Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
БалканВучиќ: Договорот за слободна трговија со Кина ја гарантира иднината на нашата земјаПретседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Договорот за слободна трговија со Кина е договор кој ја гарантира иднината на Србија и дека пласирањето земјоделски производи на кинескиот пазар ќе значи спас за српските земјоделци.- Договорот за слободна трговија со НР Кина е нешто што ни гарантира пласман на нашите стоки и услуги. А во следните пет до десет години речиси 95 отсто од производите што ги произведуваме, што ги произведуваме во нашата земја ќе можеме да ги извеземе во Народна Република Кина без никакви царини, без никакви давачки - рече Вучиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Кина, Си Џинпинг, објави Телеграф. Имајќи предвид дека денес кинеските царини се меѓу 38 и 62 отсто за стоки од Европа, Вучиќ посочува дека е јасно каква и колкава предност ќе имаат српските стоки на таков огромен, важен и сѐ побогат пазар кога ќе се отстранат царините. - Претседателот Си успеа да ја спаси Народна Република Кина од сиромаштија и да создаде многу силна средна класа. Тоа ви кажува за потенцијалот и можностите на Република Србија во иднина - рече Вучиќ. Тој потсети дека се потпишани договорите за бесплатен извоз на сливи и боровинки и дека тоа многу ќе им значи на српските селани од Осечина, Ваљево, Блаце... - Тоа се огромни аванси и гарантиран пласман, бидејќи имаме добра стока и на овој начин, со овие ослободувања, секако по најдобра цена. Благодарност до нашите кинески пријатели за тоа, но тоа е само почеток. Од јаболка ќе преминеме на говедско – рече Вучиќ. Тој додаде дека за српското вино се потребни пет години за тарифата на кинескиот пазар да се спушти на нула и дека секоја година ќе се намалува за 20 отсто од сегашната тарифа, додека за српските ракии тој период ќе трае вкупно десет години. - Тоа се однесува на нашиот обичен селанец, се однесува на нашиот обичен домаќин. И сигурен сум дека во НР Кина ќе успеат да добијат добар производ, за никогаш да не се срамиме – рече Вучиќ. Тој најави дека денеска на ручек со кинеската делегација лично ќе му служи само српски вина на претседателот на Кина, Си и дека пласманот на српските вина на кинескиот пазар претставува спас за нашите земјоделци, лозари...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија85 милиони евра за реновирање на студентските домови, ќе штедат 56 отсто енергија„Стив Наумов“ наскоро ќе ги отвори вратите за студентите, додека посложената реконструкција на „Кузман Јосифовски-Питу“ треба да заврши до крајот на годинава. Во „Кузман“ било утврдено дека зајакнувањата направени по скопскиот земјотрес не ги исполнуваат денешните стандарди, поради што била потребна дополнителна санација на конструкцијата. По реконструкцијата, домот ќе има капацитет за околу 280 студенти, сместени во еднокреветни соби со нов мебел, греење и ладење. Овие два скопски дома се првата фаза од поширокиот проект, кој до 2031 година треба да опфати девет студентски домови, шест ресурсни центри и еден ученички дом во седум града. Подобри услови треба да добијат повеќе од пет илјади студенти и ученици. За преостанатите седум студентски домови тендерите се во завршна фаза, а наскоро треба да започне реконструкцијата и на „Никола Карев“ во Охрид. Расположливиот буџет изнесува над 80 милиони евра. Од нив, 60 милиони се заеми од германската развојна банка, повеќе од 21 милион се неповратни средства од Европската Унија, а 3,85 милиони евра обезбедува Министерството за образование и наука. Од ЕУ и и развојната банка објаснуваат дека комбинирањето на грантовите со заемите го прави финансирањето поповолно за државата. Со реконструкцијата и помалата потрошувачка на енергија оченувањата се да се создат заштеди што ќе помогнат во отплатата на заемите. По обновата, потребата за енергија во домовите треба просечно да се намали за 56 проценти, а емисиите на јаглерод диоксид за 49 проценти. Четири од домовите – во Охрид, Прилеп и Штип, како и „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје , ќе се реконструираат според повисок стандард, близу до објекти со речиси нулта потрошувачка на енергија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија Неврофизиологија доби нов лик – подобри услови за пациентите и посовремена работна средина за медицинскиот персонал. Внатрешниот дел е целосно реновиран, а обновата продолжува во втора фаза со реконструкција на фасадата и кровот. Со вкупно 20 болнички легла, од Клиниката велат дека се зголемуваат капацитетите за хоспитализација и се подобруваат условите за третман на пациентите. Новина е и Кабинетот за когнитивна стимулација, кој треба да овозможи нов пристап во работата со пациентите со деменција. Директорот Јован Божиновски најавува и набавка на апарат за магнетна резонанца, како еден од приоритетите на Клиниката. Но, инвестициите не се насочени само кон просторот и опремата. Од Клиниката велат дека во изминатиот период е зајакнат и медицинскиот кадар. Ангажирани се нови лекари и друг медицински персонал, а 25 млади здравствени работници одлучиле својата професионална иднина да ја продолжат во земјава и да придонесуваат во домашното здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали е потребно „сеопфатно сексуално образование“ во средните училишта? Бројката од 300 ученици кои сами избрале да посетуваат сексулано образование како изборен предмет во средните училишта покажува дека младите имаат потреба и интерес за темите кои се важни за нивното здравје, заштита. Училиштето е најдоброто место овие знаења да бидат достапни за младите со обучен кадар. Повлекувањето на Сексуалното образование нема да ги тргне ризиците од добивање на информации кои можат да им наштетат на младите луѓе, велат од ХЕРА. Професорот Глигор Тофоски објаснува дека сексуалното обрзование е повеќе од потребно како гинеколог посочува дека бременоста кај малолетни девојчиња е зголемна, тука се и сексуалните пренослови болести, но и се поголемото врсничко насилство. Истражувањата покажале дека децата се информираат меѓу себе од она што го виделе и слушнале од интренет. Сексуалното образовние се повлече од наставните содржини, по барање на јавноста. Министерката за образование Весна Јаневска објасни дека Бирото за развој мора да го разгледа целиот предмет. Повлекувањето доаѓа откако епископот Јаков преку писмо и се обрати на министерката Јаневска повикува на раѓање на повеќе деца, а од друга страна потпишува образовни политики кои го релативизираат полот, семејството го сведуваат на една од многуте менливи форми, а од малолетниот ученик бараат да „прифати“ однапред подготвени идеолошки заклучоци. Во 2022 година, по пилотирањето на ССО како изборен предмет, дури 11 стручни здруженија на гинеколози, семејни лекари, психолози, психотерапевти, социјални работници, рехабилитатори, правници, вклучително и македонското лекарско друштво, побараа изучување на сеопфатното сексуално образование уште во основното училиште. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook