Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа - Канал 5

Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа

Правни субјекти работеле без лиценца или не исполнувале минимално технички услови.

Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по трагедијата со пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, од 17. минатиот месец до вчера извршил 297 надзори кај угостителски субјекти, диско-клубови, ресторани, кафе барови, кабареа, гостилници и издал 360 прекршочни платни налози, 28 решенија за привремена забрана на дејност, 12 за отстранување неправилности. Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца кај 17 констатирани се неправилности во делот на исполнувањето на минимално техничките услови, соопшти на денешната прес-конференција, портпаролот на Владата, Марија Митева. Надзорите се однесувале во однос на исполнувањето на минимално-техничките услови и други одредби предвидено согласност Законот за угостителска дејност.

- Издадени се вкупно 360 прекршочни платни налози во вкупна вредност од 3 милиони 436 илјади денари, 28 решенија за привремена забрана за вршење на дејност кои вршеле дејност без лиценца или пак без исполнување на минимално-технички услови и 12 решенија за отстранување на неправилности за прекршоци утврдени согласно Законот за угостителска дејност. Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца кај 17 субјекти констатирани се неправилности во делот на исполнувањето на минимално техничките услови последниот извештај којшто го дадовме пред јавноста беа 15, денеска веќе се 17 и за истите е доставена информација до министерството за економија и труд, рече Митева.

Како што соопшти, кај седум објекти се отстранети неправилностите и на барања е извршена дополнителна контрола која покажала дека се отстранети недостатоците, за што информации се доставени до ресорното министерство. Останатите правни субјекти кои немале активна лиценца или поднеле барање до Министерството за економија и труд и не вршат дејност во моментов се под постојан мониторинг и за нив ќе се преземат соодветни мерки согласно закон. Митева информираше дека контролата сè уште е во тек и како Влада очекуваат детален извештај од сите девет одделенија на ДПИ надлежни на територија на Македонија за овие 297 контроли и на правните субјекти да бидат доставен во текот на следната недела.

- Со ова сакаме да ги увериме нашите граѓани дека ова не е еднократен одговор ниту краткорочен ангажман зајакнувањето на институционалната одговорност и враќањето на довербата на јавноста остануваат наши долгорочни приоритети и ќе продолжиме да им пристапуваме на таквите прашања со зголемен фокус доследност и одговорност. Го разбираме интересот на јавноста за ова прашање и ве уверуваме дека ќе ги споделиме сите достапни и проверени информации коишто ги имаме на располагање, рече Митева.

Одговарајќи на новинарски прашања портпаролката рече дека издадени се вкупно 28 решенија за привремена забрана за вршење на дејност, кои вршеле дејност без лиценца или не ги исполнувале минимално-техничките услови и 12 за отстранување на неправилности. Кај субјектите е утврдено дека не ги исполнувале минимално-техничките услови коишто се предвидени согласно закон и изречена им е забрана за вршење на дејност, а информација преку записник е испратена до Министерството за економија на увид. Појаснувајќи за какви неправилности се работело, таа додаде дека останати правни субјекти коишто вршеле дејност без лиценца или е утврдено дека и тие не исполнуваат минимално-технички услови во моментов се под постојан мониторинг, имаат забрана за вршење на дејност, за што е информирано Министерството за економија.

- Согласно сите законски процедури коишто стојат на располагање по завршување на овој вонреден би кажала надзор којшто го прави ДПИ заедно со сите институции вклучувајќи го и МВР, финансиската полиција, Инспекторатот за труд, УЈП, јас очекувам дека ќе бидат преземени сите мерки коишто стојат на располагање, рече Митева.

Одговарајќи на новинарско прашање кој испитува одговорност зошто некои објекти работеле извесен период без лиценца, Митева дополни дека во овој момент се врши контрола од ДПИ со останати институции за утврдување на фактичка состојба.

- Јас сум сигурна дека во текот на контролата и утврдување на ваквите состојби коишто се предмет на ваше прашање денеска ќе биде покрената соодветна постапка за сите оние коишто би требале да утврдат за оние коишто работеле спротивно на закон ќе бидат изречени конкретни платни налози и ќе им се направи забрана за вршење на дејност. Одговорност мора да има, затоа велам ова е состојба којашто не е краткорочна не одиме со еднострана контрола ќе продолжиме, изјави Митева.

Што се однесува до изнесените податоци на прес-конференција на ДПИ на 7 март годинава кога директорот, соопштил дека имало 30 предмети во обработка за утврдени неправилности и каде биле опфатени речиси сите големи ланци на маркети, Митева посочи дека треба да се провери записникот и информациите ќе ги сподели со јавноста.

- Дозволете ми да го проверам записникот којшто се однесува на направените контроли коишто се однесуваат на маркетите и на она што беше претходна активност на ДПИ во делот на потрошувачките кошници и во делот на контролирање на цените. Знаете како Влада дека континуирано дадовме и препораки кон самите ланци на маркети да преземат некои активности околу стабилизирање на тој ценовен шок. Веднаш кога ќе ги добијам информациите ќе ги споделам со вас до каде е постапката дали се изречени некои мерки за истото и ќе ве информирам, рече Митева.

YouTube video

Полуфинале Коктел Мастер: Објавена десетата епизода на You Tube на Канал 5 (ВИДЕО)

Емитувањето на регионалното шоу „Коктел Мастер – Бадел Мастерклас“ брои ситно до крајот, а полуфиналната епизода дефинитивно може да ве изненади!

Полуфинале Коктел Мастер: Објавена десетата епизода на You Tube на Канал 5 (ВИДЕО)

Во деветтата епизода на регионалното шоу „Коктел Мастер – Бадел Мастерклас“, натпреварувачите се соочија со нови предизвици кои ја тестираа нивната креативност и вештини во подготовка на коктели.

Напнатоста растеше како што се намалуваше бројот на учесници, а конкуренцијата стануваше сè посилна. Секој даде сè од себе за да го импресионира жирито и да си обезбеди место во големото финале.

Жирито ги подели во парови, а секој тандем имаше задача да направи четири идентични летни коктели со вотка Svarog.

Нè очекува десеттата, финална епизода, во која ќе се одлучи кој ќе ја понесе титулата најдобар коктел мајстор и ќе ја освои главната награда. Ќе има возбудливи креации, неизвесно натпреварување и спектакуларни коктели.

Погледнете што ни носи денешната епизода, посетете го официјалниот YouTube на Канал 5:

YouTube video

Најмалку двајца загинати во нова експлозија во Иран

Уште една експлозија го погоди Иран, само неколку дена по смртоносната експлозија во јужното пристаниште во која загинаа десетици лица, пренесе ДПА.

Најмалку двајца загинати во нова експлозија во Иран

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во експлозија што денеска се случи во магацин во индустриска зона во близина на градот Исфахан, јави државната новинска агенција ИРНА.

Причината за експлозијата се уште е нејасна. Објектот му припаѓа на производител на огномет кој, според сопствените изјави, во минатото произведувал предмети за воена употреба. Познато е дека во областа се наоѓаат делови од иранската индустрија за оружје.

Во експлозијата во саботата во пристаништето Шахид Раџаи загинаа најмалку 70 лица, а повеќе од 1.000 беа повредени. Иако властите првично ја припишаа таа експлозија на несоодветни безбедносни мерки, експертите и корисниците на социјалните медиуми иницираа можност за саботажа. /МИА

Средба на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани со министерот Тошковски

Средба на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани со министерот Панче Тошковски.

Средба на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани со министерот Тошковски

Во Министерството за внатрешни работи се одржа средба на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани со министерот Панче Тошковски.

Тошковски, на средбата со семејствата, изрази уверување дека правда за овој случај мора да има ако сакаме да имаме нормална држава, посочувајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент.

-Не сакам политика да правам од ова. Не сметам дека овие деца го заслужуваат ова. Верувајте. Истрагата е се уште во тек. 70 луѓе се досега осомничени. Ова што го говорите го разбирам и го разбирам гневот, изјави Тошковски.

Тошковски, меѓу другото, посочи дека за случајот досега осомничен е и актуелен министер, актуелен директор на ДЗС и актуелен градоначалник.

Средбата на Тошковски со семејствата на настраданите продолжува без присуство на медиумите.

Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, денеска од пред Обвинителство, продолжи пред Собрание.

Откако пред Собраните повикаа на одговорност и отставки од пратениците семејствата на загинатите, имаа средба со пратеници од Левица и СДСМ. Најпрво излегоа пратенците на Левица Борис Крмов и Јована Мојсоска, по што и пратениците од СДСМ, по што имаа разговор и со лидерот на опозицијата Венко Филипче.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на 46-тата собраниска седница на која се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски, инфомираше дека министерот Тошковски ќе ги прими на средба семејствата на настараданите во пожарот.

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани претходно пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада.

Дел од семејствата влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај.

Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани почна во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите.

притисни ентер