композиторот Фабио Ваки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
СветУжасни бројки од Венецуела: Скоро 5.000 загинати Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела минатиот месец се искачи на 4.829, соопшти претседателот на Националното собрание на земјата, Хорхе Родригез.Тој изјави дека бројот на повредени во земјотресите што се случија на 24 јуни останал непроменет и изнесува 16.740, пренесе Ројтерс. Родригез наведе дека 17.907 лица останале без дом. Два силни земјотреса ја погодија Венецуела на 24 јуни – првиот, со јачина од 7,2 степени, погоди област на околу 160 километри западно од Каракас, а по 39 секунди уследи уште посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени.Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08