Мисијата „Артемис 2“успешно ја напушти земјината орбита и се движи кон Месечината - Канал 5

Мисијата „Артемис 2“успешно ја напушти земјината орбита и се движи кон Месечината

Екипажот на НАСА „Артемис II“ ја напушти орбитата и е на пат кон Месечината..

Мисијата „Артемис 2“успешно ја напушти земјината орбита и се движи кон Месечината

нивната мисија е на 6 април да спроведат шестчасовно набљудување на овој природен сателит на земјата, информираат од вселенската агенција.. освен планираните истражувања, овојпат екипажот имаше ретка можност да биде сведок и на затемнување на сонцето, појава која траеше еден час, во моментите кога артемис кружеше околу земјината орбита.. во Јавување директно од вселената екипажот соопшти дека погледот бил спектакуларен.

-Не знам што очекувавме да видиме во тој момент, но можеше да се види целата глобусна топка од едниот до другиот пол. Можеа да се видат Африка, Европа, а ако се загледаше подетално, можеа да се видат северните светла. Тоа беше најспектакуларниот момент,- Рид Вајсман – Астронаут.

Џереми Хансен, кој за првпат е во вселената вели дека тоа е прекрасно место на кое човекот може да биде, но и дека е многу интересно да се лебди.

-Беше навистина извонредно. Вчера само им велев дека тука горе навистина ми се допаѓа. Би сакал да можев да бидам тука порано,- Џереми Хансен – астронаут .

Екипажот веке два дена е во ракетата, и во мегувреме проблемите клои ги имале со тоалетот го поправила астронаутката Кристина Кох.

-Гордо можам да се наречам вселенски водоинсталатер. Би сакала да кажам дека тоа е веројатно најважниот дел од опремата, па на сите ни олесни кога сфативме дека се е во ред. Мислам дека единствен проблем беше седење подолго време и потребата за загревање,- Кристина Кох – астронаутка.

Асторанутот Виктор Гловер вели дека без разлика кој од каде доаѓа, огромна е честа да се служи за својата држава.

-Оваа мисија, една од неверојатните работи во врска со тоа што сме тука и сме астронаути... знаете, им служиме на нашите земји со тоа што ќе си зададеме мисија до која можеме да се држиме и да кажеме: „Еј, погледнете што направивме“,Виктор Гловер – астронаут .

Во разговор за Канал 5 , членот на Скопското Астронаутско Друштво, Радан Митровиќ вели дека „Артемис II“ е подготовка за следните „Артемис III“ и „Артемис IV“ – мисии кои ќе се реализираат следните две години во кои ќе се направат последни подготовки и конечно слетување на Месечината. Според него, пред 50-ина години било важно само да се слета на Месечината, без разлика на последиците.

-Тогаш, на пример не се мерело како се вика... човечки животи како денеска. Денеска за НАСА тоа е тотално неприфатливо, да се случи било што. Они и денеска имаат ризик, но денес е речиси 100% сигурноста,- Радан Митровиќ – Член на Скопско Астрономско Друштво.

Ракетата SLS што ја носеше капсулата „Орион“ ја започна мисијата на 1-ви април и е предвидено да трае 10 дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ќе ја одржи 125. седница

Собранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.

Собранието ќе ја одржи 125. седница

Пратениците по скратена постапка ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог-законот за изменување на Законот за шумите.

На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума

Светската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни  одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. 

СЗО: Нема јасни  одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума

Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума.

Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа.

СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО.

На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.

Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО.

Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија

На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.

Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија

Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа.

Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер