ТехнологијаМистериозен сигнал од вселената се повторува, научниците збунетиПо најновите набљудувања со радиотелескопи, астрономите го отфрлиле главното објаснување за мистериозниот сигнал од вселената што се повторува во редовни интервали.Тоа е сигналот FRB 20180916B, кој се повторува на секои 16,35 дена. Претходните модели покажале дека најверојатно е резултат на интеракција помеѓу sвездите кои се во блиска орбита, но новите откритија сугерираат дека причината не може да биде бинарен систем од овој тип. Брзите радио -рафали (FRB, fast radio bursts) се една од најфасцинантните мистерии во космосот. Тие се исклучително моќни, некои ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони Сонца и траат помалку од трепкање на окото. Една од најважните карактеристики на овие сигнали е дека тие се краткотрајни и непредвидливи. Тие обично се појавуваат одеднаш на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди. Повторувачките FRB, односно кога тоа не е само еден интервал, туку неколку по ред, се многу ретки и особено го привлекуваат вниманието на научниците. Но, уште пофасцинантен феномен од повторувачките FRB се оние што се повторуваат во редовни интервали, на секои неколку дена или месеци, како да се усогласени со некој невидлив вселенски часовник. "Очекувавме силни ѕвездени ветрови што го придружуваат изворот ФРБ да емитуваат претежно сина, кратка бранова радио светлина. Црвените радио бранови со долги бранови должини требаше да бидат повеќе или целосно блокирани", вели астрофизичарката Инес Пастор-Маразуела од Универзитетот во Амстердам, Холандија. "Постојните модели на бинарни ветрови предвидуваа дека пукањата ќе бидат само или претежно во сина боја. Но, видовме сини рафали два дена, а потоа три дена со повеќе црвени радио -рафали. Тоа го исклучи објаснувањето на оригиналниот модел - мора да биде нешто друго“, додаде таа. Научниците минатата година откриле голема индиција за тоа што може да предизвика FRB. Откриле дека еден од нив бил предизвикан од магнетар, тип неутронска sвезда со исклучително силно магнетно поле, пишува Science Alert. Но, тоа не значи дека оваа мистерија е целосно разрешена. На пример, не се знае зошто некои FRB се повторуваат, а други не. Исто така, не е јасно зошто FRB кои се повторуваат во редовни интервали се толку ретка појава. Ако бинарниот систем е исклучен како причина за FRB 20180916B, тогаш што ја предизвикува неговата периодичност? Според едно објаснување, може да биде предизвикано од објект како ротирачки магнетар или пулсар. Но, експертите сметаат дека ова не е најдоброто решение, бидејќи тие обично не ротираат толку бавно. Со оглед дека научниците го напуштиле бинарниот систем како причина, сега таа опција е повторно на маса. „Реткиот бавен ротирачки магнетар сега е најдобро објаснување за она што го откривме“, рече Пастор-Маразуела. Студија наречена Chromatic periodic activity down to 120 megahertz in a fast radio burst е објавена во списанието „ Nature“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиВидео: Неверојатна тепачка во НХЛНатпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута. Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ. ONE OF THE BEST HOCKEY FIGHTS YOU WILL EVER SEE!!! 🤯 MUST SEE TELEVISION 🍿 https://t.co/jXd0MSMtpt — Kalshi Sports (@KalshiSports) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област. Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37