Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
1Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
СветМистерија на крузер: Тинејџерка не се појавила на појадок, телото ѝ го пронашле под кревет Семејството и пријателите жалат за мистериозната смрт на 18-годишната Ана Кепнер од Флорида, која беше пронајдена мртва на крузерот „Карнивал Хорајзон“. Нејзината смрт е под истрага на ФБИ.Ана, која планирала да се приклучи на војската по матурата, била пронајдена мртва на крузерот додека се враќал во пристаништето во Мајами во саботата, 8 ноември, објави Дејли Меил. Девојката била пронајдена мртва завиткана во ќебе под креветот. Ана била на крстарење од Мајами до Карибите. ФБИ ја истражува мистериозната смрт на девојката бидејќи починала во меѓународни води. Нејзиното тело било изнесено од бродот на 8 ноември за време на шестдневно крстарење кога бродот се закотвил во Мајами откако го сменил курсот. Причината за смртта е сè уште непозната, но судските вештаци од округот Мајами-Дејд потврдија дека смртта се случила на 7 ноември. Истрагата на ФБИ за нејзината смрт е „многу сложена - спаѓа под она што се нарекуваат закони за посебна поморска надлежност“, изјави поранешната специјална агентка Никол Паркер за „Фокс њуз диџитал“. Во времето на нејзината смрт, крузерот бил помеѓу Консумо, Мексико и Мајами. Телото пронајдено под кревет Телото на навивачка од средно училиште, пронајдено мртво на крузер било завиткано во ќебе и ставено под кревет, објавува „Дејли меил“. Извори сега му кажуваат на „Дејли меил“ дека Ана се пожалила дека се чувствувала лошо вечерта на 6 ноември додека била на вечера, па отишла во својата кабина. Следното утро, кога нејзиниот татко Кристофер Кепнер (41) и маќеата Шонтел Хадсон (36) ја повикале на појадок, тинејџерката ја немало никаде. Семејството почнало да го пребарува огромниот брод од 800 милиони долари, но на крајот собарката го пронашла телото на Ана кога влегла во кабина за да ја исчисти околу 11 часот наутро на 7 ноември. Два извори кои разговарале со „Дејли меил“ под услов на анонимност рекле дека девојчето било пронајдено завиткано во ќебе, покриено со елеци за спасување и оставено под кревет. Таткото на Ана рекол дека сè уште се збунети околу причината за нејзината смрт. „ФБИ не споделило ништо со мене. Мислев дека ќе бидат во контакт со мене, но јас знам колку и секој друг“, рекол таткото. Тој додаде дека сите што излегле од бродот се испрашуваат. „Не знам дали бараат некого или на што се темели истрагата“, рече тој.Тагови: кревет крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетничкиОЈО Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка.Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 години да излезе од дома со нив и ја убедиле да влезе во запуштена просторија во близина на спортскиот центар ” Соколана”. Таму жртвата грубо ја навредувале и физички ја нападнале, удирајќи ја по лицето и телото и ја либеле за коса. Насилството го снимале со телефон, а на нападнатото девојче му се заканиле по живот доколку каже некому за настанот. Јавното обвинителство, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи презеде дејствија за обезбедување докази, а за полнолетната осомничена достави и предлог за определување мерки на претпазливост до надлежниот суд – задолжително јавување во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со жртвата. Тагови: ОЈО Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУсловна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана ДимитровскаУсловна затворска казна од една година, ако стори кривично дело во следните три години, доби екс-претседателката на антикорупциска Татјана Димитровска, откако беше прогласена за виновна за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот како отежнителна околност го наведе тоа што делата ги сторила како претседателка на една од најважните институции за борба против корупцијата, а ја компромитирала и државната безбедност и го изиграла системот за да добие највисок безбедносен сертификат, по што, на крајот и изрече условна казна. Предметните обвинители, пак, се задоволни што е докажана вина, а по однос на казната, посочија дека очекувале ефективен затвор. Најавија дека дополнително ќе се произнесат дали ќе поднесат жалба до Апелација. И условната казна претставува неуспех, порача адвокатот на поранешната антикорупционерка – Владимир Туфекџиќ. Тој веќе најави жалба до апелацискиот суд, со цел, како што кажа, да се докаже невиноста на Димитровска. Второбвинетиот, ревизорот Миле Столевски, кој го полагал безбедносниот сертификат во име на Димитровска доби исто така условна затворска казна од шест месеци. Единствено, ослободителна пресуда доби Биљана Манева, обвинета во случајот дека му оддавала службени информации на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во предметот „Адитив“. Судот оцени дека Стојановиќ во тој период не можел да се смета за неповикано лице, бидејќи бил директор на институцијата. Што се однесува до Мантева – обвинителството децидно најави дека ќе се жали пред Апелација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина е длабоко загриженаКина е длабоко загрижена поради обновената ескалација на воените конфликти во регионот на Персискиот Залив, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа. Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната. Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе. „Почитувањето на легитимните права и интереси на крајбрежните земји на Ормутскиот теснец и брзото враќање на нормалниот и безбеден премин низ теснецот е она што меѓународната заедница сака да го види“, рече Лин, додавајќи дека релевантните страни мора да работат во иста насока и да бараат соодветно решение, соопшти агенцијата. Централната команда на САД (CENTCOM) објави претходно денес дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран. САД започнаа неколку бранови напади врз Иран од 7 јули. CENTCOM соопшти дека нападите биле одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец. Техеран одговори со напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55