Мисајлоски: 4% од БДП за одбраната е потврда дека нашата армија е кредибилен сојузник - Канал 5

Мисајлоски: 4% од БДП за одбраната е потврда дека нашата армија е кредибилен сојузник

НАТО ги препознава и инвестициите во стратешките Коридори 8 и 10 како дел од одбранбеното трошење на Македонија,оваа година државава ќе издвои 2,18% од својот бруто домашен производ за одбраната, но реалната бројка веќе се приближува кон издвоени 4%.

Мисајлоски: 4% од БДП за одбраната е потврда дека нашата армија е кредибилен сојузник

НАТО ги препознава и инвестициите во стратешките Коридори 8 и 10 како дел од одбранбеното трошење на Македонија, што значи дека иако официјално оваа година државава ќе издвои 2,18% од својот бруто домашен производ за одбраната, реалната бројка веќе се приближува кон издвоени 4%, вели ресорниот министер Владо Мисајловски. Тој најави дека идната година, буџетот на Министерството би се зголемил доколку Македонија наскоро договори нов пакет за воена помош на Украина.

-Како ќе расте буџетот следната година, односно да стигнеме до 3,5%, во делот на 1,5% ќе бидеме со нашиот буџет за следната година можеби и 4,30% меѓутоа се зависи од динамиката како се движи изградбата на терен и сите оние проекти. // Доколку го завршиме овој процес за Украина и пакетот што заедно го договараме тогаш буџетот на министерството уште повеќе би пораснал. На тој начин, директно да ви кажам, би можеле да добиеме и опрема но и дополнителни финансиски средства кои што ќе влезат директно во буџетот. Секое вложување и давање опрема во Украина, се смета во делот на буџетот,- -Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Што се однесува на платите на армиските припадници, Мисајловски посочи дека со започнатите преговори за нов колективен договор очекува платата да се зголеми, но и најави решение за војниците над 45 години, преку кое ќе можат да останат да работат во армијата или министерството. За условите во касарните, пак, министерот вели дека се издвоени 12 милиони евра меѓу другото и за реновирање на дотраените објекти.

-Министерството и армијата сега земаат средства кои што ги надминуваат сите тие институции. Дел е платата, дел се додатоците согласно колективен договор.// Добро е што седнавме со синдикатите и разговаравме, на 15ти договоривме нова средба, потоа и јас ќе разговарам со министерката за финансии и со премиерот за да се качи бодот,- -Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Министерот најави и нови договори за воена опрема со САД како дополнување на досегашните со износ од 339 милиони евра, но и нов пакет опрема од Европската унија за македонската армија преку Европскиот мировен фонд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер