3Божиновска за ветерниот парк „Штип “: Енергетската независност се гради со инвестиции и силни партнерства
ФудбалМистериозна порака на Ибрахимовиќ- ќе игра ли во нов клуб? Златан Ибрахимовиќ на Инстаграм објави фотографија во друштво на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.Не е тајна дека тие двајца се познаваат, Берлускони беше сопственик на Милан во првиот мандат на шведскиот напаѓач во тој клуб. Ибрахимовиќ играше за Милан од 2010 до 2012 година, пред да се врати во тој клуб во 2020 година. Во својот прв мандат ги освои италијанското првенство и Суперкупот, а минатата сезона, која добар дел ја пропушти поради повреди, додаде уште една титула во Серија А и во богатата ризница на неговите трофеи. Берлускони го продаде Милан во 2017 година откако го поседуваше 31 година. Една година потоа ја купи Монца која оваа сезона се натпреварува во Серија А. „Историјата не може да се избрише, а иднината допрва треба да се пишува“, напишал Ибрахимовиќ во објавата на Инстаграм и го означил Берлускони. Многумина се прашуваат дали тоа значи дека 41-годишниот играч, кој е во последната сезона од договорот со Милан, најави нов клуб во кариерата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
Македонија15 годишниот Михаил не се плашел од брановите – влегол во морето и спасил тричлено семејствоИма само 15 години, но во момент кога три човечки животи биле во опасност, покажал храброст и човечност на која може му се восхитуваат и многу повозрасни од него. Младиот битолчанец Михаил Николовски стана вистински херој на плажите во грчко летувалиште, каде успеал да помогне во спасувањето на тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во Егејското Море. Драмата која за среќа завршила со среќен крај благодарение на младиот Михаил се случила на плажата во Олимпијада, каде силните бранови однеле мајка, татко и нивното дете подалеку од брегот. Иако повиците за спас на тричленото семејсво во морето го привлекле вниманието на луѓето на плажата, додека присутните немо гледале што се случува, петнаесетгодишниот Михаил без размислување за својот живот решил да реагира, влезе во разбрануваното море и ги спаси човечките животи. -Јас бев во плиткото до колена, и наеднаш жена почна панично да бара помош, помош, помош. И јас се врам наоколку низ плажа да видам дали луѓе дали ќе реагираат но видов дека никој не реагира. И така одма скокнав и испливав накај жената да ја спасам да ја однесам накај плиткото. Одма испливав, ја фатив жената видов дека е со перниче и видов дека е со дете и нејзиниот маж таму. И одма ја однесов во плиткото и одма после тоа се вратив накај дететто. Го извадив детето надвор исто како и жената и малце бев уморен и веднаш тргнав накај таткотко – вели Николовски. Кога опасноста конечно поминала, следувала сцена која Михаил веројатно долго ќе ја памети. Присутните на плажата почнале да аплаудираат и да го извикуваат неговото име, објаснува со трепет во својот глас неговата мајка Јасна Николовска. -Многу беше се на брзина, се беше хаотично меѓутоа можеше многу страшно да биде. Јас искрено не можев да се соберам од плачење, од гордост што чуствувам, какво дете сум израснала, какво е солидарно. Тој не промисли во ниту една минута за опасноста што него го демнееше. Ја искористи неговата сила, тој е снажен 185 има 95 кила го искористи тоа за да помогне некому – вели Николовска. Аплаузите од плажата набрзо се преселија и на социјалните мрежи каде приказната за 15-годишниот ученик во СОУ „Ѓорги Наумов“ од Битола се споделува со пофалби за неговата храброст и присебност во момент кога биле загрозени човечки животи. Самиот Михаил, сепак, за својот потег зборува скромно. Вели дека чувствувал страв и дека во првите моменти по спасувањето не бил целосно свесен што направил. -Се уплашив, но не се уплашив доволно за да ме спречи нешто, објаснува младиот битолчанец. Во свој коментар за Канал 5 мајката на Михаил, Јасна откри дека нејзиниот син добил и подарок од семејството од Бугарија – маска за нуркање, која тој со задоволство ја примил и која секогаш ќе го потсеќа на овој надчовечен храбар чин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСДСМ: Мицкоски, навистина мисли дека сите се идиоти, како и Бобан МилошескиГета бесплатно? Целата прослава бесплатно?Тоа што го платила Државна Лотарија, која е во сопственост на државата - тоа не важи? Христијан Мицкоски денеска тврди дека за Дејвид Гета и сите настани по повод 35 години независност потрошиле „нула денари“ од буџетот. Сè било организирано со поддршка на „општествено одговорни компании“. Уште една лага на Мицкоски. Само лаги. Човекот кога ќе ја отвори устата - лаже. Не знаеме дали и самиот почна да верува во сопствените лаги, бидејќи неверојатно е некој да мисли дека граѓаните можат да поверуваат во вакви бесмислени лаги. Државната лотарија е државна. Парите на Државната лотарија се народни пари. Кога државна компанија плаќа од дивидендата за концерти и прослави на Владата - тоа се пари на граѓаните. Нема „нула денари“. Има префрлање на трошокот од еден џеб на државата во друг. Додека касата е празна, додека се задолжуваат милијарди, додека нема пари за плати, пензии и земјоделци - има пари за спектакли што се претставуваат како „бесплатни“. Мицкоски, граѓаните не се идиоти. Гледаат каде одат парите. И знаат дека „нула денари“ е само уште една лага, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска за ветерниот парк „Штип “: Енергетската независност се гради со инвестиции и силни партнерстваМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска присуствуваше на официјалното одбележување на успешното финансиско затворање на проектот „Ветерен парк Штип “.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска присуствуваше на официјалното одбележување на успешното финансиско затворање на проектот „Ветерен парк Штип “, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски, претставници на инвеститорот Alcazar Energy Partners, финансиските институции и други претставници на институциите и приватниот сектор. Успешното финансиско затворање претставува една од најважните пресвртници во реализацијата на овој значаен енергетски проект, со што се создадени договорните и финансиските предуслови за преминување во следната фаза на неговата реализација. Министерката Божиновска порача дека ваквите инвестиции се доказ дека енергетската иднина на државата не се создава со декларации, туку со конкретни проекти, сериозни партнерства и институции кои имаат јасна насока. „Енергетската независност не се прогласува. Таа се гради. Се гради со нови производствени капацитети, со одговорни инвестиции, со знаење и со институции што имаат јасна насока. Се гради со одлуки чија вредност нема да се мери само денес, туку и во децениите што доаѓаат“, истакна Божиновска. Ветерениот парк ќе произведува чиста електрична енергија , ќе се создадат повеќе од 300 работни места и значајни можности за локалните и регионалните компании. Министерката посочи дека улогата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е многу поширока од институционална поддршка на поединечни проекти. „Нашата работа е да ја поставиме насоката на енергетскиот развој, да обезбедуваме институционална координација, да ги поврзуваме потребите на економијата со можностите на енергетскиот систем и во секоја одлука да го чуваме јавниот интерес. Министерството мора да биде двигател на развојот и чувар на јавниот интерес“, нагласи Божиновска. Таа истакна дека една од клучните обврски на институциите е создавање стабилен и предвидлив инвестициски амбиент, во кој сериозните инвеститори ќе имаат јасни правила, правна сигурност и професионален институционален партнер. „На сериозните инвеститори треба да им обезбедиме јасни правила, професионален однос и ефикасно постапување во рамките на нашите надлежности. Тоа значи институции кои знаат што сакаат да постигнат и законска рамка која создава сигурност за долгорочни инвестиции“, порача министерката. Во таа насока, Божиновска потенцираше дека Министерството продолжува со воспоставување и унапредување на законската и регулаторната рамка за енергетскиот сектор, со цел Македонија да биде земја во која инвеститорите можат да планираат долгорочно, а енергетските проекти да се реализираат ефикасно, транспарентно и во согласност со највисоките стандарди. „Ќе се залагаме за поефикасни постапки, но не и за пониски стандарди. Ќе ги поттикнуваме инвестициите, но ќе инсистираме тие да бидат одговорни кон просторот, животната средина и локалните заедници“, истакна Божиновска. Министерката нагласи дека успешната реализација на големите енергетски инвестиции бара вистинско партнерство меѓу Владата, ресорните институции, инвеститорите, финансиските партнери, операторите на системот и локалните заедници. Токму координацијата меѓу сите институции и јасната определба за создавање услови за развој се клучни за реализација на проекти кои носат нови производствени капацитети и ја зајакнуваат енергетската сигурност на државата. „Ниту еден голем енергетски проект не треба да го гледаме изолирано. Новите производствени капацитети мора да ги планираме заедно со развојот на мрежата, можностите за складирање енергија и потребите за сигурно управување со системот. Нашата цел не е само да имаме повеќе инсталирани мегавати. Нашата цел е тие мегавати да бидат дел од посилен и поотпорен електроенергетски систем“, рече Божиновска. Таа додаде дека енергетската транзиција мора да донесе конкретна вредност и за локалните заедници – преку нови работни места, ангажман на домашни компании, можности за инженери и стручни кадри и создавање нови перспективи за младите. „Македонија треба да биде земја во која природниот потенцијал станува производствена сила, инвестициите стануваат развој, а развојот станува подобар живот“, порача министерката. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на создавање стабилна, модерна и предвидлива енергетска политика, која ќе обезбеди услови за нови инвестиции, развој на домашните енергетски капацитети и зајакнување на енергетската сигурност на државата. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter