Мирисот на нова книга ја најавува пролетта – мото на 35. Меѓународен Саем на книгата - Канал 5

Мирисот на нова книга ја најавува пролетта – мото на 35. Меѓународен Саем на книгата

Во склоп на серијалот „Саеми во пролет“, Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура, како покровител на саемот го организира 35. Меѓународен Саем на книгата.

Мирисот на нова книга ја најавува пролетта – мото на 35. Меѓународен Саем на книгата

Во склоп на серијалот „Саеми во пролет“, Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура, како покровител на саемот го организира 35. Меѓународен Саем на книгата, кој годинава се одржува под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“.

Како што наведуваат организаторите, годинешното издание на еден од најомилените саеми во државата, ќе се одржи од 4 до 10 мај, во Арена „Борис Трајковски“. На саемот се најавени над 50 учесници, меѓу кои и најуспешните македонски издавачки куќи, а се очекува да привлече илјадници љубители на книгата.

-Во календарот на најзначајни културни македонски настани, централното место со децении му припаѓа токму на „Саемот на книгата“, - најомилениот период од годината кога ѝ посветуваме посебна љубов и грижа на личната домашна библиотека или пак кога ја зачестуваме навиката да пронајдеме и подариме нови книги на најблиските. Најголемата манифестација посветена на книгата на национално ниво, која во месец мај ќе претстави голем број наслови од сите континенти во светот, - се занимава со промоција на книжевното творештво и љубовта кон пишаниот збор, како и културна размена и иницирање актуелни литературни и општествени прашања, наведуваат организаторите.

Неформално познат како „фестивал на пишаниот збор“, секоја година „Саемот на книгата“ е домаќин и главен центар на најзначајните домашни и бројни странски автори и издавачи, кои ги претставуваат своите најактуелни изданија.

За претстојната програма, повеќе информации на www.skopskisaem.mk, @skopski.saem и Skopski saem на Facebook.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Прекумерната брзина не е само прекршок – таа е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција.

Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот.

Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација.

Намали брзина. Спаси живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС потврди дека Филипче испратил осудени насилници

Прво им благодариме на колегите од СДС што ја потврдија веродостојноста на документите кои ги изнесовме, а потврдуваат дека Венко Филипче пратил осудени насилници да предизвикаат инцидент.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС потврди дека Филипче испратил осудени насилници

Во однос на документите, ја погрешија адресата. Тие до ВМРО-ДПМНЕ не се доставени од МВР туку од чесни структури на СДС кои и самите сакаат да се спротистават на талогот криминалци и трговци на дрога во СДС кои ја имаат киднапирано оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени

Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата.

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени

Вчера (07.08.2026) во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите.

Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период.

На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето.

Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот.

Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер