БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
3Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
ЖивотМистериозна сообраќајка на две полициски возила Сообраќајната полиција има тешка задача пред себе Двете полициски возила останаа на улицата додека траеше истрагата на сообраќајната полиција. Двајцата полицајци кои ги управувале возилата поминаа со помали повреди а двете возила се уништени. Оваа сообраќајка се случила во Англија. Возач на автомобил кој пристигнал на местото на несреќата изјавил дека не му е јасно како успеале да се судрат двете возила, кога видливоста била максимална и немало други автомобили во близина. Од полицијата излегле со соопштение дека возачите на двата автомобили биле испрашувани и им се земале примероци од крв и урина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Кузман Јосифоски- Питу“ ќе прими 280 студенти: Вселувањето најавено од февруари Од 1 февруари студентите ќе можат да се сместат во реконструираниот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, кој располага со капацитет од 280 легла. Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави и распишување на оглас за сместување во наредниве денови, а право на сместување ќе имаат студентите кои ги исполнуваат предвидените услови. Обновата на домот е дел од поголем проект за реконструкција на девет студентски домови, вреден 86 милиони евра. Јаневска кажа и дека продолжуваат разговорите со студентите за воведување ваучерски систем за студентскиот оброк, а смета дека сумата што сега се извојува годишно е еквивалентна на вредноста на еден до два студентски дома. ,, Со сумата од 140 денари се издвојуваат помеѓу 16 и 17 милиони евра. Се уште чекаме одговор од студентите, но ние сме во постојана комуникација со нив и веќе од следната недела Министерството повторно ќе ги повика студентите на состанок за да видиме што конечно решиле, начелно го прифатија моделот.“ Во меѓувреме, претседателот на Собранието, Африм Гаши, ги покани студентите на ручек во собранискиот ресторан, откако беше побарано да им се овозможи да се хранат по истите цени што важат за пратениците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНово рочиште за пожарот во „Пулс“ – сведочеше ќерката на Дејан Јованов Деко Во дискотеката „Пулс“ во Кочани имало повеќе противпожарни апарати, панични светла , функционална задна врата, а полиција редовно вршела контрола за проверка на малолетници. Ова во судницата во Идризово денеска го истакна Магдалена Јованова, ќерка на Дејан Јованов Деко, првообвинет за пожарот во Пулс лани. Јованова рече и дека кога и да се користела пиротехника, секогаш имало лице задолжено за тој дел, но не можеше да се сети на неговиот идентитет. -Противпожарни апарати имаше кај главната врата, кај бината и кај шанковите, а панични светла имаше и на задната врата, на вратата за излез, како и на вратата кај билетарницата. Често доаѓаше полиција и бараа лични карти, стоеја на врата и не дозволуваа никој да влегува или излегува. Кога се користеше пиротехника, имаше човек кој раководеше со тоа, а надвор, пред врата, сум видела комбе со натпис „Пиротехника“.– сведок Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов Во однос на задната врата од дискотеката рече дека и самата таа, но и гостите често ја користеле за да излезат да пушат цигари, но и дека таму никогаш не видела обезбедување. Покрај Јованова, во судот сведочеше и пријателка на Јованов, како и столар кој работел на внатрешноста во објектот. За родителите на жртвите во пожарот пак кои и денеска беа присутни во суднциата, ваквите сведочења се ирелевантни, а посебно го отфрлаат денешниот исказ на Јованова. – Ова се првите своедоци на прообвинетиот. Мислам дека се многу неважни, бидејќи на околностите на кои сведочеа беа како паушално доведени, како да се злоупотреби рочиштето и не дадоа некое значење, посебно не Магдалена, бидејќи обвинителството мислам дека има многу повеќе докази за неа. - Александар Наунов, родител на жртва во дискотеката „Пулс“ Следното рочиште за трагедијата во Кочани со испитување на сведоци на одбраната ќе продолжи на 24 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаПредметот „Корабоски“ да се пресели во друго обвинителство и суд, аплеира адвокатот Туфегчиќ Според него, реакциите во јавноста се оправдани.Необичниот пресврт, од мерки на претпазливост за насилникот Кристијан Корабоски и пуштање дома па се до притвор неколку часа подоцна, е драстична промена која е показател на различни правни стандарди, кои со право отвораат сомнежи дека имало влијание во првичната одлука на јавниот обвинител, смета адвокатот Владимир Туфегчиќ. Според него, реакциите во јавноста се оправдани, а предметот во кој Корабоски е обвинет за претепување на неговата девојка Сара Ѓорѓиоска, од Охрид треба да се делегира на друго обвинителство и друг суд, поради непристрасноста во постапувањето. -Мала локална средина создава голема локална моќ на одредени луѓе кои можат да имаат и имаат влијание врз институциите, вклучително и судиите и јавните обвинители. И ова што сега се случило, не е добро, затоа што не можете вие на еден човек денеска сабајле да му определите мерки за претпазливост, а по ручек, за истата работа, да му определите мерка притвор и тоа е прилично дискутабилно. Се примениле во конкретниот случај различни правни стандарди, отвора сомнеж дека имало влијание за првичната одлука на јавниот обвинител.- Владимир Туфегчиќ – Адвокат Според правната квалификација на делото, која исто така доживеа промена во неколку часа, од „тешки телесни повреди“ до обвинение поднесено по три кривични дела „телесна повреда“, „против правно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста“, според Туфегџиќ исто така е невообичаено. Вели, обвинителот, наместо десетина часа, законски можел да го држи во притвор осомничениот 24 – часа, што е доволно време да види со какви докази располага во моментот и да донесе соодветна одлука. -По однос на правната квалификација на кривичното дело и самиот настан, ќе кажам дека ниту јас, ниту вие, ниту било кој е повикан да се стави во улога на јавен обвинител, таа работа треба да ја одработи јавниот обвинител кој денеска бара 40% поголема плата, треба да си го одработи судот и институциите, каде што е место за таква работа. Јавниот обвинител, не знам од кои причини, не го искористил законското овластување за задржување од 24 часа, тие во законот за кривичната постапка не се предвидени случајно, тоа е време кое е сосема доволно, се проценило дека е доволно, да јавниот обвинител види за што се работи, да види со какви докази располага и да, на некој начин, му биде овозможено да донесе соодветна јавно обвинителска одлука, а не вака со брзање, да се носат две различни одлуки од претпладне до попладне. - Владимир Туфегџиќ - Адвокат Според адвокатот, реакциите во јавноста се оправдани и мора навремено да се елиминира некакво претпоставено влијание, па смета дека ваквите проблеми би се решиле доколку конечно Републичкото јавно обвинителство го примени законското овластување за хоризонтално преместување на судии и обвинители од едно во друго апелационо подрачје, особено во малите средини каде луѓето повеќето меѓусебно се познаваат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter