МакедонијаМитева: Граѓаните ја чувствуваат промената, економските политики на Владата носат стабилност и предвидливостСпоред неа, Владата води политика на предвидлива економија што отвора над 16.000 нови работни места, го зголемува индустриското производство и преку дијалог обезбедува координација.„Приоритет на оваа Влада, уште од самото формирање беше економија и една стабилност и предвидливост која што си ја зададовме како цел. 7 квартали раст на БДП од 3%, континуирано, 7 квартали да се случува тоа, кога во моментот имаме една од најголемите енергетски кризи, која што еве за среќа веќе се гледа крајот, но сепак последиците мислам дека уште малку може да да се прелеваат во делот на економијата“, рече Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5. Според неа, Владата води политика на предвидлива економија што отвора над 16.000 нови работни места, го зголемува индустриското производство и преку дијалог обезбедува координација. „Да имате една стабилна и предвидлива економија, која што ќе отвори над 16.000 нови работни места, да имате една економија која што ќе го зголеми индустриското производство над 8%, една инфлација, која што за разлика од многу други држави ќе успеете во ваква криза да ја нивелирате и да ја држите до едно средно ниво, да се обидувате да го водите социјалниот дијалог, да успеете не преку мерки туку преку дијалог да направите една координација и со големите маркети, но и со сите оние општествени одговорни компании“, вели Митева. Според неа, Владата секогаш треба да се стреми кон повеќе од она што е остварено во даден момент. „Граѓаните ја чувствуваат промената и чувствуваат дека оние чекори кои што ги правиме, не се несигурни, не се еден напред три назад, туку се чекори кои што се стабилни, кои што се сигурни и кои што одат во правилна насока. Со едно вакво темпо кое што го имаме во првата половна од мандатот на оваа влада покажавме дека знаеме поинаку, дека знаеме системски како може да се функционира, и дека граѓаните можат, но и бизнисот да ја види таа предвидливост“, истакна Митева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања СДСМ целосно ги поддржува барањата на професионалните војници за еднакви права и достоинствени услови за работа и пензионирање. Дискриминацијата со која што денес се соочуваат припадниците на Армијата е недозволива. Неправедно е поранешните припадници на Армијата кои заминале во пензија пред 14 февруари 2024 година да имаат значително помали отпремнини од оние кои се пензионирале по овој датум. По кој основ луѓето кои со години и служеле на државата и ја извршувале истата должност да бидат различно вреднувани? Сите војници заслужуваат еднакви права и правичен третман од државата. Луѓето кои ја чуваат безбедноста на државата заслужуваат сигурност и достоинствени плати. Го поддржуваме барањето на професионалните војници за трансформирање на работниот однос на неопределено време после петта година како што предвидува Законот за работни односи и за зголемување на платите. Откако е Мицкоски на власт, две години нема зголемување на платите во Армијата. Во мандатот на владата на СДСМ значително се подобрија условите за сите припадници на Армијата, како и за вработените во одбраната. Платите на воениот персонал - офицерите, подофицерите и професионалните војници, но и на цивилните лица на служба во Армијата, етапно беа зголемени за 15 проценти. СДСМ го обезбеди членството во НАТО во 2020 година. Треба условите да се подобруваат постојано а не да се влошуваат. Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери. Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата – нема за работниците, нема за земјоделците, едноставно нема пари за граѓаните. Државната каса ја киднапираа за свои бизнис интереси. СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието согласно барањата на професионалните војници - за обезбедување сигурност и достоинство на сите војници. Армијата е чувар на безбедноста на државата, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook