Мислеле дека никој не сака да работи на пуст остров , па ги затрупале со понуди од целиот свет (ВИДЕО) - Канал 5

Мислеле дека никој не сака да работи на пуст остров , па ги затрупале со понуди од целиот свет (ВИДЕО)

Двојката, која распиша оглас за работа на оддалечениот остров Бласкет на западниот брег на Ирска, се плашеле дека никој нема да ги контактира, но добиле повеќе од 23.000 апликации.

Мислеле дека никој не сака да работи на пуст остров , па ги затрупале со понуди од целиот свет (ВИДЕО)

Алис Хејс и нејзиниот партнер Били О’Конор објавија оглас на социјалните мрежи. Наскоро тие биле преплавени со пораки од луѓе ширум светот.

Огласот се однесувал на менаџирање на мало кафуле и три колиби, помеѓу април и октомври. Избраните кандидати ќе живеат заедно на тој остров во округот Кери, Ирска, без многу модерни погодности. Конкурсот за вработување е отворен за парови или најдобри пријатели, и секој што ја сака работата мора да биде сигурен да донесе со себе личност со која може да живее.

„Ова е неверојатно! Мислевме дека никој нема да се пријави на нашиот оглас ! Имаше голем интерес и минатата недела, но последните неколку дена беше лудница, ’велат Алис и Били.

Апликации дошле и од Иран, Аргентина, Финска и Мексико.

„Е-поштата е заглавена со пораки, а нашите телефони постојано ѕвонат“, вели Алис Хејс за британските медиуми.

А, како е да се работи на островот, раскажаа Лесли Кехо и Гордон Бонд. Живееле и работеле на островот од април до октомври минатата година.

Кехо изјави дека животот на островот е мирен, и наскоро станал нивна верзија на „нормален“.

„Бевме единствените постојани жители на островот. Луѓето ќе дојдат да го посетат, но не остануваа подолго од два дена или максимум една недела “, рече таа.

Таа исто така рече дека морале да се тушираат со студена вода од планински поток.

„Тоа беше најбрзото туширање во мојот живот. После тоа, бевме дефинитивно будни! ’’, вели Кехо.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер