ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
2ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
ЖивотМистериозен споменик „Заповестите на Ѓаволот“ во срцето на Америка? Чии пораки се испишани на гранитните стени (видео)Речиси 40 години Американците се спорат околу мистериозниот споменик на чии камени блокови се испишани 10 заповести, кои некои ги сметаат за манифест на новиот светски поредок, други за „Заповестите на Ѓаволот“, а третите за упатство за живот по нуклеарната војна.„Американскиот Стоунхеџ“ , како што уште го нарекуваат, се наоѓа во округот Елберт, во државата Џорџија. Подигнат е во 1980 година,а до ден денес не е познато кој навистина го изградил. Гранитниот споменик е висок 5,87 метри и тежок 110 тони. Се состои од централен блок околу кој се поставени четири масивни плочи, додека една се наоѓа на врвот и ги поврзува сите. На него се испишани 10 пораки упатени до човештвото, на осум најголеми светски јазици: англиски, шпански, кинески, руски, хинду, арапски, хебрејски и свахили. Некои теоретичари на зговор го нарекуваат и „10 заповеди на Антихристот“ или „Манифест на новиот светски поредок“. Недалеку од споменикот е поставена уште една плоча на која се наведени информации за структура на споменикот, јазиците кои се користени, висината, тежината, астрономски додатоци и наводните градители. Исто така, наведено е дека под споменикот се наоѓа закопана временска капсула, но не се внесени датумите кога е закопана, ниту кога би требало да се отвори. -Нека ова биде нишка водилка кон Доба на разум, пишува на средината на плочата. На таа плоча стои и дека авторот на камената композиција е „Р.Ц.Кристијан“ (R.C. Christian), а дека неговата изградба ја спонзорирала „мала група Американци кои трагаат по добата на разум“. На рабовите на плочата се наоѓа превод на таа реченица на четири древни јазици: вавилонски, класичен грчки, санскрит и древен египетски, испишан со хиероглифи. Десетте заповеди гласат: 1.Одржувај го човештвото под популација од 500 милиони за да се одржи баланс со природата 2.Мудро насочувај ја репродукцијата подобрувајќи ја кондицијата и различностите 3.Обедини го човештвото со нов жив јазик 4.Влаедј со страст, верба, традицијата и сите работи со одмерен разум 5. Заштити ги луѓето и нациите со поштени закони и правични судови 6. Дозволи му на секој народ самиот да се управува, а меѓусебни несогласувања нека се решат на светски суд 7.Избегнувај непотребни правила и ситничарски закони 8.Нека личните права бидат соодветни со општествените должности 9.Цени ја вистината, убавината и љубовта, барајќи склад со бесконечниот 10. Не биди ракот на Земјата, остави и простор на природата Во јуни 1979 година маж под псевдонимот Роберт Ц.Кристиијан побарал од фирмата "Elberto granit fišing" да изгради споменик во име на „мала група лојални Американци“. Објаснил дека тој споменик би требало да претставува „компас, календар и часовник“, и да преживее катастрофи. Диркеторот на "Elberto granit fišing" се обидел да го одврати од таа идеја, наведувајќи цена неколку пати поголема од било кој проект кој таа компанија до тогаш го извела, но наводниот Кристиијан ги прифатил сите трошоци. Споменикот и бил претставен на јавноста на 22 март 1980 година, а наводниот Кристијан подоцна сопственоста на споменикот и земјиштето на кое е изграден го превел на округот Елберт. До денес не е познато кој е човекот зад псеудонимот Роберт Ц.Кристијан и кој стои зад „малата група лојални Американци“. Постојат, меѓутоа, бројни теории Некои теоретичари на заговор псеудонимот „Р.Ц.Кристијан“ го поврзуваат со Кристиијан Розенкројцер, основачот на „Розенкројцерскиот ред“, мистично друштво кое влијаело на развојот на масонските ложи. Вторите сметаат дека станува збор за манифест на самонаречената елита која сака да го уништи мнозинството од човечката популација. Најприфатената, меѓутоа, е теоријата која тврди дека споменикот претставува упатство за тоа како да се обнови цивилизацијата по уништувањето, и дека споменикот изграден во времето на Студената војна е наменет како порака на преживеаните, кои не би биле повеќе од 500 милиони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МакедонијаСиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка. Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година. Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување. Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година. Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес. Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисијаДвижењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството. Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем. Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди. Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења. Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури. За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МакедонијаСиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. „Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook