МИРЧЕВСКИ: КАКО ЧОВЕК КОЈ СЕ ВТЕМЕЛИЛ ВО ОВАА НАША МАЛА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА, ЧАС ПОСКОРО ОЧЕКУВАМ ПОЗИТИВЕН ОДГОВОР! - Канал 5

МИРЧЕВСКИ: КАКО ЧОВЕК КОЈ СЕ ВТЕМЕЛИЛ ВО ОВАА НАША МАЛА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА, ЧАС ПОСКОРО ОЧЕКУВАМ ПОЗИТИВЕН ОДГОВОР!

Вчера јавно ветив дека ќе пратам официјална покана до нашиот прекрасен Гувернер Славески и јас си го одржав зборот. Целата покана пратена на официјалниата email адреса на Народна Банка е подолу во текстот.

МИРЧЕВСКИ: КАКО ЧОВЕК КОЈ СЕ ВТЕМЕЛИЛ ВО ОВАА НАША МАЛА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА, ЧАС ПОСКОРО ОЧЕКУВАМ ПОЗИТИВЕН ОДГОВОР!

Почитуван г-дин Славески,

Поради огромниот интерес на јавноста но и на надлежните институции, а во светло на последниот Ваш феноменален медиумски настап во форма на прес конференција, имам исконска чест и Божјо задоволство да Ве поканам на интервју со мене, во просториите на Канал 5 ТВ.

Поради фактот дека вашата државничка служба наложува речиси 24 часовен Ваш ангажман а со цел бесценет бенефит за нас, граѓаните на Македонија, оставам слободен простор за термин и формат за реализација на ова интервју, за кое сметам дека и јавноста со достојна возбуда го очекува

Затоа ве замолувам лично Вие да одберете термин, ден, студио и соодветна сценографија која сметате дека одговара на вашиот интелектуален и институционален габарит, односно дали сакате интервјуто со мене да го реализираме во едно од студијата на: САМО ИНТЕРВЈУ, НА КАВГА СО ИВАН, САМО ВИСТИНА, ЗДРАВО МАКЕДОНИЈО-УТРИНСКА ПРОГРАМА ИЛИ МОЖЕБИ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ ДНЕВНИК.

Убеден сум дека го препознавате моментот дека е вистинско време да ја покажете Вашата недвојбена одговорност и отчетност и заедно да ја израдуваме домашната јавност со победите кои ги жнееме последните години и децении на неколку полиња.

Како човек кој се втемелил во оваа наша мала држава Македонија, час поскоро очекувам позитивен одговор!

Со почит,

Иван

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова порака на својата социјална мрежа „Truth Social“, во која отворено ја бранеше Русија и упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД.

Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

„Мојата одлука во врска со Русија е многу едноставна. Во процес сум на договарање мир во војната меѓу Русија и Украина и не сакам да направам ништо што би можело, на непромислен начин, да ја одврати Русија од преговарачката маса. Се постигнува голем напредок, што ги вклучува и тековните преговори за заложниците! Потпишувањето на тој документ во овој момент би довело токму до тоа, а јас можам да го потпишам подоцна, или во кој било момент што ќе го одберам!“, наведе Трамп на почетокот од објавата.

Понатаму, тој се осврна на улогата на Москва на Блискиот Исток и на нападите врз руската нафтена индустрија.

„Можеби уште поважно е тоа што Русија прави многу малку – ако воопшто прави нешто – за да ѝ помогне на Исламската Република Иран, во споредба со она што би можела да го направи. Сакам така и да остане, а така и ќе биде – под услов некои безумни луѓе да не се испречат на патот. Последно, Зеленски ги напаѓа рафинериите за дизел во Русија, добро знаејќи дека овие напади сериозно им штетат на глобалните пазари на дизел, вклучително и на оној во Соединетите Држави. Земјоделците, сточарите и бизнисите од секаков вид трпат големи штети поради тоа; сепак, и покрај ова, Русија продолжува да испорачува милиони барели дизел ширум светот по ниска цена“, изјави Трамп.

На крајот, тој експлицитно го обвини Зеленски дека нема никаква желба за мир, опишувајќи ја ситуацијата во Украина во крајно мрачни тонови.

„На Зеленски не му е грижа, а искрено, со сите пари што Европа великодушно му ги дава – а кои во минатото му ги даваше и ’нечесниот‘ Џо Бајден – тој нема никаква желба да ја заврши оваа војна, а веројатно никогаш и немал. Пред две години можеше да постигне подобар договор отколку што може сега. Неговата земја е во урнатини, голем дел од неа е изгубен, ги нема повеќе неговите океани и мориња, а машкото население е исцрпено, рането и/или мртво. САКАМ ОВАА ВОЈНА ДА ЗАВРШИ! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател. Патем, Украина нема океани.

Оваа изјава на Трамп доаѓа во време на радикална промена во политиката на Вашингтон во однос на војната во Украина. По долг и пријателски телефонски разговор со Владимир Путин, Трамп неодамна одлучи привремено да ги укине санкциите за увоз на руски дизел и еднострано прогласи „енергетско примирје“ – потег што го затекна Киев неподготвен, додека руската војска на терен веднаш го прекрши со нови воздушни напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тирана и вчера во хаос, нападнат беше штаб на Социјалистичката партија

Тирана  повторно беше во хаос како и во текот на целата недела. 

Тирана и вчера во хаос, нападнат беше штаб на Социјалистичката партија

Големи количини молотови коктели, петарди и камења беа фрлани врз полицијата во текот на целата вечер, иако најопасната ситуација беше вчера на плоштадот Скендербег, каде што имаше насилни судири меѓу полицијата и некои демонстранти кои фрлаа палки.

Неколку пати во текот на денот, булеварот на Националните маченици стана место на конфронтации меѓу демонстрантите кои нападнаа и полицијата која одговори со солзавец и водни топови, но и со гумени куршуми.Во текот на вечерта, демонстрантите се вратија во седиштето на Социјалистичката партија за да ја нападнат. Насилни судири имаше и кај банката на Албаниј, демонстрантите се судрија со полицијата. Исто така, имаше палење на канти за отпадоци каде и да поминуваше толпата. Демонстрантите фрлија голема количина молотови коктели врз полицајците по судирите и интервенцијата на полицајците со солзавец, водни топови и гумени куршуми, некои од демонстрантите се упатија кон седиштето на демократската партија и се засолнија. Повредени се 19 полицајци, 4 демонстранти, меѓу кои 1 малолетник, еден новинар и 4 минувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер