Митева: Да спречиме дезинформации при пружање помош на настраданите - Канал 5

Митева: Да спречиме дезинформации при пружање помош на настраданите

Треба да имаме унифицирана поддршка , рече портпаролката на Владата, Марија Митева.

Митева: Да спречиме дезинформации при пружање помош на настраданите

За да се спречи злоупотреба и конфизија , Владата објави контакт броеви на кои може да се донира за помош на семејствата на настраданите и повредените во трагедијата во Кочани.

Владата стои покрај секое засегнато семејство, рече Митева.

YouTube video

На Македонија и се заканува нова епидемија од ситни сипаници

На Македонија и се заканува нова епидемија од ситни сипаници. 

На Македонија и се заканува нова епидемија од ситни сипаници

Според последниот извештај на институтот за јавно здравје вкупниот опфат со МРП вакцина за целата држава 72,7%. Под 70% e во Скопје, а најниска вакцинација против МРП е во Куманово 48,5% и Кавадарци (30,9 %). Пад има и на ревакцинацијата со МРП вакцината. Вакцината МРП во дел од скопските општини е падната и под 60 %, објаснува професорката по фармација и национален координатор за имунизација Александра Грозданова. Освен МРП низок опфат има и за ХПВ вакцината која освен девојчињата ја примаат и момчиња.

„Аеродром, Центар и карпош имаат пад на имунизација и под 60% тоа навистина е ниско и е ризик за епидемија“, вели проф.д-р Александра Грозданова национален координатор за имунизација.

Од здравствен дом Скопје најавија дека ќе бидат повикувани родителите со невакцинираните деца во пунктовите.

„Родителите во наредниот период ќе бидат повикани да ги вакцинираат своите деца кои не биле навреме вакцинирани“д-р Самир Исени здравствен дом Скопје.

Преставниците на СЗО и УНИЦЕФ во Македонија апелираат за правилно информирање за важноста на вакцините.

Во Македонија во 2019 година имаше епидемија на морбили над илјада луѓе беа заразени, а починаа три деца од компликации од морбили.

YouTube video

Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски

Во законодавниот дом, во тек е седницата на која пред пратениците е ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски

Власта и опозицијата и очекувано упатија меѓусебни обвинувања, особено за трагедијата во Кочани.

Во собранието е Јана Јосифоска, како тече досегашната расправа?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Прв протестен марш во Скопје на семејствата на настраданите во кочански „Пулс“

Пред собранието прв протестен марш на родителите на загинатите од трагедијата во Кочани.

Прв протестен марш во Скопје на семејствата на настраданите во кочански „Пулс“

Со транспаренти и слики од своите деца, семејствата на загинатите во кочанската трагедија денеска за прв пат на протестен марш во Скопје.

Маршот го следи Елизабета Дамјановска Спасеноска, на маршот излегоа и претставници на политичките партии, кои се главните пораки?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

притисни ентер