ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
1ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
2АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
КултураМистериите на полошкиот манастир од 14-ти векПрвите сознанија за историјата на манастирот Свети Ѓорѓи - Полошки потекнуваат од двете повелби издадени во 1340 година и 1378-та година. Првата повелба е издадена од страна на цар Стеван Душан, кој владее со овој дел од Балканскиот полуостров од 1331-та до 1355-та година.Откопување на мистеријата Тригодишните истражувачки и конзерваторски работи се одвивале паралелено и синхонизирано, а во работа на проектот учествуваале уште и Драган Дакиќ и Петре Камчевски од Музеј-галеријата во Кавадарци. Во тоа време е извршена целосна конзервација на архитектурата и на фрескоживописот, резбите, иконите, а направени се и копии на двете двокрилни врати. Исто така била обновена и манастирската главна порта, фурната, чешмата, потпорните ѕидови, а манастирскиот двор конечно е среден, засеана е трева и засадени се дрвца, меѓу кои и многу реткото автохтоно дрво кое се вика „гол човек“ . Дрвото и сега може да се види во дворот на манастирот. Првите сознанија за историјата на манастирот Свети Ѓорѓи - Полошки потекнуваат од двете повелби издадени во 1340 година и 1378-та година. Првата повелба е издадена од страна на цар Стеван Душан, кој владее со овој дел од Балканскиот полуостров од 1331-та до 1355-та година. Повелбата се однесува на неговата одлука Полошкиот манастир со својот имот да биде даруван на манастриот Хиландар на Света Гора, заедно со селата Полошко, Драгожел и Кошани. Втората повелба е од 1378-та година кога браќата Дејановиќи - деспотот Јован Драгаш и неговиот брат Константин - ги дарувале имотите на црквата Свети Ѓорѓи Полошки, заедно со реката Црна и селата, на рускиот манастир Свети Пантелејмон на Света Гора. Од содржината на повелбата од 1340-та година може да се заклучи дека телото на Драгушин, братучед на цар Душан, е положено во црквата во селото Полошко, но оваа повелба меѓу истражувачите и проучувачите била најразлично толкувана. Имало големи разлики околу тоа кој е Драгушин, во какви роднински врски е со кралот и која е споменатата деспотица. Всушност, немало никаков доказ за тоа до денот кога биле откриени мистериозните фрески со натписи скриени под фрески од подоцнежно време. Со тоа истражувачите на Полошкиот манастир „Свети Ѓорѓи“ одеднаш пред себе добиваат два натписа испишани на источниот ѕид во припратата над влезот во црквата. Постариот натпис од 1609-та година е од времето кога била зографисана припратата за време на игуменот Сава, а вториот натпис е од 1881-та година при третата обнова на фреските. Инаку, во записи на разни патеписци се спомнуваат повеќемина игумени на манастирот, но и тоа дека во манастирот имало две згради од кои едната стара, двокатна со четири одаи долу и четири горе, како и голем чардак. Се спомнува и штала за 40 грла добиток, готварница, визба со големи бочви, две плевни надвор од манастирскиот двор, но и 600 уври гора и 600 уври нови шуми во околината на селата Добротино, Праведник, Шешково, Ресава, Бегниште, Куманичево, Клиново и Галишта. Пред 1893-та година, на пример, манастирот имал околу 20 овци, 120 кози, 10 вола, 15 јунци, три крави, четири коњи и едно ждребе. Се спомнува и тоа дека во почетокот на претходниот, осумнаесетти век, манастирот во еден период сосема опустел, иако во 15-ти и 16-ти век бил еден од најпознатите и најсилни скрипторски центри во Македонија. Како и да е, во првата фаза на работа, симнат е вториот слој фрески од 1609-та година на фасадната страна, па на северната страна од ѕидот во црквата се откриени фигурите на Јован Драгушин и неговата сопруга Ана, а над нив монументалната фигура на цар Стефан Душан. Драгушин е облечен во благородничка одежда, украсена со бисери и златни двоглави орли, со црвени и сини благородни камења, а на десната рака носи масивен прстен. Во висина на главите на Драгушин и Ана бил откриен натпис во кој се даваат релевантни податоци за понатамошно проучивање на црквата и нови сознанија за самиот Драгушин. Имено, во натписот кој има десет реда, меѓудругото се известува дека „Јован Драгушин е син на деспот Алдимир и вистински брат на превозвишениот крал и наш господар“. Исто така се констатира дека Јован Драгушин го одбрал токму ова место за своја гробна црква по 1334-та година кога Стефан Душан навлегол подлабоко на територијата на Македонија под византиска власта со што Драгушин добил имоти во тогашните јужни краеви на Душановата држава. Повелбата на цар Душан од 1340-та година е издадена на молба на деспотицата Марија, мајка на Драгушин и тетка на цар Душан, кој ја нарекувал своја мајка. Од овие извори откриени токму во Полошкиот манастир дознавме дека угледниот роднина на царот останал без титула а дека високиот третман на Душановиот двор се должел на неговото потекло и на фактот дека бил во најблиско сродство со владетелот на државата. Првиот податок од натписот со кој се кажува дека Драгушин е син на деспотот Алдимир го разрешува прашањето во науката за неговото сродство, односно сродството на неговата мајка, деспотицата Марија, со Стефан Душан. Според него деспотот Алдимир и Стефан Дечански, таткото на цар Душан, биле баџанаци, односно биле оженети со родените сестри, ќерки на бугарскиот цар Смилец, кој владеел од 1292 до 1298-та година. Нивната мајка, пак, односно жената на Смилец, била Гркинка, ќерка на севастократорот Константин Палеолог, брат на византискиот цар Михаил Осми Палеолог. Според историските извори, Стефан Душан и Јован Драгушин, чиј гроб е пронајден токму во Полошкиот манастир, како први братучеди, деца на две сестри, прпват се сретнале во 1314-та година кога Стефан Дечански, казнет од својот татко и ослепен, бил испратен во заточение во Цариград. Веднаш до Драгушин насликана е неговата сопруга Ана, за која пишува дека е негова жена и ќерка деспотова. Интересно откритие беше и тоа што над портретите на Драгушин и неговата сопруга Ана беше откриена монументална фигура на цар Стефан Душан и на ангелот кој му дарува меч. Душановиот портет во Полошкиот манастир спаѓа во редот на нејрепрезентативните претстави на овој владетел воопшто. Фигурата зафаќа голема површина од ѕидот и по својата големина се доближува до неговиот портрет насликан во Лесновскиот манастир, вели д-р Ќорнаков. Гробот на братот на Цар Душан? Со симнување на фреските од 1609-та година биле откриени значајни портрети на историски личности, како што е ктиторскиот портрет на деспотицата Марија, мајката на Драгушин, потоа ликот на Свети Ѓорѓи, патрон на црквата, како и синот на Драгушин и Ана. Ктиторката Марија е претставена во цел раст со моделот на црквата во рацете. Покрај нејзиниот ореол се наоѓа мошне значаен натпис кој дава интересни податоци за историјата. Од натписот се дознава дека крстеното име на мајката на Драгушин било Марина, а монашкото Марија, како и тоа дека таа се замонашила по смрта на својото син. Ако се знае дека уште со повелбата на Стефан Душан се знае дека самиот Драгушин уште додека бил жив одбран да биде погребан во Полошкиот манастир, тогаш треба да се претпостави дека самиот тој ја отпочнал и изградбата на црквата-мавзолеј, но умрел за време на градењето. По неговата смрт неговата мајка, деспотицата Марија, ја довршила црквата, а потоа и ја зографисала околу 1343-та година. Се разбира дека ние како екипа го имавме зацртано како една од приоритетните задачи откривањето на гробот на Драгушин за чие постоење упатуваше повелбата на Душан од 1340 година во која се вели дека уште за живот Драгушин го одбрал местото каде што ќе биде погребано неговото тело, а тоа е црквата во Полошко посветена на Свети Ѓорѓи. И, навистина, неколку месеци по започнувањето на археолошките истражувања, токму тоа и се случи. Имено, на длабочина од околу половина метар под подот на црквата се дојде до горната површина на гробницата. Гробницата беше покриена со големи камени плочи. Источниот ѕид на гробницата е изведен истовремено со останатите ѕидови на црквата, со ист материјал и ист начин на ѕидање. Со тоа беше потврдено дека уште додека се градела црквата, значи кога Драгушин бил жив, гробот бил одреден и вклопен во црквата на местото што самиот го избрал. За време на отворањето на гробницата беше констатирано дека покривните плочи се изместени за да се направи отвор, а сето тоа упатуваше на поранешно отворање на гробницата под подот на црквата. Сепак, во неа беше откриен човечки скелет, положен на грб, а околу него беа пронајдени мали остатоци од срма. Подоцна, околу 40 години по смртта на Драгушин, црквата „Свети Ѓорѓи“ со селата Полошко, Драгожел, Кошани и поширокиот Тиквешки регион веќе припаѓале на Константин, син на севастократорот и деспот Дејан. А тој со неговиот брат Јован Драгаш го подариле Полошкиот манастир во 1378-та година на манастирот „Свети Пантелејмон“ на Света Гора. Во прилог на новите сознанија за црквата-мавзолеј, во која бил погребан Драгушин, брат на цар Душан, пронајдени се и неколку парчиња покривни ќерамиди на кои е врежано име и запис пред печењето. Во натписот на ќерамидата стои дека „оваа ќерамида настана во месец август во калапите на Драгушин“. Откривањето на овој изворен податок е уште една потврда за активноста на Драгушин околу изградбата на црквата во Полошко како негов Мавзолеј. Затоа може со сигурност да се каже дека црквата „Свети Ѓорѓи“ на Полошкиот манастир е единствен објект во Македонија наменет како црква-мавзолеј, во која бил погребан Драгушин по своја волја и во однапред избрано место. Црквата е изградена во 1340-та година од неговата мајка, деспотицата Марија, која подоцна, како што пишува во повелбата на цар Душан, таа ја подарува на Хиландар, вели д-р Димитар Ќорнаков. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАстон Вила и Карагер на суд: „Нè навреди“ Англискиот премиерлигаш Астон Вила најави поведување судска постапка против легендарниот фудбалер Џејми Карагер поради, како што наведоа од клубот од Бирмингем, неприфатливи навреди што поранешниот фудбалер на Ливерпул ги упатил кон нив.По тој повод, „Вила“ се огласи на социјалните мрежи и информираше за правните чекори што ќе ги преземе. Во соопштението, потпишано од претседателот на клубот Насеф Савирис, премиерлигашот го обвини Карагер дека ги навредил и клубот и навивачите. Во објавата се наведува дека клубот нема да дозволи никој да го запре подемот на „Астон Вила“ во англискиот и европскиот фудбал. Гостувајќи во подкастот „Stick to Football“ претходно оваа недела, Карагер изнесе претпоставка дека менаџерот на „Астон Вила“, Унаи Емери, би бил заинтересиран да ја преземе тренерската функција во „Манчестер Јунајтед“, во услови на шпекулации дека Мајкл Керик таму ќе добие отказ. „Тој сигурно би сакал можност да води некој голем клуб. Во фудбалот, сакале ние или не, постои одредена хиерархија. Така, Реал Мадрид ќе го земе најдобриот играч на Манчестер Јунајтед – како што направија со Роналдо. Исто така, постојат клубови кои се на повисоко ниво од Астон Вила и кои би можеле да ги земат нивните играчи или тренер. Затоа, навивачи на Астон Вила, молчете повеќе! Астон Вила никогаш нема да биде Манчестер Јунајтед“ – гласи „контроверзната“ изјава на Карагер, поради која сега ќе заврши на суд. Откако се најде на удар на навивачите на Вила, Карагер изјави дека делот со „молчете“ бил шега. Тој потоа ги потсети навивачите на клубот од Бирмингем дека со години зборува за Емери само во суперлативи. „Мислам дека Емери е најдобриот тренер во лигата, а ако сте Манчестер Јунајтед, се прашувате: ’Што е најдоброто што можеме да го добиеме?‘. Не велам дека тој ќе си замине – само велам дека, да бев на нивно место, ќе си го поставев тоа прашање. Мислам дека, ако некој ви каже ’тоа е вашето ниво‘, вашето его би се побунило и би рекло: ’Не, не е така‘. Тоа е она што го мислев. А приказната доби многу пошироки размери“, изјави Карагер за „Overlap Daily“. Карагер повтори дека неговата порака до навивачите на Вила била упатена „како шега“.Тагови: Астон Вила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во ЃорчеОсновното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров.Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, а за четворицата осомничени вчера е побаран нов краткотраен притвор во траење од 48 часа. – Се преземаат дејствија за прибирање докази, јавниот обвинител до судот денеска ќе достави предлог за определување нов краткотраен притвор од 48 часа – информираа од Обвинителството. Во врска со случајот, на 28 октомври Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле лишени од слобода четири лица – А.С. (22), Х.Е. (20), К.А. (58), сите од Скопје, и М.Р. (26) од Струмица, кои се сомничат за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров. Од МВР тогаш информираа дека приведувањата биле реализирани во координација со ОЈО Скопје и по издадени наредби од обвинителството, со цел обезбедување и комплетирање на доказниот материјал за натамошната постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаАЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива.-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Македонија. -АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Клиентите можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, согласно вообичаените услови на работење. Настаните поврзани со банката во Србија не значат автоматски промена на финансиската состојба или правниот статус на АЛТА банка АД Битола. Дополнително, нагласуваме дека околностите во Република Македонија се суштински различни од оние во Србија. АЛТА банка АД Битола не е предмет на политички притисоци и пресметки од карактерот на оние што ги одбележаа случувањата во Србија. Банката работи врз основа на професионални, деловни и регулаторни принципи. Банката располага со сопствен капитал, средства и обврски, а нејзиното работење е под континуирана супервизија на Народната банка. Депозитите на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и лимити. Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење. АЛТА банка АД Битола останува посветена на заштитата на интересите на своите клиенти, финансиската стабилност и одржувањето на довербата, стои во соопштението од банката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter