Тој од граѓаните доби огромна поддршка и аплаузи при што на присутните им вети дека и после победата и формирањето на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тој постојано ќе биде меѓу нив, за лично од нив да ги слушне нивните потреби и проблеми со кои се соочуваат.
Тој ги замоли граѓаните на 15 јули, почитувајќи ги сите мерки и протоколи за заштита од корона вирусот, да излезат на гласање во што поголем број за да ја земеме во свои раце иднината и да не дозволиме други да ни ја одредуваат судбината.
Јас планирам да oстанам во Ѓорче Петров, нашите деца да останат тука. Но ако седиме дома и само критикуваме нема да можеме да победиме. Затоа ви благодарам на сите што доаѓате, ви благодарам на сите што одвојувате еден атом од вашата енергија за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, порача Мисајловски.
Ги поздравувам, додаде тој, и оние кои што во минатото гласaле против нас и да им упатам порака дека секогаш се добредојдени во ВМРО-ДПМНЕ за да ни помoгнат, затоа што сите сме заедно во оваа битка.
Мисајловски упати порака и до политичките опоненти дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие парламентарни избори и дека тие се добредојдени да им се придружат, затоа што ние сите сме луѓе кои што имаме една цела и една идеја, Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ