Митевска: Дури сега ни кажаа дека на брат ми му се скршени 4,5,6-от пршлен - Канал 5

Митевска: Дури сега ни кажаа дека на брат ми му се скршени 4,5,6-от пршлен

„Го посетивме пациентот уште пред Нова година  и она што може да го кажеме е дека тој е навистина во тешка состојба која бара да се префрли во друг оддел, а не на Клиниката за трауматологија.

Митевска: Дури сега ни кажаа дека на брат ми му се скршени 4,5,6-от пршлен

,,Дури деновиве ни кажаа дека на брат ми му се скршени 4,5,6-от пршлен, а има доживеано и излив во мозокот и, замислете, редовни преврски на раните му прават на секои пет дена ,напиша сестрата на Павлески,Вера Митевска на фејсбук статус обраќајќи му се директно на министерот Филипче со цел да преземе нешто оти медицинската нега е како што вели,, под нивото на човештината”

Таа апелира до министерот за здравство да изврши увид во Клиниката за Трауматологија, каде Павлески е хоспитализиран, оти персоналот на Клиниката не се грижи доволно за него, идека Павлески не е контактибилен поради терапијата која ја прима ,а отворените рани му загнојуваат.

Од кабинетот на министерот потврдуваат дека комплетно се запознати со случајот и дека во договор со семејството пациентот ќе биде префрлен во Геронтолошкиот завод 13 Ноември во Скопје.

„Го посетивме пациентот уште пред Нова година и она што може да го кажеме е дека тој е навистина во тешка состојба која бара да се префрли во друг оддел, а не на Клиниката за трауматологија. Инаку преврски му се вршат секој втор ден. Утврдено е дека додека се наоѓа на овој оддел, лекарите соодветно го третирале и дека никогаш не била одбиена работна задача од страна на персоналот.велат од кабинетот на Филипче

Павлески беше обвинет за нападот врз Села во Собранието на 27 април.но како што вели неговата сестра, видео снимките не успеале да го докажат неговото учество во нападот. По осум месеци судење, судот го осуди на условна затворска казна .При крајот на септември 52-годишниот Павлески беше нападнат од три непознати лица на влезот од Зелен пазар. Тој и уште едно лице лежеле во паркот кога пристигнале полициски службеници и Итна медицинска помош, по што биле пренесени во Клинички центар. Од тогаш вели Митевска дека почнала нивната голгота која трае веќе три месеци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер