Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, институциите ја следат состојбата во регионот - Канал 5

Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, институциите ја следат состојбата во регионот

Безбедносната состојба во Македонија е стабилна и институциите внимателно ја следат состојбата во регионот и пошироко, особено поради актуелните геополитички случувања, оцени министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, институциите ја следат состојбата во регионот

Тој нагласи дека државата е во постојана координација со сојузниците во НАТО и оти безбедносните служби редовно разменуваат информации со партнерските земји. Според него, во моментов нема индикации за директна закана по безбедноста на државата, но институциите остануваат внимателни и подготвени да реагираат доколку се појават ризици.

- Членството во НАТО претставува значаен фактор за стабилноста и безбедноста на Македонија. Сојузништвото обезбедува механизми за колективна одбрана, но и подобра координација во справувањето со современите безбедносни предизвици - потенцира Мисајловски во гостување во емисијата „За или Против“.

Тој додаде дека државата работи на јакнење на одбранбените капацитети и модернизација на Армијата, што е дел од пошироката стратегија за зајакнување на безбедноста. Посочи дека инвестициите во одбраната и соработката со сојузниците се клучни за одржување стабилна и безбедна средина.

-И покрај нестабилноста во некои делови од светот, институциите во Македонија имаат капацитет и подготвеност да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, при што редовно се следат сите потенцијални закани и безбедносни предизвици - посочи министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор Мацура

Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи.

Одреден притвор за сопственикот на „Алта банка“  Давор Мацура

Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица.

На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот.

Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство.

Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање.

Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања.

Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“.

На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата.

Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари.

Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци.

Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните.

Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас.

За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност.

Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки.

Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор.

По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски.

Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер