Мисајловски: На компаниите, фирмите и малите бизниси им е потребна брза финансиска инекција

Државата мора под итно со финансиски инекции да им помогне на сите компании. Вчера имав можност да слушнам дел од мерките што ги најави владата, но дел од тие мерки се фактички скриени мерки. 

Бидејќи нема директно да се одразат во компаниите, туку тие средства ќе треба да си ги исплатат во друг рок. Занаетчиите, малите продавници, сите оние мали фирми и компании што ги гледаме мака мачат овој период. И затоа потребно е директни средства да се вбризгаат кон нив, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешниот Live chat на тема: „Вашите проблеми, заеднички до решенија".

– Ние предлагаме тоа да се случи со 50 проценти бруто плата, но владата нема слух за тоа, туку прави некои мерки кои немаат некој бенефит за тие компании. Збориме за илјадници работни места. Затоа многу држави во светот се задолжуваат во моментов. И тоа треба државата да го направи што побрзо затоа што треба да се земат ефтини средства. За да компаниите ги задржат вработените и да им дадат плата. Друг проблем е тоа што тие компании незнаат ни дали ќе имаат пласман, бидејќи се затворени границите. Исто така, владата мора да ги реализира капиталните инвестиции што ги има во моментов. Институциите имаат земено средства со кредити, кредити за патишта и слично. Доколку ова започне да се реализира, ќе оживеат дваесет и неколку гранки. Тоа се доплнителни средства што не се во буџетот, туку се средства преку меѓународни транши. И сите средства што ги имаат општините, може да ги вбризгаат. Може да се работи после 21 часот, кога сите се дома, да се асфалтираат улици, и така натаму. И тоа се дополнителни средства што на економијата веднаш и требаат. Владата мора да почне да ги слуша граѓаните, кога гледаат дека сите мерки што ги донесоа наидоа на отпор од народот, вели Мисајловски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер