Митрески и Шахпаска: За 2,5 години, СДСМ во Собранието донесе историски одлуки

Како координатор на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата во Собранието на  Македонија со задоволство можам да констатирам дека за изминативе две и пол години завршивме одлична работа.

Јован Митрески:

Како координатор на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата во Собранието на Македонија со задоволство можам да констатирам дека за изминативе две и пол години завршивме одлична работа.

За овие три години донесовме низа историски одлуки кои ја обезбедија иднината на државата и го трасираа патот на успехот, просперитетот и напредокот.

Спроведовме реформи кои гарантираат безбедност, кои гарантираат правда и владеење на правото, кои ги штитат човековите права на нашите граѓани.

Со усвојувањето на Законот за јавно обвинителство и на Законот за Советот на јавни обвинители, ги заокруживме реформите во правосудството. На овие два закони им претходеа Законот за судови и Законот за судски совет со што го поставивме темелот на судските реформи.

Реформи кои се поддржани и од нашите меѓународни пријатели, ЕУ и САД.

Создадовме услови за силна правна држава, ослободена од притисоци, ослободена од политички влијанија.

На меѓународен план, преку ратификувањето на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, ги затворивме децениските отворени прашања и ги отворивме европските перспективи.

Со ратификацијата на Северноатлантскиот договор, го усвоиме најважниот меѓународен документ во историјата и ја обезбедивме иднината во НАТО

Уставните измени и имплементацијата на Договорот од Преспа беа предизвик со кој ние како пратеничка група се успешно соочивме.

Вербата дека на овој начин ја гарантираме иднината на нашата држава, дека ги реализираме нашите стратешки определби, дека за нашите генерации обезбедуваме просперитет, беше мотивот што ни помогна да успеееме.

Почитувани,

Изминативе неполни три години во Собранието беа реазлизирани низа законски решенија од повеќе области кои за нашата држава и за граѓаните значеа унапредување на демократија и заштита на нивните права.

Беше усвоен Закон за заштита од дискриминацијата, кој е пример како се подготвува закон во соработка со невладиниот сектор.

Ја унапредивме законската регулатива за борбата против корупцијата, преку сосема нов Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Како Собрание обезбедивме услови преку јавна постапка и јавни интервјуа, со учество на граѓанските организации, да биде избран нов и целосно независен состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Усвоивме законска регулатива која обезбеди реформа во безбедносниот сектор, унапредување на ефикасноста и квалитетот на безбедносните структури, но и заштита на граѓаните од злоупотреба и прекршување на човековите права како што беше масовното прислушување во времето на режимот.

Од исклучително значење е дека законите за агенција за национална безбедност, за координација на безбедносно разузнавачка заедница, за следење на комуникациите, за оперативно техничка агенција , кои се основата на реформите во безбедносниот сектор, беа донесени заедно со опозицијата.

И тука се гледа нашата истрајност во Собранието, нашата желба да дојдеме до законски решенија кои се добри за државата, кои гарантираат напредок и безбедност за граѓаните.

И на крајот, но не помалку важно.

За само две и пол години после крвавиот четврток на 27 април, ние како парламентарно мнозинство успеавме да го вратиме дијалогот во Собранието на Република Северна Македонија.

Нашиот парламент стана институција која е пример за соработка, која ги отвори вратите за граѓанските организации, која ја унапреди парламентарната дипломатија, која ја зголеми транспарентноста и одговорноста пред граѓаните.

Направивме многу, покажавме дека сме одлучни во нашата намера Република С.Македонија да стане европска држава со европски вредности.

Јагода Шахпаска:

Парламентарниот состав што го предводеше СДСМ ќе остане запаметен по клучните одлуки што нашата држава, Република С.Македонија ја вратија на светската мапа, позитивен пример на Балканот и светот, членка на НАТО и на прагот да започне преговори со Европската Унија.

Но, она што со гордост можам да го кажам е дека за пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери граѓаните беа фокусот на нашето работење.

Нивните секојдневни потреби, покачувањето на платите, социјалната заштита, намалување на казните, унапредување на стандардот, олеснување на условите за бизнис се дел од мерките со кои успеавме да го подобриме нивното секојдневие.

Минималната плата ја зголемивме два пати. Прво на 12.000 илјади па потоа на 14.500 денари, што е за 5.500 денари или 60 отсто повеќе од претходно кога таа изнесуваше 9.000 денари.

Ја исправивме историската неправда и го решивме статусот на стечајците, над 12 илјади стечајци земаат 8.200 денари до пензионирање.

Со измените на Законот за извршување се намали делот за извршување на една петина, а целосно од извршување се изземаа најранливите категории граѓани. Ставивме крај на присилното извршување за социјално загрозените граѓани.

Со Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица го решивме проблемот на старите судски и извршни предмети, со што се бришат над 10 милиони евра долгови на илјадници семејства.

Го изгласавме Закон за субвенционирање на придонеси, со што над 106 илјади вработени земаат повисока плата.

Ги намаливме казните, како и трошоците за нотари, извршители и адвокати.

Воведовме социјална пензија за оние граѓани кои не успеале да ги остварат условите за пензионирање. Над 4.200 наши сограѓани добиваат социјална пензија од 6.000 денари.

Целосно се посветивме на повеќе пари кај ранливите категории, социјалната помош порасна и до 300 отсто.

Реализирана е мерката за поврат на 15% од ДДВ, ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината тарифа струја.

И секако не можам ако не посветам посебно внимание на здравството, секторот од каде што јас доаѓам.

Го вративме достоинството на жените, донесовме нов Закон за прекин на бременоста, жената сама свесно носи одлука за раѓање и број на деца.

Укинат е законот за паралелен увоз на лекови, нашата држава веќе не е депонија за лекови со сомнително потекло.

Со законските реформи олеснети се условите за добивање специјализација, специјализантите добиваат месечен надомест на ниво на просечна плата.

Имаме драстичен пораст на платите во здравството, но и во сите сектори во општеството.

Ова се само дел од мерките и проектите што ги реализиравме во Собранието изминатиот период. Невозможно е да ги набројам сите, но факт е дека успешни мерки и политики кои директно ги допираат граѓаните има во буквално сите области.

Ние покажавме дека работиме во интерес на граѓаните и дека знаеме како идејата да ја преточиме во реалност.

На 12 април граѓаните тоа ќе го препознаат и ќе се определат за СДСМ и нашите политики.

И по 12 април продолжуваме да работиме со и за граѓаните.

Прес конференција на пратеникот Јован Митрески и пратеничката Јагода Шахпаска

Мурал со цитат на Марко Цепенков осамна на прилепскиот Центар за култура

На предната страна од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, осамна мурал во рамките на проектот „Јазикот коски нема, но коски крши“ на визуелната уметница Ивана Самандова на која ѝ помогнаа уметниците Методи Исков и Александар Џинго.

Фокусот на муралот е истакнување на величината на Марко Цепенков, како една од најистакнатите фигури во македонската историја и култура. Идејата зад муралот е создавањето „искра“ и љубопитност кон истражувањето и врската меѓу современиот свет и историското културно наследство, соопштуваат од Факултет за работи што не се учат – ФРУ кој е организатор на проектот а е со поддршка на министерството за култура.

Целта на проектот е избегнување на централизираност на културата и уметноста во само еден град, а соработката помеѓу Центарот за култура во Прилеп и локалните уметници е стремеж кон визуелно осовременување и освежување на објектот, создавајќи ликовна композиција која корелира со предизвикот и играта на архитектурата.

Дел од муралот е цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ на Марко Цепенков преку кој може да се интерпретираат неколку перспективи како истрајноста, флексибилноста и настојувањето во потрагата на правдината во општествените пошироки аспекти. Овој концепт на правдина укажува дека и во мигови кога таа умее да биде истанчена, никогаш не може да биде комплетно уништена.

Инаку, ова е втор мурал во организација на Факултет за работи што не се учат – ФРУ. Во март, заедно со уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски иницираа акција за обновување на фасада на зграда во центарот на Скопје, изработувајќи мурал посветен на потребата од солидарност.

Промовирана новата генерација полициски службеници

 Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година. Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени. 

Техничкиот премиер Талат Џафери честитајќи им на новите припадници на полицијата посочи дека да се биде на првата линија на безбедноста е благородно и во исто време многу одговорна должност.

-Знаењата и вештините што сте ги стекнале изминатава година преку интензивна обука, верувам дека како идни полициски службеници ќе ги применувате доследно во организациските единици каде што ќе бидете распоредени, рече Џафери.

Ги охрабри полицајците да бидат чесни и посветени во спроведувањето на должностите кон граѓаните и горди на својата работа и професионално да се справуваат со новите предизвици на работата и да бидете подготвени за очекуваните одговори. Посочи дека овој ресор работи исклучиво во служба на граѓаните, и никако поинаку, и за полицискиот службеник, секој граѓанин е подеднакво важен, независно од личните определби, уверувања, или какви било други различности.

-За професионалниот полицаец, нема помалку или повеќе важна задача. Сите граѓани се еднакво исти пред законот и имаат еднакво исто право на безбедност. Како идни полициски службеници, очекувам преку сопственото поведение и труд да покажете дека, полицијата како институција е професионална, и успешно ги остварува своите законски надлежности и задачи, рече Џафери.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека полицајците ги очекува една нова етапа.

-Најпрво би ви порачал секојпат да имате на ум дека секој еден од вас е креатор на сопствената среќа. Вашиот успех зависи само од вас. Вашиот успех треба да заврши само од вашата стручниост, кооперативност, добра волја, истакна Тошковски.

Порача дека законот мора да се почитува, како и дека секоја добра промена почнува од поединецот, од неговиот светоглед, поведение и дејствување, а не обратно.

- Секако говорам за интергритетот кој што е суштинска спротивност од подмитливоста, или поткупливоста, од лицемерието, од непочитувањето на законите или од селективната правда. Вие како млади луѓе пред кои е иднината имате право, можност, одговорност и секако обврска секој во својот домен на способности и афинитети да даде свој придонес за подобра и попросперитетна заедничка иднина, рече министерот Тошковски.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев им честиташе успешното завршување на обуката за полициски службеници, потсетувајќи на се што претходно е направено во полицијата, меѓу другото, и на реконструкцијата на Центарот за обука во Идризово.

На свеченоста беа соопштение и имињата на најдобрите полициски службеници.

Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина

САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испрата во Украина

САД засега нема системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можела да и ги достави на Украина, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

„Американските системи Патриот моментално се распоредени низ целиот свет, вклучувајќи го и Блискиот Исток, за да ги заштитат американските трупи. Ако можеме да ослободиме дополнителни американски батерии, ќе ги испратиме во Украина“, изјави Саливан во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.

Тој додаде дека САД се обидуваат да ги убедат партнерите во Европа и другите делови на светот да го снабдуваат Киев со постоечките ПВО системи.

притисни ентер