Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче
Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција
1Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче
2Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција
3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
ЖивотМитрополит Петар: Со молитва и покајание, страдањата и искушенијата да ги исползуваме за духовна надградбаМПЦ-ОА се придржуваше и се придржува до пропишаните мерки за претпазливост. Но, веднаш се наметнува прашањето, зошто му се случи на целиот свет оваа пандемија? МПЦ-ОА, снисходливо го слуша гласот на властите и државата во заштита на животот на народот и длабоко сочувствува и сострадува, како со заболените и болните од секакви болести, па и од Ковид-19 и мајчински се моли за нивно оздравување, вели за МИА митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар. – МПЦ-ОА се придржуваше и се придржува до пропишаните мерки за претпазливост. Но, веднаш се наметнува прашањето, зошто му се случи на целиот свет оваа пандемија? Светите Отци велат –заради нас и нашите гревови, а ние ќе додадеме, заради оттуѓеноста и отпадништвото во секој поглед на целиот свет од Бога. Природата, од Бога создадена, протестира и опоменува и на ваков начин. Да престанеме со нејзиното загадување и уништување на милионите квадратни километри шуми, на океаните, морињата, езерата, реките и потоците, на загадувањето на природата и воздухот со милионските авионски летови и возила, и со палење на шумите. Само молитвата на сите нас, почнувајќи од нас Владиците, свештенослужителите и верниците, како и управниците на државата, политичарите и граѓаните, може да го променат текот на настаните што ни се случуваат со оваа современа чума, порачува владиката Петар. Мерките за претпазливост, поради пандемијата, можат да ни бидат од голема полза за нашата духовна надградба. Но, како што истакнува, доколку од сето ова што ни се случи и случува, со ставањето на физичките-надворешните маски од една страна, и со паѓањето на внатрешните-духовните маски, не само кај одделни личности, групи, народи и држави, туку и кај целиот свет не извлечеме вистинска поука, и после спласнувањето во голема мера на пандемијата, и не почнеме да живееме поинаков, правдољубив, дружељубив и човекољубив живот, тогаш следната опомена може да биде полоша од оваа. Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски кој на Велигден ќе богослужи во битолскиот Храм „Св. Димитрија" во центарот на градот, потврди дека иако во црквата нема да има верници како во минатото и заради владините мерки, сепак, знае дека пораките што тој ќе ги упати ќе стигнат до верниците. – Страдањата и искушенијата можат да бидат големо зло, ако човекот не се преродува и не го прифаќа благотворното дејство на тие искушенија. Неволјите, болестите, несреќите, трагично ги доживува само оној, кој нема вера во Бога, кој не е свесен за својата гревовност, кој не ја чувствува неопходноста за очистување на своето срце, просветлувањето на својот ум, и спасение на својата душа. А, кога човекот со благодарност за опомената, со искрено и длабоко покајание, ќе ги прими страдањата кои му се испратени од Бога, тој веднаш, после нив, излегува со таков мир и духовна радост, што се околу него станува светло и радосно, вели г. Петар. Според учењето на Светите Отци, искушенијата, болестите, несреќите, се време не Божја посета. Бог, посочува владиката Петар, понекогаш ни испраќа болест како опомена, епидемија како епитимија, како што тоа е сега, за човекот да ја разбуди совеста своја и да се покае, да се прероди и да стане нов човек, нова твар. – Многу искушенија, особено искушенија на болест, зараза, загаден воздух, и конечно корона вирусот, го нападнаа човекот. Пандемијата со вирусот Ковид-19, која е сеопшта светска криза, односно Божја опомена за целиот свет, го стави на колена целото човештво. Нападот врз човекот и светот, е на повеќе фронтови. Покрај задравствената, во прашање е и економска, социјална, а особено духовната, именувана криза. Она што луѓето го нарекуваат криза (несреќа), тоа всушност е суд. Божји Суд или опомена, а сето ова заедно значи, Божјо милостиво поучување, за будење од гревовниот сон, и вразумување на човекот. Светите Отци велат дека, кога вагата во светот е наклонета во полза на злото, тогаш неизбежно се појавуваат катастрофи во форма на војни, земјотреси, поплави, болести, загадувањена воздухот и природата, епидемии и пандемии како оваа, вели митрополитот Петар. Во своето Велигденско послание до верниците, Македонците од татковината, но и во Австралија и Нов Зеланд, тој нагласува дека Велигден е Празник над празниците и Торжество над торжествата, Христос Спасителот со Своето Воскресение ги победи двата најголеми напријатели на човекот – гревот и смртта. – Велигден е Ден на Христовото, но и нашето Воскресение. Најрадосниот поздрав за целиот човечки род – Христос Воскресе, насекаде одекнува во овие тешки денови за човештвото. Најрадосната вест – Христос Воскресе, е веста од која треперат херувимите и серафимите. Тоа е единствената вест која го победи злото во светот, гревот и смртта. Христос Воскресе, се единствените зборови што носат надеж и радост во најголемата тага во сеопштата криза, односно опомена за нашата гревовност. Тоа се единствените зборови што носат живот и по смртта. Христовото Воскресение и нашето лично воскресение, се догма на нашата вера. Тоа е суштинската реалност. Тоа е Силата што го победи светот и покрај најсуровите прогонства против Неа, порачува митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски Петар. Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, г. Петар повторно јавно побара воведување на веронауката како задолжителен предмет во образованието. – Како што нашата Света Црква, снисходливо го слушна гласот на Владата, очекуваме и во иднина Владата, да го слушне гласот на Црквата и да ја воведе веронауката, како задолжителен предмет во образованието, со цел вакви и слични неволји и Божји опомени, младите и идните генерации, со смирение и трпение, без ужас и неразумен страв, да се борат со искушенијата што ќе следат, а секое искушение и страдање, е по Божјо допуштение, и треба да го прими како дар, преку кој се спасуваме, вели г. Петар, кој деновиве најчесто е во својата резиденцијална куќа Митрополија, како и во Храмот „Св. Димитриј" во Битола. Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски на сето свештенство, преподобно монаштво, и верните чеда во преспанско-пелагониската и австралиско-новозеландската епархија, им испраќа мир и благослов поздравувајќи ги со најторжествениот поздрав – Христос Воскресе!/МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче Шпански полицаец и куче трагачи беа убиени денеска, додека друг полицаец изгуби нога откако бомба скриена во ранец експлодираше по пукањето.Полициските службеници беа повикани на локација во северниот град Овиедо по пријави за пукање по семејна расправија, за време на која 17-годишно девојче беше тешко повредено, објави Дејли Меил. Полицијата и членовите на единицата за деактивирање експлозивни направи пристигнаа на местото на настанот, каде што пронајдоа ранец со експлозивна направа, за која се сомневаше дека ја оставил напаѓачот, пред влезот во зградата. Додека полицајците ракуваа со уредот, се случи експлозија, при што загина еден човек, локално идентификуван како Хуан Хозе, член на Специјалната кучешка единица. Тригодишен германски овчар по име Дани, кој му помагал за време на операцијата, исто така загинал во експлозијата, соопшти Националната полиција на Шпанија. Повредениот полицаец беше член на единицата за деактивирање експлозивни направи. Откако ја изгуби едната нога, неговата состојба остана критична. Тинејџерката повредена во пукањето останува во болница, но повеќе не е во критична состојба. Полицијата соопшти дека сè уште се обидува да го пронајде осомничениот, 64-годишен шпански државјанин за кој се вели дека има долго криминално досие, објави шпанскиот весник „Ел Паис“. Властите ја исклучија можноста за терористички мотив. ATENTADO EN ESPAÑA Un tipo le disparo a una piba de 17 años La policia fue a su casa pero ya se habia fugado Encontraron una mochila bomba y Mientras la movian a un lugar seguro explotó, matando a un policía de la unidad canina y a su perro deny Otro perdió la pierna https://t.co/eTqS1ZkMxn — ElBuni (@therealbuni) November 10, 2026 Сопругата на осомничениот веќе е уапсена како дел од полициската истрага. Властите наводно го блокирале подрачјето каде што се случила експлозијата додека се обидуваат да соберат повеќе информации. Националната полиција на Шпанија изрази сочувство за смртта на Хуан Хозе, велејќи во соопштението: „Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите, колегите и сите најблиски до него“. Тие додадоа дека му посакуваат на повредениот полицаец „брзо закрепнување“. Шпанскиот премиер Педро Санчез се огласи на социјалните мрежи за да го изрази својот „длабок шок“ поради смртта на службеникот на Националната полиција. „Нема зборови што можат да ја ублажат болката на неговото семејство и колегите“, напиша тој. „Им ја испраќам целата моја љубов и мојата целосна поддршка на тешко повредениот полицаец. Вашата посветеност и храброст заслужуваат благодарност од целата земја“.Тагови: полицаец Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција„Имено со овој амандман предлагаме членот 13 да се избрише и амандманот се предлага во врска со укажувањата на претседателката на републиката. “„Овој закон директно се носи заради новонастанатите услови во светот по геополитичката реалност и заради тоа што се нефункционални сегашниве услови на законот. Ова е неколку пати овој закон да се менува од кога ова владеачко мнозинство е во Собранието, и претходниот пат за првпат во историјата беше искористен инструментот антикорупциска проверка и сето она коешто антикорупциската комисија го достави до Собранието ние го прифативме и го внесовме. Така да со бришењето на овој член комплетно ги прифаќаме указите од претседателката и сметаме дека непречено овој закон може да продолжи во својата постапка да биде усвоен и да го олесниме системот и да го направиме попрактичен, позаконски, потранспарентен и поцелоисходен за целата државна управа“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието. Стојаноски истакна дека измените на Законот за јавните набавки се дел од Реформската агенда и имаат за цел унапредување на системот преку воведување дигитални алатки и вештачка интелигенција, со што ќе се подобри процесот на јавни набавки, ќе се намалат ризиците од корупција и злоупотреби и ќе се поттикне реализацијата на инфраструктурните и другите проекти. „Овој закон е дел од Реформската агенда, активност којашто треба да се спроведе. Се дополнуваат надлежностите на бирото за јавни набавки во делот на дигитални алатки и вештачка интелигенција како инструменти за подобрување на процесот на јавни набавки и намалување на ризиците од корупција и други злоупотреби. Зошто на крајот од денот се носи овој закон? За да се поттикне реализацијата на проектите и оваа држава да оди напред. Еве ова е Државен завод за статистика градежништво. Тука можете да видите споредба помеѓу 29 квартали на СДС и 8 на ВМРО-ДПМНЕ, сега да видите која е разликата и зошто овој закон се менува. Кога ќе ги соберете сите 29 квартали на СДС, 14 се негативни, 15 позитивни, ВМРО-ДПМНЕ 8 квартали, 8 позитивни. Плус 14,1 просечен квартален реален раст на градежништво, а СДС во 29 квартали минус 0,2. Има вештачка интелигенција, има усогласување со планот за раст и на крајот од денот има логички работи коишто ќе го подобрат системот на распишување на тендери на јавни набавки“, дециден е Стојаноски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаПроговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата Пилотот на хеликоптерот кој помогна во спасувањето на Михаел Шумахер по сериозната несреќа при скијање во француските Алпи, за прв пат јавно проговори за деталите од драматичната операција што се случи на 29 декември во Мерибел.Јаник Даинезе, тогашниот пилот на хеликоптерот за итни случаи на SAF Hélicoptères, откри дека го знаел идентитетот на повредениот човек пред полетувањето. Затоа, од самиот почеток беа воведени посебни мерки на претпазливост, а на членовите на екипажот им беше кажано да ги отстранат микрофоните и GoPro камерите за да избегнат снимање што би можело да ја загрози приватноста на легендарниот возач на Формула 1. Дополнително обезбедување беше присутно и на местото на несреќата. Луѓето што го придружуваа Шумахер се погрижија областа да биде затворена и никој да не може да снима фотографии или видеа што подоцна би можеле да протечат во јавноста. Даинезе ја опиша и атмосферата за време на летот, нагласувајќи дека во хеликоптерот владеела целосна тишина бидејќи сите биле фокусирани на задачите што ги имале. - Секако, го чувствував притисокот внатре. Луѓето го обожаваа како бог, иако не бев фан на Формула 1 - рече пилотот. Летот до Универзитетската болница во Гренобл траел околу 25 минути, по што Шумахер бил предаден на лекарите. Дајнезе открил дека подоцна, за време на вториот лет до истата болница, сфатил колку вниманието на јавноста било насочено кон легендарниот спортист. Кога пристигнал, нашол автобуси, црвени знамиња и голем број луѓе, а болничкиот комплекс го потсетил, како што рекол, на патека од Формула 1. Случајот останал под строга тајност со години. Минатата година, тројца мажи беа осудени во Германија за обид за уцена на семејството Шумахер, користејќи снимки направени по несреќата. Од неговата фатална несреќа на скијање, семејството на легендарниот возач строго ја чува неговата приватност, а информациите за неговата здравствена состојба речиси никогаш не стигнуваат до јавноста.Тагови: Михаел Шумахер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter