ТехнологијаМистериозна виолетова светлина се појави на небото над Европа- има повеќе објаснувања (ВИДЕО)На небото над Европа, во ноќта од понеделник кон вторник, граѓаните забележаа мистериозен виолетов зрак.Тој беше видлив во различни делови на Украина, но и во Германија, а тоа покрена многу прашања. Мистериозната светлина беше многу забележлива и доста силна, што се чинеше дека го „прободува“ небото со километри. Наводно, зракот бил видлив од секој дел на Украина, а во Германија имало околу 60 пријави за „мистериозна светлина“. Мрежите веднаш „светнаа“. Сите се прашуваа што е ова НЛО на небото, особено затоа што „менувало бои“. Имено, некои наведоа дека зракот имал синкава, а понекогаш и виолетова нијанса. Во Германија, првите пријави за мистериозната светлина почнаа да пристигнуваат околу 23 часот. Централната мрежа за истражување на вонредни небесни феномени (CENAP) доби голем број пријави. CENAP е приватно здружение и национална служба за пријавување на небесни феномени... Мистериозноста на објектот предизвика мноштво теории меѓу коментаторите - од инвазија на вонземјани до тестирање на ракети. Светлосна лента Според ко-основачот на CENAP, Хансјирген Келер (69), тој примил до 60 видувања, кои се протегаат од Рајнска област-Пфалц преку Северен Хесен, Баден-Виртемберг и Баварија до Австрија. „Нашата станица за известување за НЛО го прими првиот извештај за „светлосна лента“ околу 23 часот, која се движеше бавно, но стабилно од југозапад кон североисток“, рече Келер, додавајќи дека првично мислел дека е сателит на Starlink. „Кога го видов првиот снимки, знаев дека нешто не е во ред. Опашката беше едноставно премногу мазна“, рече тој. Што велат експертите? По „драмата“ во Украина, експертите се обидоа да објаснат што всушност граѓаните виделе на небото. Хидрометеоролошкиот центар во Черкаси изјави за украинскиот Телеграф дека може да станува збор за некаков вид оптички феномен, но бидејќи нивните задачи не вклучуваат набљудување на вакви објекти, не се осмелија да дадат поконкретна изјава. Експерт за ракетно и нуклеарно оружје и поранешен вработен во бирото за дизајн на ракети „Јужное“, Александар Кочетков, коментирајќи го настанот, веднаш ја отфрли верзијата за ракетата. „Феноменот има глобален карактер - беше виден не само во Украина, туку и во други европски земји. Не личи на лансирање на балистичка ракета, а би морало да биде многу голема ракета, вселенски носач. Повеќе личи на пад на боева глава од балистичка ракета, но тешко, бидејќи не стигнала до земјата“, рече тој. Според неговите претпоставки, објектот најверојатно бил трага од пад на метеорит. Иако, бидејќи траекторијата е доста необична, тој спомена и друга можност - редок атмосферски феномен наречен светлосен столб. Seht ihr auch diesen komischen Strich am Himmel? #Stuttgart pic.twitter.com/C35KByCLbs — dani (@danintown) August 25, 2025 „Нема закана“, увери Кочетков Виш научен соработник на Одделот за физика на подѕвездени и планетарни системи на Главната астрономска опсерваторија на Националната академија на науките на Украина, Алексеј Стеклов, е убеден дека објектот бил обичен космички удар. „Тие се различни. Ова е согорување на фрагменти, делови од јадрото на комета или делови од астероид. Претходно, дури имаше и услуги за регистрирање на космички удари. Сега, за жал, нема такви“, рече тој. Експертите во Украина веруваат дека ова е метеор од непознат тип бидејќи сите тие горат различно, во зависност од тоа каква е нивната основа (астероид, комета итн.). Исто така, објаснува Стеклов, неговата боја и другите карактеристики се под влијание на тоа дали има мраз на овие горечки небесни тела. Дали ова е причината за светлината? Сепак, Келер тврди дека знае каква била мистериозната светлина. Според него, причината лежи во вселенските летови. „Неколку часа претходно, кинеска ракета Long-March-8A полета од космодромот Венчанг на островот Хаинан. По првата орбита околу Земјата, првата фаза се одвои од втората. Во тоа време, беше ослободено гориво: оваа трага беше осветлена од ниското сонце и го предизвика феноменот“, рече тој. Во наредните денови и недели, според Келер, светлосните феномени повторно ќе бидат видливи на германското ноќно небо - бидејќи се лансираат сателитите „Старлинк“ на Илон Маск. Во ноември, набљудувачите на ѕвезди ќе можат да очекуваат природен феномен: кометата Атлас ќе се приближи толку блиску до Земјата што ќе биде видлива со голо око.Тагови: мистериозна светлина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ФудбалИталија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нацииИталијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, воФранција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0. Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот. Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути. Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот. Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“. Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1. На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20