Мистериозен болид на Формула 1 се појави на автопат, полицијата бара помош (ВИДЕО) - Канал 5

Мистериозен болид на Формула 1 се појави на автопат, полицијата бара помош (ВИДЕО)

Видеото од несекојдневен настан ни доаѓа од Чешка.

Мистериозен болид на Формула 1 се појави на автопат, полицијата бара помош (ВИДЕО)

Таму е забележан болид на Формула 1, но не на патека туку на јавен автопат. Снимен е болид на Формула 1 со иконографија на Ферари кој крстари по автопат. Возачот и автомобилот не биле фатени, а бидејќи автомобилот не бил регистриран, не бил ниту легитимиран, па чешката полиција бара помош за пронаоѓање на овој насилник, кој со ваквото возење довел во опасност многу учесници во сообраќајот и себе си.

Последното видео покажува дека тоа е реплика на автомобилот од 2004 година, зад чиј волан беше Михаел Шумахер. Нагласениот број 7 е многу веројатно поврзан со бројот на освоени титули на светски шампионати. Возачот носи кацига, па и овој пат е невозможно да се идентификува.

Сличен настан е забележан и пред неколку години, но оттогаш се губи секаква трага на возачот и на неидентификуваниот автомобил. Ако го фатат, возачот речиси сигурно ќе ја изгуби возачката дозвола најмалку една година, а најверојатно ќе биде казнет и со неколку илјади евра.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова помилува 25 осудени лица по повод Илинден

По повод 2 август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука со која се помилувани вкупно 25 осудени лица.

Претседателката Сиљановска-Давкова помилува 25 осудени лица по повод Илинден

Шест лица се целосно ослободени од натамошно извршување на неиздржаниот дел од затворската казна.

За остатите 19 осудени лица е донесено решение за делумно намалување на затворската казна. Најголем дел од нив се ослободени од пет месеци од преостанатата казна, додека кај дел намалувањето изнесува осум или девет месеци. Најголемо намалување, од една година и шест месеци, е определено за Имер Јакупи од село Зајас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче со другарите за да дојде на власт подготвен е да прави се

Филипче со другарите за да дојде на власт подготвен е да прави се, последното беше праќање криминалци да направат инцидент во Ново Село.

Манасиевски: Филипче со другарите за да дојде на власт подготвен е да прави се

Кога станува збор за СДС и актуелното раководство, другарите на Венко Филипче секојдневно сведочиме на лаги, манипулации, ширење на паника, како и наменско креирање на инциденти за да привлечат внимание.

Во нивни стил за доаѓање на власт, во Ново Село пуштија лица кои се насилници, корисници на наркотични средства да направат инцидент. Тоа беа лица со криминални досиеја роднини на другарот на Филипче, Зоран Заев.

Секако, и оваа приказна на Филипче имаше краток рок и веднаш беа разоткриени и лицата и нивните намери. Тие дури и сами почнаа да признаваат дека биле дел од инцидентот во Ново Село.

На сите им е јасно дека вакви лица како Филипче и актуелното раководство на СДС не можат да направат нешто сериозно, а не да дојдат власт и да водат држава. Секој ден со секој нов случај само покажуваат дека се талог во Македонија. Оттука никој во државава сега и не очекува ништо од нив.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски на средба со претставници на „Корендон“ една од најголемите туристички групации во Европа

Постои потенцијал за нови инвестиции и развој на авиосообраќајот и туризмот.

Николоски на средба со претставници на „Корендон“ една од најголемите туристички групации во Европа

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“.

Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот.

На средбата, заменик претседателот на Владата, Николоски го истакна огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио дестинација, особено во услови на континуиран раст на воздушниот сообраќај и зголемен прилив на странски туристи.

Тој потенцира дека Македонија се позиционира меѓу најбрзорастечките пазари во Европа со раст од 40 проценти на патници во доаѓање во авиосообраќајот, како и значителен раст и на бројот на туристи, што дополнително го потврдува потенцијалот за развој на нови авиолинии, туристички аранжмани и инвестиции во туристичката инфраструктура.

На средбата беше посочено дека подобрата авио поврзаност и отворање на нови пазари и услуги се од особено значење за континуираниот развој на туризмот и бројот на нови туристи во земјата.

“Македонија има голем потенцијал за развој на авиосообраќајот и туризмот и тоа го докажуваме во континуитет. 28 нови дестинации, растот од 40 проценти во авиосообраќајот, преку 20 проценти раст на туристите е јасен показател дека интересот за Македонија расте. Нашата цел е овој тренд да го претвориме во нови авиолинии, повеќе туристи и нови инвестиции и отворени сме за соработка“, истакна Николоски.

„Корендон“ е истакната меѓународна туристичка групација и е меѓу трите водечки туроператори во Холандија и Белгија. Групацијата нуди пакет-патувања до повеќе од 50 дестинации.

Групацијата, покрај тур-операторските услуги, во своето портфолио располага со повеќе од 40 авиони кои летаат под знамињата на Турција, Холандија и Малта.

Во сегментот на тур-операторските услуги опслужуваат приближно 850.000 клиенти годишно, додека „Корендон ерлајнс“ превезува меѓу 6 до 10 милиони патници на годишно ниво.

На средбата беше заклучено дека постои простор за идна соработка, особено преку отворање нови можности во авиосообраќајот, привлекување странски туристи и разгледување потенцијални инвестиции во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер