МИОА:Ова е еден од најважните факти за кој не научи ситуацијата создадена од пандемијата

Медиумите и информациите во времето во кое живееме, се предмет на радикални промени во форма и содржина.

Тоа беше една од главните изјави за кои се согласивме за време на министерската конференција на тема „Вештачка интелегенција - предизвици и можности за медиумите и демократијата“, заедно со министри, други претставници на земјите-членки на Советот на Европа и пошироко, како и истакнати експерти од областа на слободата на изразување и претставници на клучните меѓународни институции од оваа област.

Конференцијата што се одржува денес и утре (10-11 јуни) е форум за министрите да разговараат и да се согласат за активностите што треба да се преземат за справување со влијанијата на дигиталните технологии врз слободата на изразување; промена на медиумското опкружување и неговото влијание врз демократските процеси; како и да се обезбеди одржливост и заштита на слободата на изразување во време на криза.

Утре, во рамките на оваа конференција, земјите-членки се очекува да усвојат финална декларација и четири резолуции што се однесуваат на овие теми, кои претставуваат значителни предизвици за демократските општества денес.

Министерството за информатичко општество и администрација, во наредниот период ќе ја разгледа потребата од релевантни законски измени со цел нашата земја да биде во чекор со најновите случувања и предизвици од онлајн димензијата на слободата на медиумите, се наведува во соопштението на МИОА.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер