ВМРО-ДПМНЕ: Од опозиција Филипче вели Македонија не е на продажба а сите паметиме како со Заев го продадоа името
1ВМРО-ДПМНЕ: Од опозиција Филипче вели Македонија не е на продажба а сите паметиме како со Заев го продадоа името
3 Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање
СветМистериозна магла во Калифорнија предизвика метеж и остави бела трага- граѓаните се жалат (ВИДЕО) Густ облак од „радијациска магла“ ја покрива Централната долина на Калифорнија со недели, што се совпаѓа со бројни пријави за респираторни симптоми кај локалните жители.Повеќе од 20 окрузи, по должината на делот долг 700 километри, се погодени од ниско поставениот сив нос, кој се формира кога земјата брзо се лади по зајдисонце, создавајќи дебел слој магла во близина на површината, објавува Дејли меил. Џералд ДеПералта од Трејси рече дека тој и неговото семејство кашлаат и имаат затнат нос околу една недела. „Имаме инхалатори за децата при рака и се обидуваме да ги држиме внатре колку што е можно повеќе“, рече тој, споделувајќи снимки од неговиот автомобил покриен со магла, која изгледаше како густ бел прав додека го бришеше. Коментаторите на видеата на TikTok рекоа дека и други доживеале слични симптоми во последните неколку недели. Една мајка сподели дека егземата на нејзините деца се влошила откако се појавила маглата, додека друг локален жител рече дека имал три главоболки за две недели, нешто што никогаш порано не го доживеал во животот. Сепак, здравствените експерти предупредуваат дека самата магла не предизвикува болест и дека други фактори од животната средина или сезонските фактори може да играат улога. За време на ваквите настани, температурните инверзии можат да ги заробат издувните гасови од автомобилите и индустриските загадувачи блиску до земјата, потенцијално влошувајќи го квалитетот на воздухот и предизвикувајќи иритација на респираторните органи, особено кај луѓето со астма или други белодробни заболувања. Радијационата магла, позната и како „Туле магла“, се јавува во Централната долина во Калифорнија секоја есен и зима, а голем, долготраен настан од крајот на ноември до почетокот на декември 2025 година создаде маглив појас долг над 430 милји. Иако воопшто не е поврзана со нуклеарно зрачење, радијационата магла може да создаде екстремни ризици за возачите со значително намалување на видливоста. За крајот на инверзијата ќе биде потребен моќен временски систем што може да ја раздвижи атмосферата, ладејќи ги повисоките надморски височини и затоплувајќи ги пониските. „Кашлам веќе три недели. Антибиотиците, инхалаторите, сирупите за кашлица и бензонатат не функционираа“, рече Мајкл Вашингтон, жител на Калифорнија. Други жители рекоа дека доживеале болки во грлото и белите дробови. Не е јасно што остава белиот остаток на површината. Природната бела магла не остава бел прав, бидејќи тоа е едноставно облак на ниво на земјата составен од милиони ситни, бистри капки вода што испаруваат додека сонцето го загрева воздухот. Сепак, овие бели траги би можеле да бидат остатоци од прашина, загадување, чад или хемиски честички што суспендираат во воздухот, што би можело да предизвика мистериозни здравствени проблеми кај луѓето. „Имам многу роднини во Сакраменто. Таа магла е навистина лоша… Возењето било каде во Сакраменто е опасно во магла, тоа е една од најгустите магли на земјата!“, коментираше друг корисник на социјалните медиуми. Во последниве години, облакот од магла предизвика огромни сообраќајни метежи по автопатите во Централна Калифорнија. Оваа магла делува како капак на тенџере, спречувајќи го ветерот да го однесе загадувањето. Кога се формира магла, слој од потопол воздух седи врз студениот, маглив воздух во близина на земјата. "Mysterious health issues reported as 'radiation' fog hits California" - Daily Mail #SmartNews https://t.co/CwuNMiTwrS — Jesus Loves you. (@JesuswillYou) December 17, 2025 Овој „капак“ ги заробува издувните гасови од автомобилите, чадот од оџаците, фабричките гасови и земјоделската прашина токму таму каде што жителите го дишат. Мали честички (PM2.5) се заглавуваат во овој заробен воздух и можат да се пренесат во белите дробови на една личност, па дури и во крвотокот. Вдишувањето загаден воздух во магливи денови може да ги влоши нападите на астма, кашлањето и свирењето во градите, особено кај децата и постарите лица. Светската здравствена организација (СЗО) вели дека овој вид на заробено загадување на воздухот е една од водечките причини за предвремена смрт во светот, загрозувајќи милиони луѓе секоја година.Тагови: Калифорнија магла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Од опозиција Филипче вели Македонија не е на продажба а сите паметиме како со Заев го продадоа иметоОд опозиција Филипче вели Македонија не е на продажба, а сите паметиме како на власт со Заев го продадоа името и распродаваа идентитетот.Венко Филипче, сега опозиција зборува за непродажба на Македонија, а граѓаните паметат како со Зоран Заев на власт го продадоа името и го распродаваа идентитетот и националните интереси. Додека Филипче зборува дека државата не е на продажба, откако со Заев потпишаа бланко бел лист хартија со бугарски барања, токму тој се нуди и го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт. Малку му се фирмите во Бугарија, па сега Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери, да зема проценти и провизии, односно да продолжи од таму каде што застана во владата на неговиот ментор Заев. Освен својот личен интерес и џеб, Венко Филипче друго не го интересира, ниту СДС, партијата што ја води, ниту државата, ниту граѓаните го интересираат. Затоа СДС ја сведе на маргинална опозиција и на праг од биолошкиот минимум и е против се што во државата значи инвестиции, развој и подобар живот на граѓаните. Филипче сака само тој да има хациенди на Водно, стан во Дубаи, да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од 20% од набавката и поставувањето на модуларни болници, сакаше да ќари на Ковид вакцини кои потоа на граѓаните ќе им ги продаваше по три пати повисока цена. Ова е вистинскиот Венко Филипче кој се што може се продаде и распродаде, како што со Заев ги распродаваа националните интереси, само за да дојде на власт. Да го спречи секој развој на државата и секоја инвестиција која ќе значи подобар животен стандард за граѓаните, за државата да стагнира само за тој да има тема за медиумско појавување. Одамна е прочитан Филипче дека освен неговиот интерес, ништо друго не го интересира, затоа и граѓаните и партиските членови и симпатизери не му веруваат, на избори за него не гласаат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Минималната кошничка речиси 90.000 денари - власта има за авион и DJ, но нема за работникот! Сојузот на синдикати ја направи септемвриската пресметка: синдикална минимална кошничка е скоро 90.000 денари. За еден месец порасна околу 800 денари. Храната и пијалоците се околу 25.000. Со кирија за стан од 60 квадрати - близу 90.000. Студент што изнајмува стан во град, со сметки и превоз, често не го затвора месецот ни со 95.000. Просечната плата не ја покрива кошницата. Минималната е далеку под животниот стандард. Пензионерот живее уште потешко. Линеарните илјада денари не се никаква политика. Тие се понижување. Земјоделецот плаќа поскапо гориво, машини и ѓубриво, додека продава поевтино. Субвенциите пресечени и намалени за 40 милиони евра. Зелената нафта доцни. Откупот е понижувачки. Помошта од Унијата стои затоа што Мицкоски ги затна реформите и го забави патот кон ЕУ. Доаѓа зима. Сметките за струја и греење уште не стигнале. Ќе стигнат. Ова не е судбина. Ова е резултат. СДСМ бараше мерки на почеток на кризата: акциза на гориво да се укине, ДДВ на енергенси да се намали на 5 проценти, а минималната плата да изнесува 600 евра. Во време на најголемата криза со короната, почетокот на војната во Украина и големата енергетска криза, СДСМ даде над 2 милијарди помош за населението. Оваа екипа, со Мицкоски на чело, не даде ништо. Не прифатија ништо. Горивото го пуштија да порасне до плафон. Со него порасна и лебот, превозот, нивата, киријата. Сега продаваат статистика. Статистиката не полни фрижидер. Има за авион. Има за мебел. Има за луксуз. Нема за работникот. Човек што носи еден часовник од колекцијата од 60.000 евра и одело од пет или десет илјади, остава народот да гладува. 5,53 милиони за Дејвид Гета. 1,6 милиони да ја делат опозицијата. Провизија има. Плата нема. Собранието да го усвои предлогот на СДСМ за минимална плата од 600 евра. Не како подарок. Како праг под кој државата не смее да дозволи граѓанинот да заработува. Без тоа оваа есен нема „стабилност“. Туку пресметка на организираната криминална група врз кошницата. Арамијата живее над неа. Народот во неа. Скопје, 21.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЕвропаАФД извојува уште една голема изборна победа во Германија, ЦДУ на Мерц мина катастрофалноЛевицата го освои Берлин, додека Алтернатива за Германија победи во Мекленбург-Западна Померанија, а ЦДУ претрпе големи загуби на двата избори.Последните покраински избори во Германија за оваа година донесоа остри политички пресврти. Левицата го освои Берлин, додека Алтернатива за Германија победи во Мекленбург-Западна Померанија, а ЦДУ претрпе големи загуби на двата избори. Резултатот значи дека претходната коалиција на ЦДУ-СПД во главниот град повеќе нема мнозинство. ЦДУ го бележи својот најлош резултат во историјата на покраината со само 4,9%, Алтернатива за Германија е новата народна партија во државата, изјави копретседателката на оваа крајнодесничарска партија, Алис Вајдел, по покраинските избори во Берлин и Мекленбург-западна Померанија. Канцеларот Фридрих Мерц го нарече „слаб“ и побара негова оставка.според анкетата објавена од германскиот јавен сервис АРД, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, АФД повторно се позиционира како најубедлива политичка опција со 37 отсто поддршка, додека ЦДУ останува на 5,5 отсто и паѓа на петтата политичка позиција. Во Берлин, изборната сцена е сосема поинаква. Во главниот град и еден од најнаселените градови-држави во земјата, левичарската партија го зазема првото место со 25,3 отсто, по што следуваат ЦДУ со 19,1 отсто, АФД со 16,2 отсто, канцеларот Фридрих Мерц рече дека нема начин да се ублажи “ резултатот на ЦДУ во Мекленбург-Западна Померанија. „Тоа е катастрофа“, рече лидерот на ЦДУ во изјава во седиштето на партијата во Берлин. Тој рече дека неговата партија е „исцедена“ бидејќи натпреварот се стесни на битка меѓу Социјалдемократската партија и Алтернатива за Германија. Тој заврши со предупредување за „авторитарниот отров“ за кој рече дека сè повеќе наоѓа пат во општеството преку „фасцинацијата со авторитаризмот“.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter