Мизрахи од Владата побарала согласност за вработување лица со статус на деца без родители

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи до Владата доставила информација за вработување лица кои до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа.

Министерката Мизрахи побарала согласност тие да бидат вработени согласно Д-10 Програмата која беше усвоена во 2013 година, а која, како што рече, од неразбирливи причини била стопирана од претходната министерка.

-Поради полесна интеграција во општествениот живот на оваа категорија лица МТСП во 2013 година ја започна програмата наречена Д-10 за вработување лица кои до 18-годишна возраст имале ваков статус и беа утврдени конкретни мерки за вработување. Од тогаш до 2016 година беа вработени 143 лица од оваа категорија на граѓани, што е показател за успешноста на оваа мерка, но од неразбирливи причини беше стопирана од претходниот министер Мила Царовска. Таа, иако имаше објавен оглас во 2016 година не вработила ниту едно лице односно не биле преземени никакви постапки за селекција на пријавените кандидати и не биле донесени одлуки за избор иако имало доболен број кандидати, рече министерката Мизрахи.

Таа додаде дека овие лица заслужуваат сигурна работа и плата, како и можност за социјализација и интеграција во општествениот живот и треба оти заради тоа треба да се преземат конкретни мерки.

-По средбата со претставниците на лицата кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа се заложив да направам се што е во рамки на моите надлежности за исправување на неправдата која им е нанесена. До Владата на Република Македонија доставив информација за вработување на лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и родителска грижа во 2020 година со која ги информираме и бараме согласност за вработување на лица од оваа категорија граѓани. МТСП мора да пружи рака на најранливите и оние на кои им е најнеопходна поддршка, рече Мизрахи.

Претставници на оваа категорија граѓани, кои беа присутни на денешната прес-конференција, побара и да биде вратено старот законско решение за финансиска поддршка за време на студиите, без ограничување на години, затоа што, како што посочија, има лица кои веќе почнале да студираат и влегле во програмата и треба да ги завршат студиите.

-Го разгледуваме и ова прашање. Со законските измени во 2019 има ограничување на поддршката за лица до 26 години. За жал, ние се запознавме со претставници од оваа категорија, кои имаат 10 просек, кои се затекнати во процесот, се наоѓаат на трета или четврта година на студии и им е одземено ова право, кажа министерката Мизрахи.

Во овој момент, како што рече, „ни се врзани рацете за измени на законот, но, од април понатаму ќе го разгледаме ова прашање и неправдата ќе биде исправена".

Русија му се закани на НАТО

Испраќање трупи на НАТО во Украина би било „исклучително опасно“, соопшти Кремљ, додавајќи дека Москва внимателно ја следи украинската петиција со која се повикува на таква интервенција.

Во петицијата, објавена на веб-страницата на украинскиот претседател, се наведува дека Украина треба да побара од САД, Велика Британија и други земји да испратат војници за Украина да се бори против руската инвазија.

„Режимот во Киев е прилично непредвидлив“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Многу пати кажавме дека директната интервенција на армиите на земјите од НАТО во овој конфликт потенцијално претставува огромна опасност и сметаме дека тоа е ништо помалку од исклучително сериозна провокација и, се разбира, внимателно ја следиме“, додаде Песков. .

Засега не е познато дали петицијата ќе го собере потребниот број од 25.000 гласови, што ќе го обврзе претседателот Володимир Зеленски да одговори со одобрување или отфрлање. До денеска наутро биле собрани 1.594 гласови.

НАТО ѝ помага на Украина со испраќање повеќе оружје, вклучувајќи тенкови и ракети со долг дострел, но воздржувајќи се од директна интервенција со војници на теренот. И американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин предупредија дека тоа може да доведе до Трета светска војна.

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека прашањето за испраќање западни војници во Украина „легитимно“ би се поставило доколку Русија ги пробие украинските одбранбени линии и ако тоа го побара Киев.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека доколку Макрон испрати француски војници во Украина, тие ќе бидат легитимна цел на руската војска. „Ако Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили“, рече Захарова.

Во Охрид до 13 часот на изборите излегле околу 27 проценти, во Дебрца 26 отсто од гласачите

Излезноста на Претседателските избори во Охрид до 13 часот е 27,75 проценти, додека на Парламентарните избори до 13 часот своето право на глас го оствариле 27,85 проценти од избирачите.

Според ОИК, гласањето се одвива непречено и без какви било проблеми.

На избирачките места на територијата на Општина Дебрца до 13 часот излегле 26 отсто од лицата со право на глас. И во Дебрца нема никакви проблеми и изборниот процес се одвива непречено.

Во главниот избирачки список за денешните Парламентарни избори во Охрид се запишани 51.865 избирачи додека за вториот круг од Претседателските 51.717 избирачи.

Според главниот избирачки список, за Парламентарните избори во Дебрца е запишани 4.001 избирач, додека за вториот круг од Претседателските избори 4.009.

Вучиќ: Договорот за слободна трговија со Кина ја гарантира иднината на нашата земја

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Договорот за слободна трговија со Кина е договор кој ја гарантира иднината на Србија и дека пласирањето земјоделски производи на кинескиот пазар ќе значи спас за српските земјоделци.

- Договорот за слободна трговија со НР Кина е нешто што ни гарантира пласман на нашите стоки и услуги. А во следните пет до десет години речиси 95 отсто од производите што ги произведуваме, што ги произведуваме во нашата земја ќе можеме да ги извеземе во Народна Република Кина без никакви царини, без никакви давачки - рече Вучиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Кина, Си Џинпинг, објави Телеграф.

Имајќи предвид дека денес кинеските царини се меѓу 38 и 62 отсто за стоки од Европа, Вучиќ посочува дека е јасно каква и колкава предност ќе имаат српските стоки на таков огромен, важен и сѐ побогат пазар кога ќе се отстранат царините.

- Претседателот Си успеа да ја спаси Народна Република Кина од сиромаштија и да создаде многу силна средна класа. Тоа ви кажува за потенцијалот и можностите на Република Србија во иднина - рече Вучиќ.

Тој потсети дека се потпишани договорите за бесплатен извоз на сливи и боровинки и дека тоа многу ќе им значи на српските селани од Осечина, Ваљево, Блаце...

- Тоа се огромни аванси и гарантиран пласман, бидејќи имаме добра стока и на овој начин, со овие ослободувања, секако по најдобра цена. Благодарност до нашите кинески пријатели за тоа, но тоа е само почеток. Од јаболка ќе преминеме на говедско – рече Вучиќ.

Тој додаде дека за српското вино се потребни пет години за тарифата на кинескиот пазар да се спушти на нула и дека секоја година ќе се намалува за 20 отсто од сегашната тарифа, додека за српските ракии тој период ќе трае вкупно десет години.

- Тоа се однесува на нашиот обичен селанец, се однесува на нашиот обичен домаќин. И сигурен сум дека во НР Кина ќе успеат да добијат добар производ, за никогаш да не се срамиме – рече Вучиќ.

Тој најави дека денеска на ручек со кинеската делегација лично ќе му служи само српски вина на претседателот на Кина, Си и дека пласманот на српските вина на кинескиот пазар претставува спас за нашите земјоделци, лозари...

притисни ентер