3Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
КултураМите Грозданов - „50 години професионализам и 63 години аматеризам“Кинотека на Македонија го прославува јубилејот на доајенот на македонското актерство Мите Грозданов. Тој навршува 50 години професионализам, и 63 години аматеризам.За таа цел, почнувајќи од вчеравечер до 13 декември ќе се одржат проекции на филмовите во кои Грозданов учествувал активно како актер, но и како режисер. Вчера во Кинотеката беше прикажан култниот филм ,,Црно семе “ , во кој Мите Грозданов ја игра една од највпечатливите улоги . ЦРНО СЕМЕ (Black Seed) Игран филм, Р. Македонија 1971 г., 89 мин., колор, 35 мм Режија: Кирил Ценевски (Kiril Cenevski) Сценарио: Ташко Георгиевски, Кирил Ценевски (Kiril Cenevski, Tashko Georgievski) Улоги: Павле Вуисиќ, Дарко Дамевски, Мите Грозданов, Ацо Јовановски, Воја Мириќ, Ристо Шишков (Pavle Vuisic, Darko Damevski, Mite Grozdanov, Aco Jovanovski, Voja Miric, Risto Shishkov) За време на Граѓанската војна во Грција, во 1946 година, припадници на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција и се казнуваат со упатување во логор на пуст остров. Репресиите се секојдневни, со постојани измачувања, тепања и стрелања на секој што, на каков било начин, ќе даде отпор или ќе покаже непослушност. Не можејќи да ги поднесат понижувањата, затворениците се креваат на бунт. За улогата на Андон, Дамевски во 1971 г. ја доби „Златната арена“ за најдобра машка улога на Филмскиот фестивал во Пула, а во следната, 1972 г., ја доби републичката награда „11 Октомври“. 9 декември (сабота) 20:00 ч. ИСТРЕЛ (A shot) Игран филм, Р. Македонија 1972 г., 98 мин., колор, 35 мм Режија: Бранко Гапо ( Branko Gapo) Сценарио: Димитар Солев (Dimitar Solev) Улоги: Емил Рубен, Мајда Тушар, Неда Арнериќ, Дарко Дамевски, Петар Арсов, Драгомир Фелба, Слободан Димитриевиќ (Emil Ruben, Majda Tushar, Neda Arneric, Darko Damevski, Petar Arsovski, Dragomir Felba, Slobodan Dimitrievic) Младоста, чија храброст секогаш е без предрасуди, и во Скопје за време на бугарската окупација во Втората светска војна, сакајќи ја слободата за својот народ, се решава на низа акции, меѓу кои најголема е – атентатот врз бугарскиот полициски началник Емануел Мачков. По пристигнувањето на Емануел во началството, тој на своите агенти им наредува да обрнат големо внимание на младите од Дебар Маало, Пајко Маало и Чаир. Во меѓувреме, заради безбедно поминување на партизанскиот одред во близината на Скопје, во градот треба да се организираат низа помали акции кои би го свртеле вниманието на полицијата врз себе. Така другарите Дано, Доне, Игор и Боро преземаат акција на аеродромот, при што ги палат авионите. Како реакција, полицијата врши рација, собира само млади луѓе кои се изложуваат на големи мачења. Филмот е добитник на наградите „Златна арена“ за снимателска работа на Мишо Самоиловски на фестивалот на југословенски филм во Пула во 1972 како и „Голема повелба“ за актерско остварувања на Слободан Димитриевиќ на филмскиот фестивал во Ниш во 1972 г. 10 декември (недела) 20:00 ч. МИТКЕ-КОШТАН-ГРКЉАН 2003 г., 69 мин., колор, ДВД Режија и адаптација: Мите Грозданов Улоги: Мите Грозданов, Викторија Анѓушева, Будимир Лазев, Сељадин Хуна, Елена Чадиковска Телевизиска снимка од театарската изведба на драмата „Коштана“ на Борисав Станковиќ, адаптирана на помал ансамбл со неколку ликови, во режија на Мите Грозданов. Тоа е едноставно театарско дело, без сложени дејствија, силни конфликти и вешта драматургија. Во неа е внесена убавата песна од југот на Србија, патријархалните обичаи, трагичните човечки судбини, поединечните страдања и колективните несреќи. Дејствието се случува во Врање кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Темата е колку стара, толку и современа – загубената и неостварена љубов, ликовите се и стари и млади, но несреќни, а сето тоа го согледуваме преку главните ликови Митке, Коштана, Стојан, Хаџи Томе, Арсе и Гркљан. 11 декември (понеделник) 20:00 ч. ГЛУЖД ВО ВРЕМЕТО 2002 г., 62 мин., колор, ДВД Режија и сценарио: Ѓорѓи Стојаноски Улоги: Мите Грозданов, Милица Стојанова, Митко Костов, Адријана Бошкоска, Роберт Вељановски, Благоја Спикоски-Џумерко Новите времиња налагаат промени со кои постарите членови на едно семејство не можат да се помират. Куќата во која живеат треба да биде срушена заради изградба на нов пат, а тие не сакаат да ја напуштат – тој чин го доживуваат како обезкоренување на семејството. Рушењето на куќата е метафора на она што пошироко се случува – политички и општествени промени во земјата, нејасни и непотребни според постарите, но неизбежни според мислењето на помладите членови на семејството. Во новите промени дури и помладите зачекоруваат колебливо, без верба и исплашено, наспроти сентименталноста на своите родители. 12 декември (вторник) 20:00 ч. ЕУРЕКА: МИХАИЛ ШОЛОХОВ 1992 г., 39 мин., колор, ДВД Режија и сценарио: Богдан Поп Ѓорчев Улоги: Мите Грозданов, Бранко Ѓорчев, Тања Кочовска, Ѓорѓи Колозов, Владимир Ендровски, Кирил Андоновски, Томе Витанов Трогателна приказна за почетоците на писателската кариера на познатиот советски писател Михаил Шолохов, во првите години на Октомвриската револуција. Во филмот проникнуваат суровата реалност на поствоените времиња со уметнички копнеж, возвишените идеали и надежда за подобро утре на младиот Шолохов, кој штотуку го започнува неговиот долг и плоден пат на неговиот уметнички ангажман. Шолохов е добитник на Нобелова награда во 1965 год, а неговите најпознати дела се „Донски раскази“, „Тихиот Дон“, „Човековата судбина“ и „Донски раскази“ итн. ЕУРЕКА: СОКРАТ 1991 г., 30 мин., колор, ДВД Режија: Стојан Стојаноски Сценарио: Иван Џепаровски Улоги: Мите Грозданов, Светлана Стојановска, Анастас Таневски, Лазе Манасков, Младен Крстевски, Драгиша Димитриевски, Гоце Влахов Епизода од серијата „Еурека“ на Телевизија Скопје посветена на размислувањата на античкиот философ Сократ, реконструирани според делото „Одбраната Сократова“ на неговиот ученик Платон. Големиот антички филозоф Сократ (470-399) пр. н. е. е наклеветен и обвинет од Милет, атински граѓанин, за безбожништво и дека идејно ја „труе”, ја расипува младината. Тој пред судот одбива да отстапи од своите принципи и да се откаже од своето учење. Настојувајќи за последен пат на граѓаните да им ја претстави духовната длабочина и вродената добрина на човекот, тој е осуден на смрт. Ова телевизиско остварување претставува оригинален обид да се прераскажат историските собитија кои извршиле силно влијание врз филозофскиот и духовниот пат на западната цивилизација. 13 декември (среда) 20:00 ч НАРОДНИ ТРИБУНИ: ДИМИТАР ПОП-ГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ 1987 г., 30 мин., колор, ДВД Режија: Томче Стојков Сценарио: Лазар Коларевски Улоги: Мите Грозданов, Мери Бошкова, Кирил Псалтиров, Славица Зафировска, Јовица Михајловски, Ванчо Петрушевски, Драги Крстевски – Амфи, Ратко Гавриловиќ Епизода од серијата „Народни трибуни“ на Телевизија Скопје снимена 1987 г., посветена на Димитар Поп Георгиев-Беровски, национален деец и револуционер, учесник во Разловечкото и Кресненското востание. КОЛЕДЕ – МИРЧЕ, ЛАВЕ, СТРУЈА, ОЃИН И МИТЕ… 2002г., 43 мин., колор, ДВД Режија: Мите Грозданов Документарна репортажа за коледарските обичаи во Кавадарци, во 2002 година. Група коледари вечерта спроти Бадник пеат и се гоштеваат околу коледарскиот оган, па тргнуваат во посета на повеќе кавадаречки домови. Се пеат вообичаените коледарски песни за домаќинот да им ја отвори вратата на својот дом, потоа се наздравува со ракија и мезе, и низ шега, разговор и со песна минува времето сè до утринските часови… Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале. По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај. Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација. Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта. Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи24 пациенти, повредени од пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи со д-р Моти Харац во делот на ортопедски и реконструктивни интервнеции и зачување на екстремитети. Шест операции се направени во Кочани и 16 посложени операции на клиниката за пластична хируригија заедно со македонските хирурзи. Изралеските хирурзи објаснуваат дека тимот на доктори во Македонија се одлични и направиле одлични интервенции. „Со сигурност можам да кажам дека начинот на кој овие неверојатни лекари овде се грижат за пациентите, начинот на кој ги следат, како и љубовта и грижата што ја покажуваат, е нешто што не може да се научи од книга. Не се работи за технологија, ниту за нешто друго. верувам дека сè се сведува на грижата и посветеноста, а тоа е навистина неверојатна работа. можам само да кажам дека ова е извонредна работа што сте ја завршиле тука“, изјави . д-р Моти Харац Националниот центар за изгореници при „Шеба“. Министерот посочи дека се што е потребно ќе биде продолжено со работа и дека станува збор за подолг процес на лекување кај повредените. Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 луѓе, голем дел останаа без делови од тело и големи лузни, душевната лузна е најдлабока на кои им се дава и психолошка нега. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФПретседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече:Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече: „Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на државата. Среќа што немаат кредибилитет кај граѓаните па тоа што го зборуваат, ретко кој верува, освен во тој круг во кој што тие се движат. Па така тоа што го зборуваат повеќе наидува на одбивање, отколку на одобрување. Па зарем вие ќе можете да препознаете, а сте дел од Светска Банка или Меѓународен Монетарен фонд подобри перформанси во македонската економија и да ги нивелирате вашите проценки за 2026та, ако Владата фингира? Не. Нормално дека не. Тие на тој начин ја обвинуваат Светска Банка и Меѓународниот Монетарен фонд, не Владата. Затоа велам кога испраќате таква порака, тоа не е само политичка порака, туку порака која што директно удира во темелите во државата. Ќе повторам, среќа е што немаат никаков политички кредибилитет лицата кои што испраќаат таква порака. Затоа повторно ќе се обратам до граѓаните, да бидат спокојни, точно знаеме што правиме и каде ја водиме државата, а резултатите се препознаени од сите наши партнери. Еве и денеска неговата екселенција амбасадорот тоа го кажа и сите кои што доаѓаат тука и за напредокот кој што го правиме и за економските резултати кои што оваа Влада ги прави.“, рече Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00